fbpx

ЛАКТОЗА – како да препознаеме дали ни пречи?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Со тек на времето сè повеќе слушаме за интолерантноста на лактоза и сè повеќе луѓе се жалат или се сомневаат дека ја имаат истата. Можеби за некој ова претставува „модерен“ проблем кој во минатото не постоел, но факт е дека ваквата интолерантност е реален, стар и добро познат проблем со кој се соочуваат многу луѓе низ светот.

Некогаш воочувањето дека сме интолерантни на лактоза може да е потешко и да не ги забележиме и поврземе симптомите уште од самиот старт. Но, се смета дека во светски рамки дури 65% од возрасната популација има намалена способност за дигестија на лактозата,а во популацијата од Источна Азија, оваа бројка се движи од 70, па и до 100%.

 

Ваквите проценти се базирани на средна вредност и треба да се нагласи дека зависат од потеклото – регионот од каде потекнува некоја популација.

"“Online”/

Интолеранцијата на лактоза не треба да се помеша со алергија кон млечни производи. Алергиите се реакција на нашиот имун систем кон одреден тип или состојка во храната, додека во денешната статија ќе разгледаме зошто доаѓа до интолерантност кон лактозата.

 

Што претставува лактозата и каде е сè присутна?

 

Лактозата е тип на шеќер (дисахарид) кој е природно присутен во млекото на повеќето цицачи. Поради доењето, бебињата немаат никакви проблеми со дигестијата на овој шеќер, но кај некои луѓе ваквата способност со тек на времето се намалува.

Fibro Gel

Самото име „млечен шеќер“ ни укажува дека лактозата е присутна во млекото и некои млечни производи. Сепак во одредени маркети постојат и млека без лактоза. Постојат повеќе начини како се отсранува овој шеќер од ваквите млека, но најчесто е преку додавање на ензимот лактаза. Токму овој ензим – лактаза е она што недостасува кај луѓето кои се интолерантни на лактоза.

За да разбереме зошто е ова вака, да се обидеме во една реченица да ја објасниме функцијата на ензимите во телото. Ензимите се всушност молекули кои во телото помагаат и учествуваат во протекувањето на биохемиските реакции. Во кратки црти, ензимот лактаза има задача да ја разгради лактозата до попрости шеќери. Бидејќи како што рековме, овој ензим недостасува кај луѓето со интолеранција, шеќерот лактоза не може да се разгради и поради тоа настануваат проблеми со дигестијата на млеко и млечните продукти.

 

 

Кои се најчестите симптоми на интолерантност на лактоза?

 

1.  Болки во стомакот и надуеност

 

Ова се најчестите симптоми на интолерантност кон лактозата. Бидејќи таа не може да се разгради во желудникот, проаѓа низ цревата и пристигнува до дебелото црево. Овде јаглехидратите во кои спаѓа и лактозата, не можат да се абсорбираат, но можат да бидат ферментирани од присутната микрофлора. Ваквата ферментација создава органски киселини и гасови како водород, метан и јаглероден диоксид. Овие соединенија ја предизвикуваат надуеноста и болките во цревата кои луѓето ги искусуваат.

 

2. Дијареа

Интолерантноста на лактоза предизвикува дијареа, бидејќи го зголемува волуменот на вода во дебелото црево, што го зголемува и волуменот и количеството на течност во столицата. Претходно споменатите гасови и органски киселини се причинителни за телото да го зголеми количеството на вода присутно во дебелото црево.

 

3. Констипација

Спротивно на дијареата, констипацијата кај луѓето интолерантни на лактоза е нешто поретка појава. Се верува дека создадениот метан како резултат на ферментацијата на лактозата ја успорува брзината со која храната се движи низ цревата. Ваквиот симптом не е чест индикатор за оваа интолерантност, но сепак поретко бил присутен кај некои луѓе.

 

Дали сите млечни продукти се проблем за луѓето со оваа интолеранција?

 

Иако сите млечни продукти (освен оние обележани како „без лактоза“) содржат до одреден степен лактоза, количеството на овој шеќер во нив може значително да се разликува. Секако, свежото кравјо млеко очекувано е и она што најмногу треба да се избегнува бидејќи содржи и најмногу лактоза. Но, постојат неколку намирници добиени од млеко, но со помало количество на лактоза:

  • Путер – најмногу ги содржи млечните масти, односно самиот е над 80% масти, а делот од млекото кој ја содржи лактозата се отстранува при процесот на производство. Затоа на 100g путер се очекува да има околу 0,1g лактоза – количество што не би требало да е проблем дури и за оние кои се интолерантни.Сепак, путерите треба да се избегнуваат поради енормно високите концентрации на масти од заситено потекло.
  • Тврди, ферментирани сирења/кашкавали – количеството на лактоза кај сирењата зависи и од самиот тип на сирење, но се смета дека најмалку е застапена кај потврдите, зреени сирења. Кај ваквите сирења (пармезан, чедар или гауда) постои долг процес на зреење во кој присутните бактерии го ферментираат шеќерот лактоза и создаваат соединенија типични за вкусот на сирењето.
  • Пробиотски јогурт – ваквите јогурти содржат живи клетки на бактерии (пробиотици) кои самите ја ферментираат лактозата. Јогурти на чија амбалажа е наведено дека се пастеризирани, не содржат живи бактерии и може да предизвикаат тешкотии при нивно консумирање.
  • Полномасни павлаки или грчки јогурт – како и путерот, содржат повеќе од маснотиите на млекото, а сурутката (каде всушност се содржи лактозата) е во помало количество.
  • Кефир – слично на пробиотскиот јогурт, кефирот содржи пробиотици кои ја искористуваат лактозата.

 

Зошто воопшто доаѓа до интолерантност и зошто е таа сè почеста?

 

Како бебиња нам ни е неопходна лактазата со цел нормална дигестија на мајчиното млеко, но во понатамошниот живот потребата од овој ензим е намалена и кај дел од популацијата истиот престанува да се создава. Ваквата појава, како што веќе нагласивме е поврзана и со регионот на живеење и кај одредена популација е сериозно нагласена. Ова е поврзано со нашите предци и генетиката која сме ја наследиле од нив.

Нивниот начин на исхрана и достапност до млеко и млечни производи се верува дека имал улога во денешната изразена појава на интолеранција кај одредени популации. Но, важи и обратното, достапноста до млеко на нашите предци со тек на времето им ја дала и способноста да го разградуваат шеќерот лактоза. Се смета дека во минатото речиси целата популација била интолерантна на лактозата. Денес се смета дека 35% од популацијата, повеќето од кои се со Европско потекло, може да го разградува овој шеќер..

Fibro Gel

Без разлика дали вие или некој околу вас ја има оваа интолерантност, постојат низа на намирници кои може да го заменат кравјото млеко. Млека од растително потекло како: соино млеко, бадемово млеко, млеко од овес или оризово млеко се одличен низвор на нутриенти и можат да го заменат млекото во повеќе рецепти. Во поглед на калциумот кој е познат дека е застапен во млекото, претходно споменатите растителни млека се одличен извор бидејќи често содржат и додаден калциум. Исто така, риби со коска се одличен извор на калциум (пример сардина), како и зелени зеленчуци како што е спанаќот, кељ и сл.

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X