fbpx

5 лесно достапни продукти за олеснување на АЛЕРГИИТЕ

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Се вели дека пролетта е времето кога природата се буди, па заедно со неа и нашето расположение. Излегуваме на сонце, уживаме во убавините на зеленилото, цвеќињата, мирисите и вкусовите на сезонскиот зеленчук и овошки.

Но, за жал, за голем дел од луѓето почетокот на пролетта создава повеќе мака, отколку среќа.

Во продолжение ќе се обидеме да дадеме совети односно што можете вие да превземете за да ги олесните симптомите на сезонска алергија кои често можат значајно да влијаат на она што се нарекува квалитет на живот.

"“Online”/

Што е всушност сезонска алергија и кои се симптомите и најчестите алергени?

Кога пролетните алергени – најчесто поленот од најразличните дрвја во зависност од средината во која живеете (бук, бреза, липа, јавор, тополи….), но и мирисите од косена трева, прашината помешана со некоја од претходните компоненти и други ситни честички преку вдишувањето ќе дојдат во носната празнина и дишните патишта, телото често реагира пребурно.

Клетките кои се наоѓаат во носот, наречени мастоцити ги ,,помешуваат” безопасните расителни честички со опасни натрапници, па лачат одредени компоненти наречени хистамин и триптази кои ги поттикнуваат клетките од имуниот систем да се борат со непостоечкиот непријател. Симптомите типични за сезонска алергија се предизвикани токму според овој механизам.

Значи, оваа ситауција предизвикува насолзени очи, воспаление на носната слузокожа, кивање, кашчање и црвенило во гролото – состојба позната како алергиски ринитис.

Fibro Gel

Експертите велат дека импактот на алергиите оди подалеку од едноставно чувство на нелагодност. Сонот може да биде нарушен, заморот се зголемува во текот на целиот ден, со што значајно се нарушува општиот квалитет на живот.

Медицински третман и несакани ефекти

Ваквата ,,непотребна” борба на организмот може да се попречи, а со тоа да се намалат и симптомите со низа на медицински средства (немојте самите да избирате лекови или да користите лекови од нелиценцирани медицински лица, консултирајте се со вашиот лекар ако имате посериозни проблеми со алергијата), но во овој текст ќе се осврнеме на она што ние самите можеме да направиме за да ги намалиме симптомите. Не сме немоќни пред сезонската алергија.

Антихистамините, кортикостероидите и деконгестантите се особено ефикасни во справување со алергиските симптоми. Но, сепак, тие може да имаат низа на негативни ефекти, како:

• замор, безенергичност
• суви очи, нос и уста
• чувство на немир
• невообичаено крварење и модринки
• несоница
• тахикардии

Кај децата:

• кошмари
• нарушени когнитивни функции
• надразливост
• нарушена дигестија

Некои луѓе се посклони спрема сезонска алергија

Иако повеќе ги погодува помладите, сезонската алергија може да се појави на било која возраст. Исто така, таа може да е присутна во некоја сезона, па потоа да се изгуби со текот на времето, но и повторно да се појави по неколку години.

Постојат групи на луѓе кои се поподложни на сезонска алергија. Според The Johns Hopkins University School of Medicine алергиите се всушност нарушувања на имуниот систем. Како што споменавме, телото реагира непотребно и пребурно на безопасни компоненти. Тоа ги предизвикува симптомите.

Постојат прехранбени продукти кои треба да ги избегнуваме во периодот на сезонската алергија

Постојат продукти кои треба да ги избегнувате во периодот на сезонски алергии. Тоа е секако храната на која сте алергични или сензитивни, потоа храна која може да ги влошуви симптомите на алергија:

• алкохол
• кофеинска храна
• млечни производи
• чоколада
• кикирики
• шеќерна храна
• сета високо-процесирана храна
• газирани сокови

храна богата со некои адитиви:

• калиум бисулфит
• натриум сулфит
• вештачки засладувачи

За среќа постои и храна која може да помогне и во намалувањето на симптомите


Додавањето на одредени продукти во храната може да ги олесни симптомите на сезонските алергии.

Се смета дека овие прехранбени продукти можат да помогнат во олеснувањето на симптомите преку намалувањето на воспалението и зајакнувањето на имунитетот.

