fbpx

Дали прекумерната консумација на АЛКОХОЛ го зголемува ризикот за КОЛОРЕКТАЛЕН КАРЦИНОМ?

tonus

Добро знаеме дека алкохолот, доколку е консумиран прекумерно е исклучително штетен по здравјето. Денес, ќе погледнеме една студија која ја поврзува прекумерната консумација на алкохол со зголемен ризик за колоректален карцином.

 

Како алкохолот влијае на организмот?

Со консумирањето на алкохолот, тој започнува да се апсорбира во крвотокот преку желудникот и тенкото црево. Црниот дроб е всушност задолжен за неговото метаболизирање и со текот на времето и со помошта на одредени ензими, алкохолот ќе биде претворен до други соединенија. Но, овој процес е релативно бавен, па можно е сепак да остане нематоболизиран алкохол кој ќе циркулира низ крвотокот подолг период. Неговиот целокупен ефект врз човекот ќе зависи од повеќе различни фактори. Имено, главните се – возраст, пол, големина и форма на тело и физичка подготвеност. Но, можеби и поважно е количеството на испиен алкохол, како и временскиот период во кој е тоа испиено. Во периодот потребен за метаболизирање на алкохолот, тој делува на повеќе органи во телото. Неговиот главен ефект е врз мозокот, каде тој блокира одредени сигнали меѓу невроните, со што се јавуваат карактеристичните знаци на пијаност – импулсивност, нарушен говор, лоша меморија, бавни рефлекси, лоша рамнотежа и сл. Покрај мозокот, алкохолот влијае и на дигестивниот систем, црниот дроб, крвотокот, срцето, имуниот систем и др.

 

Дали прекумерната консумација на алкохол го зголемува ризикот за колоректален карцином?

Едно истражување ја проучувало поврзаноста меѓу консумацијата на алкохол и ризикот од колоректален карцином. Во студијата биле анализирани податоци од над 5,7 милиони лица на возраст над 50 години. Тие биле поделени во неколку категории: испитаници кои воопшто не пиеле, лица кои пиеле сосем малку (под 10 грами алкохол на ден), група која умерено пие (10-30 грами на ден за мажи, 10-20 грами на ден за жени) и лица кои имаат висок степен на консумација ( над 30 грами алкохол на ден, над 20 грами за жени). Како параметри кои биле земени предвид биле и возраста, полот, пушењето на цигари, степенот на физичка активност и сл. 

"“Online”/

По околу 7 години на следење, кај 8314 испитаници дошло до рана појава на колоректален карцином. Споредено со првата група (под 10 грами алкохол на ден), умереното и високиот степен на консумација биле асоцирани со зголемен ризик за појава на овој тип на карцином. Кај мажите, највисокиот степен на консумација бил асоциран со 26% зголемен ризик за рак на дебелото црево,  во споредба со лицата кои пиеле сосема малку алкохол. Лицата кои воопшто не пијат алкохол имаат за 14% помал ризик во споредба со оние кои пијат сосем мали количини (под 10 грами алкохол на ден). Важно е да нагласиме дека овие количини означуваат чист алкохол, а не конкретна количина од некој напиток. За споредба, 10 грами алкохол (етанол) има во околу 230ml на пиво или нешто под 100ml на вино. 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор