fbpx

ЦИМЕТОТ може да го намали ШЕЌЕРОТ кај лицата со ПРЕДИЈАБЕТ – Ново истражување

tonus

Циметот е зачин кој потекнува од дрвјата на семејството растенија Cinnamomum. Многу интересен факт за него е тоа што тој не се прави ниту од листовите на растението, а ниту од неговиот плод.

Циметот се прави од кората на стеблото и гранките на споменатите дрвја. Ваквите дрвја имаат потреба од високи температури и влажност, па затоа најраширени се околу екваторот, односно јужна Индија, Шри Ланка, Јужна Америка, Карибите итн.

Овој зачин е достапен во прав или целосен (како парченца од кората на дрвото), но може да се најде и негово есенцијално масло, како и разни форми на суплементи.

"“Online”/

Извонредни ефекти по здравјето

Циметот е зачин со низа на позитивни ефекти по нашето здравје, како антивоспалителен, антиканцероген ефект, заштитен ефект во однос на срцевото здравје, но најпознат е по антидијабетичниот ефект.

Потенцијалот за намалување на глукозата што го поседува циметот генерално се должи на неговите уникатни компоненти и високата содржина на полифеноли, вклучително цинамалдехид, проантоцијанидини, кумарин, катехини, флавони итн. Полифенолите служат како рецептори за инсулинот преку низа на механизми, подобрувајќи ја инсулинската сензитивност и формирајќи антивоспалителен ефект, што е од голема важност.

Извонреден ефект кај обезните и пациентите со предијабет

Една интересна студија од Универзитетот Калифорнија уште еднаш покажува силен потенцијал на циметот, особено кај средовечните пациенти со нарушен шеќер. Станува збор за рандомизирана, контролирана и двојно-слепа студија којашто испитувала волонтери со предијабет. Објавена е во научното списание The American Journal of Clinical Nutrition. За време на испитувањето, тие имале исхрана богата со прости шеќери и сиромашна со полифеноли во комбинација со продукти на база на цимет (и контролна, плацебо група, којашто немала вклучено цимет во исхраната).

Нешто повеќе за истражувањето

Испитаниците правеле тестови на толеранција на глукоза 4 пати во текот на студијата по 8 – 12 часови не јадење. Внесувале 75g прости шеќери и 2g капсули со индонезиски цимет или плацебо капсули. Потоа им била земана крв на секои 30 минути во наредните 3 часа.

Мерени биле глукозата, инсулинот, C-пептид, глукагонот, глукагон пептид-1 и триглицеридите. Исто така земени биле и примероци од изметот, а извршени биле и мерења на телесната тежина, композиција и крвниот притисок.

Утврдено било дека испитаниците што земале цимет имале значително намалено ниво на глукоза и не биле утврдени никакви несакани ефекти за дигестијата. Исто така, утврдено било и намалување на триглицеридите, како и на концентрациите на хормонот глукагон.

Извор: “Effect of cinnamon spice on continuously monitored glycemic response in adults with prediabetes: a 4-week randomized controlled crossover trial

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор