fbpx

Редовната физичка активност е важна и за децата – Како да ја поттикнете?

tonus

Редовната физичка активност има да ни понуди бројни корисни ефекти за здравјето, без разлика на која возраст сме. Така, активноста е особено значајна и во детската возраст, период што на некој начин ја дава основата на она што значи здрава, возрасна личност.

Американската асоцијација за здравје на срцето, за децата на возраст од 6 до 17 години, препорачува секојдневно практикување на умерени до нешто поинтензивни физички активности, најмалку 60 минути. Тоа не мора да подразбира запишување на детето на некаков спорт, туку едноставно активност – играње, трчање, пешачење, возење велосипед итн. Ова можеби од денешна перспектива изгледа релативно многу, но сетете се дали 1 час активност било многу кога вие сте биле деца.

Кај децата, физичката активност има и еден друг корисен момент, а тоа е социјалниот. Добар пример се најразличните детски игри, преку кои децата учат многу за себе и својата средина, а создаваат и другарства.

"“Online”/

 

Затоа, во продолжение прочитајте повеќе корисни совети како би можеле да му помогнете на вашето дете во создадвањето здрава навика за редовна активност или време посветено за социјализација со ,,физичко присуство”. Нели би било одлично кога нашите најмили би биле одделени од најразличните дигитални уреди барем неколку часови во денот?

 

Зошто е важно децата да бидат активни?

Исто како кај возрасните, така и кај децата, редовната физичка активност се поврзува со намален ризик од повеќето познати заболувања, но и подолг очекуван животен век. Кратко кажано, подолг и поздрав живот. Дополнително, како што споменавме, активноста најчесто се поврзува и со поуспешниот социјален развој на децата, но поттикнува и здрава компетитивност.

Редовно активните деца, имаат поголема веројатност за:

▫ нормална, оптимална телесна тежина
▫ посилни и поцврсти коски и мускули
▫ подобро здравје на срцето
▫ подобрени когнитивни перформанси
– подобра меморија и способност за учење
▫ помал ризик од хронични заболувања – срцеви, дијабет, малигни итн.
▫ помалку стрес и намален ризик од депресија и анксиозност
▫  подобра дисциплина и исполнителност во училиште и општо со обврските кои ги имаат децата
▫ згомена самодоверба и слика за своето тело

 

7 конкретни совети како да го поттикнете вашето дете да биде поактивно

Во самата природа на децата е да бидат активни. Како што одминува времето, тенденција за намалена активност заради најразлични фактори, се зголемува. Искуствата ова го забележуваат особено кај девојчињата.

Во модерното време, децата во најголем дел, задоволството го наоѓаат во социјализирањето и различните забавни активностите на своите дигитални уреди, па познатата детста игра е сè позанемарена. ,,Дигиталните активности” не се по правило лоши, секако дека имаат свои предности, а тоа пандемијата со коронавриусот уште еднаш ни го докажа. Сепак, ваквите активности не подразбираат физичко движење. Затоа, денес и децата имаат потреба од посебно внимание и поддршка кога станува збор за активноста.

 

Па, што можете вие самите да направите за да ги потикнете вашите најмили да бидат поактивни?

1) Најпрво, бидеме им добар пример!

Тоа е најдоброто нешто што можете да го направите за вашите деца, но и за себеси. Ако вие сте редовно активни, таквите навики лесно ќе преминат и на вашите блиски. Создавањето на средина и атмосфера која ќе поттикнува здраво живеење е од исклучителна важност за најмалите.

2) Вежбајте заедно

Активностите кои ги правите со вашите деца се добри за вашето и нивното целокупно здравје, но се важни и за градењето на здрав однос помеѓу детето и родителот.

[Поврзано: Физичка актинвост – 5 предности на вежбањето со партнер!]

3) Забележете која активност му е интересна на детето

Редовноста на активностите, па и оние физичките, речиси секогаш е поврзана со задоволството кое можат да ни го пружат. Ова особено важи кога се работи за најмалите. Децата не прават работи кои не им се интересни, по волја и едноставно не ги сакаат. Затоа, бидете внимателни што го привлекува вашето дете, а ако не го гледате тоа, обидете се со повеќе различни активности додека не ја најдете ,,вистинската”. Можеби вежбањето заедно со вас му е интересно на детето?

4) Ограничете им го времето кое го минуваат пред различните екрани

Немојте никогаш да го користите телевизорот или телефонот како ,,бебиситер” на детето. Ограничувањето на времето за дигиталните уреди можеби ќе оди доста тешко на почетокот, но тоа е секогаш добар чекор, кој на некој начин ќе го ,,принуди” детето да си  најде нова и занимација. Децата се особено снаодливи и прилагодливи, па секогаш ќе си најдат занимација, а често тоа подразбира и некаква физичка активност.

5) Секогаш бидете поддршка

Ако вашето дете покажува особен интерес за некаков спорт, танцување, возење велосипед или трчање, поддржете го!

6) Почнете полека

Ако вашето дете досега не било воопшто активно, немојте да брзате, почнете полека со некакви кратки активности. Подоцна природно ќе дојде зголемувањето на периодот.

7) Наградувајте!

Наградувањето не мора да биде некаква храна или било што матријално, едноставното пофалување е многу важно за децата. Често фалете ги по активностите или тренинзите, бидејќи на тој начин ќе ги охрабрите да продолжат на тој пат и да не се откажат.

Ако подароците се материјални, тие можат повторно да бидат поврзани со активностите, на пример топка, велосипед, скирол и слично.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор