fbpx

Сопствениците на куче имаат ПОЗДРАВО срце!

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Љубителите на кучињата добро знаат колку топлина и чувство на задоволство им носат нивните верни миленици. Но, најверојатно не се свесни дека расте бројот на релевантни податоци според кои чувањето куче може да го подобри здравјето на срцето.

Имањето миленик, особено куче, повеќе студии го поврзуваат со намален ризик од кардиоваскуларни заболувања. Секако, тоа не значи дека постои директна каузална врска помеѓу овие две работи, но релацијата можно е да се одвива на неколку индиректни начини.

Кои се можните причини?

Неколку студии покажале дека сопствениците на кучиња имаат помал крвен притисок во однос на оние кои го немаат овој миленик. Како што рековме, се смета дека причините се индиректни. Всушност, се движат во неколку насоки и тоа:

"“Online”/

• Прво, миленичињата имаат смирувачки ефект на сопствениците
• Второ, моќта на допирот веројатно игра исто така важна улога
• И трето, што можеби е и најважно – оние кои чуваат куче имаат зголемена или дополнителна физичка активност .

Статистиката вели дека сопствениците на кучиња имаат и пониски нивоа на холестерол и триглицериди од останатите

Покрај тоа што според испитувањата сопствениците на куче имаат помал крвен притисок, тие имаат и намалено ниво на уште еден значаен фактор за срцевото здравје – подобар липиден профил. Значи, пониски нивоа на триглицериди и холестерол во крвта.

Инетересно, но истражувачите заклучиле дека ова не може да се објасни само со подобрата исхрана, непушењето или BMI на испитаниците. Причините засега остануваа нецелосно јасни.

Fibro Gel

Намален стрес

Кучињата имаат смирувачки ефект на луѓето и можат значајно да помогнат во справувањето со стресот. На пример, некои студии укажуваат дека дури и во стресни ситуации, луѓето кои чуваат кучиња искусуваат помала кардиоваскуларна реактивност на дадената стресна ситуацијата.

Значи, при стрес, нивните пулс и крвен притисок поспоро се покачуваат, но и полесно се враќаат во нормалните граници, што прави многу помал притисок на кардиоваскуларниот систем и физичките импликации на стресот на подолг рок се многу помали.

Краток заклучок

Ако кучето е веќе ваш пријател или имате намера да вдомите некое, овие новости треба да ви бидат дополнителен плус. Секако, потенцијалниот бенефит за срцевото здравје не треба да биде единствениот мотив за вдомување пес.

За чување на било какво милениче, потребно е да бидете подготвени да се посветите и да
превземете одредена одговорност. Доколку го направите ова, можни се и други бенефити.

Усвојувањето на одредени навики и дисциплина  може значајно да се рефлектира и на други аспекти од животот. На пример, студиите покажуваат дека сопствениците на кучиња во просек имаат подобар биоритам од останатите, односно подобри животни навики, како: поздрава исхрана и поредовни оброци, поредовна физичка активност, подобар сон и справување со стресот итн.

Fibro Gel

Сепак, не залудно е кажано: Кучето е најдобриот пријател на човекот!

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X