fbpx

Зошто АНЕМИЈАТА е особено честа кај ТРУДНИЦИТЕ?

tonus

Денес ќе зборуваме за состојба која е прилично честа, а тоа е анемијата кај бремените жени. Ќе зборуваме зошто доаѓа до анемија кај трудниците и како може истата да се третира.

 

Што претставува анемијата?

Анемијата е состојба кога телото нема доволно здрави црвени крвна зрнца (еритроцити) или нема доволно хемоглобин. Постојат повеќе видови на анемија, секоја со различна причина за појава. Денес ќе се задржиме на анемијата поврзана со дефицит на железото. Ова е изненадувачки честа појава во светот. Без доволно железо, телото не може да ги создаде потребните нивоа на хемоглобин – составен дел на еритроцитите. Хемоглобинот е соединението кое ја дава карактеристичната црвена боја на крвта.

Првите симптоми за анемија се замор, блед тен, изнемоштеност и губење на здивот. Останатите симптоми се: болки во градите, забрзано срцебиење, главоболки, вртоглавици, ладни дланки и стапала и др.

"“Online”/

 

Зошто анемијата е честа кај трудниците?

Анемијата за време на бременоста претставува значителен здравствен ризик и за мајката и за нејзиното бебе кое е во интензивен развој. Оваа состојба се јавува кога на мајката и недостасуваат доволно здрави црвени крвни зрнца кои ќе носат доволно кислород до ткивата и органите. Ова секако се јавува поради недостиг од железо, односно недоволно формирање на хемоглобин. За време на бременоста, телото произведува повеќе крв за поддршка на растечкиот фетус, што ги прави жените поподложни на анемија, особено во вториот и третиот триместар. Поради ова, анемијата е прилично честа состојба кај бремените жени. Без доволно железо, мајката може да почувствува замор, слабост и безенергичност, додека бебето може да се соочи со ограничувања и доцнење во растот.

Од клучно значење е бремените жени да дадат приоритет на храна богата со железо, како што се помалку масното месо, риба, мешунки, лиснати зелени зеленчуци и житарки, со цел да се намали ризикот од анемија. Дополнително, често се препорачуваат и додатоци во исхраната, кои ќе и обезбедат на мајката соодветни количества на железо, но и на други микронутриенти чии нивоа знаат да бидат проблематични за време на бременоста. 

Редовните пренатални прегледи треба да вклучуваат скрининг за анемија, овозможувајќи им на здравствените лица веднаш да ги следат и да ги решат сите можни дефициенции. Управувањето со анемијата за време на бременоста е од витално значење за здравјето и благосостојбата и на мајката и на детето, што ја нагласува важноста на сеопфатната пренатална грижа.

 

Нашиот нов производ  ЖЕЛЕЗО КОМПЛЕКС е комбинација од минералите железо, цинк и бакар и од витамини од Б групата – витамините Б6, Б9 и Б12.

Овој суплемент на Д-р Митов може да им биде од корист на:

  • Луѓе кои имаат ниско ниво на железо
  • Оние кои имаат некоја форма на анемија
  • Трудници и доилки, бидејќи имаат природно зголемени потреби од железо
  • Луѓе кои не внесуваат доволно железо преку исхраната
  • Тинејџерки и жени со пообилна менструација
  • Луѓе кои често даруваат крв итн.

Повеќе информации околу овој производ или за негова нарачка, кликнете ТУКА.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор