fbpx

Покачен ПРИТИСОК во младоста го зголемува ризикот од КОМПЛИКАЦИИ во иднина!

tonus

Во повеќе наврати, на нашиот блог имаме опфатено различни теми поврзани со кардиоваскуларното здравје. Статистички гледано, кардиоваскуларното здравје , односно здравствените проблеми од оваа област учествуваат со најголем процент од смртните случаи ширум светот. Тоа укажува на потреба од поголема превенција, но и едноставно, обрнување повеќе внимание на нашето кардиоваскуларно здравје. Денес, во оваа денешна статија, ќе се задржиме на едно истражување кое покажува дека покачениот крвен притисок во младоста го зголемува ризикот од проблеми со срцевото здравје подоцна во животот.

Што претставува хипертензијата и зошто доаѓа до истата?

Крвниот притисок е мерка за силата (притисокот) со кој крвта притиска врз ѕидовите на крвните садови. Тој се мери преку две вредности:

        Систолички или т.н горна вредност за крвниот притисок, ја покажува вредноста за притисокот во артериите во текот на една контракција на срцевиот мускул

"“Online”/

        Диастолички или долната вредност при мерењето, го покажува притисокот во артериите измеѓу две срцеви контракции.

 

Висок крвен притисок или хипертензија, е состојба кога ваквото притискање врз крвните садови е прекумерно, за време на подолг временски период. Притисокот подложи на промени во текот на денот, во зависност од нашите активности. Но, доколку преку целиот ден имаме покачени вредности за крвен притисок, тоа значи дека е можно да имаме состојба на хипертензија. Најчесто вредносите при кои се смета дека има покачен притисок се 140/90 mmHg.

Постојат две форми на хипертензија:

  •   Примарна – се појавува со стареењето и за неа нема очигледна причина.
  •   Секундарна – се јавува побрзо и нагло и може да биде поизразена и опасна од примарната. Како главни ризик фактори за нејзина појава се:

–     Бубрежни заболувања

–     Опструктивна спиечка апнеа

–     Вродени срцеви заболувања

–     Проблеми со тироидната жлезда

–     Честа употреба на алкохол

–     Проблеми со надбубрежните жлезди

 

Дали раната појава на покачен крвен притисок е причина за внимателност во иднина?

Една студија од Шведска анализирала податоци на над 1.3 милиони мажи во периодот од 1969 до 1997. Тие биле вклучени во задолжителната програма за регрутација во армијата на Шведска, па така станува збор за студија со испитаници од целата држава. На почетокот бил мерен нивниот крвен притисок, како и низа на други параметри. Научниците кои ја воделе оваа студија, ги класифицирале мажите во три категории: 

  • Нормален крвен притисок – вредности под 120/80 mmHg
  • Благо покачен притисок – вредности меѓу 120-129/80 mmHg
  • Покачен крвен притисок – вредности над 130/80 mmHg

Во првата група биле 17% од испитаниците, 29% биле во втората група а 53% имале покачен крвен притисок. Во просек, периодот на следење бил околу 36 години, а за тоа време:

  • Над 79.000 од испитаниците имале некаков проблем со кардиоваскуарлнто здравје
  • 17.000 имале мозочен удар
  • Речиси 33.000 имале инфаркт
  • Речиси 22.000 од мажите починале како компликација или инцидент поврзан со кардиоваскуларното здравје

 

Како крвниот притисок се вклопува во овие резултати?

Истражувањето покажало дека оние мажи кои имале покачен притисок на возраст од околу 18 години, имале зголемен ризик за идни инциденти поврзани со кардиоваскуларното здравје. Научниците вклучени во истражувањето коментираат дека на притисокот најчесто не му се придава значење на оваа возраст, а тој сепак е значителен ризик фактор и силно влијае на срцевото здравје. Дополнително, доколку тој е покачен во младоста, ризикот за компликации се зголемува и во иднина. Покачениот притисок во младоста е еден вид „жолт картон“ или индикатор дека се потребни одредени промени во начинот на живот и соодветно третирање на проблемот. Целта е притисокот да не се игнорира, неговото мерење да биде вклучено во редовните контроли и проверки, за во случај тој да е покачен, навремено да се реагира и третира. Најголемиот проблем е што хипертензијата е без симптоми, па така може да остане незабележана со години. Доколку се јават одредени симптоми, веќе доцниме и последиците ќе бидат поголеми. 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор