fbpx

Физичка активност – 5 предности на вежбањето со партнер!

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Еден од најзначајните предуслови за редовно практикување на било каков вид физичка активност е мотивацијата!

Значи покрај физичката спремност која треба да ја имаме (ако сме почетници, да ја градиме), за редовно да практикуваме одредена физичка активност, што ќе биде од особена корист за низа аспекти од нашето здравје, треба да бидеме и соодветно ментално подготвени.

Постојат повеќе фактори кои можат да ја определат добрата мотивација (најзначајниот дел од менталната подготовка), како на пример: сакате да вежбате заради подобро здравје, за намалување на тежината, сакате естетски подобро да изгледате, да се однесувате поеколошки, да бидете пример за вашите деца и блиски итн. Секако, можна е и комбинација од сите овие фактори, а можеби и некои други дополнителни.

"“Online”/

Покрај овие, да ги наречеме столбови на мотивацијата, постојат и помали моменти кои влијаат на мотивираноста да го истрчате или да го испешачите и последниот испланиран километар. На пример, тоа може да биде вашата омилена музика за трчање, колачето кое сте си го предвиделе за ,,награда” по успешно завршената активност, а доста значаен поттикнувач на мотивираноста при тренинзите може да биде и друштвото.

Денес, нешто повеќе околу вежбањето со пријателот/ите – 5 причини зошто тоа може да биде ОДЛИЧНА идеја!

1) Повеќе мотивираност, помалку неоправдани (отсуства) изговори


Редовното вежбање со партнер/и, значително ќе ви помогне постриктно да се држите до планираниот распоред за активности.

На пример, ако за одреден ден сте испланирале некаква физичка активност, а во моментот се чувствувате премногу заморено, мрзеливо или пак на ум ви дошло да гледате некој добар филм, се зголемува веројатноста дека дента ќе ,,ескивирате”.

Fibro Gel

Сепак, ако имате партнер за вежбање, многу е поголема веројатноста дека нема да го пропуштите тренингот. Зошто?

Веројатно ќе се чувствувате лошо и посрамено ако го оставите пријателот сам да вежба, а претходно сте се договориле тренингот да го правите заедно.

Дополнително, психолозите велат дека мотивацијата е значително поголема кога се вежба со партнер (без разлика дали е тоа близок пријател, сопруга, девојка, родител, дете итн.).

2) Тренингот најверојатно ќе ви биде многу позабавен


Уште една причина зошто е помала веројатноста да ,,ескивирате”.

Многу е поразлично кога имате со некого да ги споделите интересните моменти од тренинзите, да се насмеете, но да споделите искуства и на тој начин да научите нешто ново.

Споделувајќи искуства, многу полесно ќе забележите каде евентуално правите грешки и ќе го направите тренингот полесен, но поефикасен.  Дополнително, можете да правите заеднички вежби со партнерот или вежби во кои ќе си помагате. Времето ќе помине побрзо, а ќе ви биде поинтересно.

3) Меѓусебна поддршка во секој момент од тренингот

Ако на пример џогирате и се чувствувате лошо, па дури сакате по кратко време да се откажете од тренингот, партнерот може значително да ви помогне во мотивираноста.

Исто така, можеби партнерот е демотивиран, па вие ќе му помогнете. Помагањето исполнува.

Дополнително, здравата компетитивност што може да се роди помеѓу тренинг-партнерите, исто така ќе ве поттикнува да бидете сè подобри и подобри, со секој нареден тренинг.

Една студија спроведена во Англија, вели дека ДУРИ 64% од волонтерките кои тренирале со партнер, имале многу поголема веројатност да ги завршат комплетно своите цели  (тренинзи), во споредба со оние кои вежбале сами.

4) Спортувањето ги обединува луѓето

Според некои статистики, дури 40% од луѓето кои вежбале самите, се откажале од физичката активност непосредно по почнувањето. Од друга страна, ако активноста била со пријател, овој процент паѓа на само 6%.

Ова неминовно ја покажува значајноста на социјалниот елемент во вежбањето. Додека вежбаме, се социјализираме и дополнително ги зајакнуваме односите со нашите пријатели.

Луѓето кои вежбаат заедно (како тим од повеќе поединци), формираат одреден групен идентитет, што е значителен мотив и порив не само да се продолжи со активноста, туку и постојано да се подобруваат перформансите, а со тоа и очекуваните резултати (дали е тоа подобро време, повеќе мускули, слабеење или нешто друго..).

Споделувањето на успесите со пријателите кои точно знаат колку тешко сте работеле за да дојдете до него, предизвикува особено чувство на задоволство.

5) Подобри љубовни врски?

Одредени студии покажуваат дека вежбањето со вашиот партнер може значително да придонесе и во подобрување на љубовната врска.

Тренирањето заедно ја зајакнува врската на повеќе начини, на пример ја зголемува сексуалната привлечност помеѓу партнерите.

Fibro Gel

Поврзани статии и видеа:

Што се всушност калориите и колку дневно треба да се внесат за да слабеете?
10 совети како да слабеете преку пешачењето
Што треба да знаете за вежбите со тежина?
Придобивки од физичката активност
Физичка активност и срцеви заболувања
Физичка активност и зголемено ниво на шеќер во крвта
Кој начин на пешачење најбрзо ги согорува мастите?
5 изненадувачки придобивки од пешачењето!

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X