Во продолжение, неколку прехранбени продукти за кои постојат некакви научни сознанија според кои тие можат да бидат од помош при пролетни алергии.

1) Ѓумбир

Ѓумбирот може природно да ги намали симптомите на пролетна алергија кои се присутни заради воспаление, како иритација и чешање на носот, очите, црвенило и отоци во грлото итн.

Тој бил со векови користен во традиционалната медицина, а модерната наука ја потврдува силната антивоспалителна дејност на неговите антиоксидативни фитохемикалии.

Треба да знаете дека ефектот од свежиот и сушениот ѓумбир е ист. Значи можете да го користите и како свеж и како зачин, чај итн.

2) Куркума

Куркумата, слично како и ѓумбирот може да делува на намалување на алергиските симптоми. Тоа е случај исто така заради моќното антивоспалително дејство на антиоксидантите на куркумата (особено на куркуминот).

Една анимална студија покажува дека куркумата може да ги намали симптомите на алергискиот ринитис.

Куркумата освен како зачин, може да се користи и како суплемент. Доколку ја користите како зачин, не заборавајте да ја комбинирате со црн пипер, бидејќи пиперинот од овој зачин докажано ја зголемува апсорпцијата на куркуминот за дури 2000 пати.

3) Цитрусни овошки

Општо е познато дека за превенирање и третирање на честите настинки може да се користат овие овошки кои се богати со витамин Ц. Но, освен при обичните настинки, витаминот Ц може исто така да помогне и во намалувањето на симптомите на алергиски ринитис.

Една студија на оваа тематика укажува дека витаминот Ц може да помогне во намалувањето на иритациите на горните дишни патишта при алергиски ринитис предизвикан од полен.

Затоа, во пролетниот период зголемете го внесот на портокали, лимони, пиперки, бобесто овошје итн.

4) Домати

Ликопенот, моќниот антиоксидант на доматите, може значително да влијае на намалување на хроничната инфламација. За полесна апсорпција на оваа компонента погрижете се да јадете повеќе домат во готвена форма.

Доматот е исто така добар извор и на витамин Ц, витаминот кој претходно го споменавме како значаен за намалување на симптомите на алергиски ринитис.

5) Кромид


Кромидот е зеленчук кој е богат со моќниот антиоксидант кверцетин. Оваа компонента се користи и како суплемент во лекувањето на алергискиот ринитис.

Според некои научни истражувања, кверцетинот делува како природен антихистамин, со што значително влијае на намалување на алергиските симптоми.

Дополнително, кромидот содржи и други антиоксидативни компонетни кои можат да делуваат на намалување на хроничните воспалителни процеси, но и некои пробиотици. Пробиотиците исто така можат да придонесат за имунитетот, преку одржување на здрава цревна микрофлора.

Црвениот кромид е најбогат со кверцетинот.

6) Неколку дополнителни совети

• пијте зелен чај
• јадете пробиотска храна
• намалете го внесот на сол, внимавајте на храната со скриена сол
• не јадете презачинета храна
• медот може да помогне (малите содржини на полен, можат да помогнат за создавање на имунитет на ефектите од сезонските алергии)


Позитивната промена во начинот на исхрана и општо на живот, може да биде корисен и при оваа ситуација

Наведените прехранбени продукти не можат да ги заменат медикаментите наменети за третман на алергијата, но можат да бидат соодветен додаток и превентивна мерка.

Дополнително, водењето на здрав начин на исхрана и живот, може значително да придонесе за избегнување на сезонските алергии, преку намалениот ризик за некои нарушувања кој се поврзуваат токму со зголемен ризик од алергии.

На крајот, уште неколку ,,lifestyle” совети за намалување на ризикот од потешки симптоми:

Fibro Gel

• пијте доволно вода
• избегнувајте места со големи концентрации на полен
• носете маска ако одите на такви места
• туширајте се пред спиење (поленот и прашината можат да останат на кожата и косата, па да направат дополнително влошување на симптомите во текот на ноќта)
• внимавајте кога проветрувате
• избегнувајте поставување на волнени теписи, преферирајте цврсти подови во просториите во кои поминувате поголем дел од времето и спиете
• одржувајте ги просториите чисти

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X