fbpx

5 научно поткрепени корисни дејства на црвеното вино

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Уште во далечното минато, црвеното вино било употребувано како природен лек и се сметало дека монасите живееле многу долго, помеѓу останатото и бидејќи редовно консумирале помали количини црвено вино.

Во последно време вината, особено црвеното, се предмет на повеќе истражувања. Податоците кои ги добиваме од ваквите студии, укажуваат дека само умерената консумација на црвеното вино може да предизвика корисно дејство на организмот.

За умерена консумација, според повеќето релевантни институции кои се занимаваат со нутриција и храна, се смета една чаша црвено вино за жени и до две, за мажите. Сепак, кај некои луѓе со одредени заболувања и ваквите количини можат да бидат непосакувани.

"“Online”/

Која е ,,магичната’’ компонента која му ги дава корисните својства на црвеното вино?

Истражувањата правени на оваа тематика, утврдиле дека компонентата ресвератрол е онаа која е одговорна за повеќето корисни дејства по здравјето кое ги поседува црвеното вино.

Ресвератролот е компонента која ја создаваат некои растенија како заштитен механизам од инфекции со бактерии и габи, но и како заштитна ,,завеса” од ултравиолетовата радијација.

Ресверaтролот во виното доаѓа од кожичката на црвените гроздови зрна. Боровинките, брусницата и кикириките се исто така можни извори на оваа компонента.

Fibro Gel

Фактите велат дека во одредени свои форми ресвератролот може да има низа на здравствени бенефити, но можеби пиењето на виното не е најдобриот начин за да стигнеме до него, имајќи во предвид дека заедно со него доаѓа и алкохолот, а тоа може да има други импликации. Дополнително, повеќето од правените студии кои даваат податоци за корисните дејства на ресвератролот се спроведувани со употреба на ресвератрол-суплементи, а не со вино кое го содржи.

5 научно поткрепени корисни дејства на црвеното вино:

1) Дигестивно и кардиоваскуларно здравје

Црвеното вино може да придонесе за подобро здравје на срцето на повеќе различни начини. Една студија од 2016 година дава податоци дека ресвератролот од виното може да го намали ризикот од срцеви заболувања преку начинот на кој што делува на цревната микрофлора.

Вториот начин на којшто виното, односно ресвератролот може да придонесе за кардиоваскуларното здравје е преку зголемувањето на нивоата на омега 3 масните киселини во крвта. Омега 3 масните киселини се познати по своето заштитно дејство на срцевото здравје преку намалување на крвниот притисок и намалување на холестеролот и триглицеридите во крвта.

Третиот начин е заснован на присуството на процијанидиците во црвеното вино. Тие можат да имаат влијание на намалувањето на крвниот притисок, еден од главните ризик фактори за повеќето кардиоваскуларни заболувања.

2) При дијабет тип 2

Една студија покажала дека пиењето на една чаша црвено вино, благо го намалува кардиометаболичкиот ризик кај луѓето со дијабет тип 2 и дека умереното пиење на виното е безбедно за овие пациенти.

Сепак, луѓето со оваа дијагноза треба да се консултираат со лекарот кој внимателно ја следи нивната состојба пред значително да ги сменат навиките во однос на алкохолот.

3) Корисно дејство при опоравување од мозочен удар

Едно истражување спроведено од Универзитетот Џон Хопкинс, вели дека ресвератролот може да го заштити мозокот од оштетувањата од мозочниот удар.

Резултатите од тестовите на лабораториските глувци покажале дека ресвератролот влијаел на зголемувањето на нивоата на ензимот хем-оксигеназа кој има значително заштитно дејство на нервните клетки во мозокот. Сепак, не е целосно јасно дали ова дејство се должи на ресвератролот или само на ресвертаролот достапен во виното.

4) Заштитно дејство на видот

Според една контролна студија од 2010 година, ресвератролот може да помогне во превенирањето на загубата на видот која е предизвикана од неконтролираниот раст на крвните садови во очите или ангиогенеза.

Диабетичната ретинопатија и макуларната дегенерација(поврзана со процесот на стареење) се очните болести кои се поврзани со овој неконтролиран раст на крвните садови во очите, а воедно се најчестите очни заболувања.

5) Корисно дејство при превенирањето на некои видови на канцери

• рак на дебело црево – една британска студија од 2015 година дава податоци дека помали дози на ресвератролот можат да го намалат растот на колоректалниот тумор за дури 50%.
• рак на дојка – регуларната консумација на алкохол може да го зголеми ризикот од канцер на дојка, но сепак, благодарение на компонентата во семето и кожичката на црвените гроздови, жените кои умерено пијат црвено вино, може спротивно, да го намалат ризикот.
• рак на бели дробови – според последните истражувања, малите дози на црвено вино, но исто така и на белото, можат да ја подобрат функцијата на белите дробови и да превенираат од белодробен канцер.

Сепак, важно да се напомене е дека виното исто така содржи и алкохол, кој пак научниците го поврзуваат со зголемен ризик од малигни заболувања. Затоа, можеби покорисно би било да се користат суплементи или други извори на ресвератролот за оваа намена, отколку виното.

Дополнително, научните студии често го поврзуваат црвеното вино и со:

• заштитно дејство од ултравиолетовото зрачење
• превенирање од заболувања на црниот дроб
• третманот на акни
• орално здравје и превенција од кариес

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X