fbpx

Епидемија на ГОЛЕМА КАШЛИЦА – Што претставува, кои се СИМПТОМИТЕ и како да се ЗАШТИТИМЕ?

tonus

Во последно време, постојано се зборува за големата кашлица, а деновиве беше прогласена и епидемија со ова заболување на територијата на град Скопје. Во продолжение зборуваме околу тоа што претставува оваа болест, какви се симптомите, ризик-факторите, причините, можните компликации, но и како да се заштитиме себеси и нашите најмали.

Големата кашлица или стручно кажано пертусис претставува високо заразно инфективно заболување кое го погодува респираторниот тракт на човекот. Се карактеризира со интензивно кашлање кое трае доста долг период. Предизвикано е од бактеријата наречена Bordetella pertussis.

Пред развивањето на вакцината, големата кашлица се сметаше за проблем кој се јавува кај децата. Денес, големата кашлица ги погодува бебињата коишто се премногу млади за да имаат комплетен вакцинален картон, тинејџерите и возрасните со послаб имунитет. Компликациите и смртните исходи од ова заболување се ретки, но кога се случуваат ги погодуваат најмладите. Затоа, многу е важно децата да бидат вакцинирани, но исто така и бремените жени, како и возрасните луѓе коишто се во чест контакт со децата.

"“Online”/

Симптоми

По инфицирањето со оваа бактерија, потребни се 7-10 денови за да се појават симптомите, а некогаш дури и подолго. На почетокот симптомите се поблаги и потсетуваат на обична настинка:

 

  • Течење на носот
  • Затнат нос
  • Црвенило и солзење на очите
  • Треска
  • Кашлица

Недела или две подоцна, симптомите се влошуваат. Згуснатиот слуз се акумулира или се насобира во дишните патишта, предизвикувајќи неконтролирана кашлица. Се јавуваат тешки и продолжени напади на кашлица, што можат да водат до:

  • Повраќање
  • Хрчење при дишење
  • Сино или црвено лице
  • Екстремно чувство на замор
  • Потешкотии на земање здив помеѓу кашлањето

Важно е да се напомене и дека многумина не ги развиваат потешките симптоми. Oва особено важи за повозрасните, коишто најчесто развиваат само долготрајна кашлица која може да биде и понепријатна. Од друга страна, децата можат и воопшто да не кашлаат со ова заболување, наместо тоа кај нив често се јавуваат проблеми со дишењето, па дури и ситуации со времено прекинување на дишењето.

Можни компликации

Тинејџерите и возрасните најчесто лесно се опоравуваат од големата кашлица без посериозни проблеми. Кога се јавуваат компликациите, тие вклучуваат:

  • Aбдоминална хернија
  • Пукнати крвни садови на кожата или на очите
  • Во некои случаи и модринки на ребрата, па дури и напукнувања

[Поврзано: Сезона на грип, но и на ХЕМОРОИДИ! Може ли кашлицата да ги предизвика?]

Посериозни компликации од ова заболување за жал се јавуваат кај дечињата, особено кај бебињата до 6 месечна возраст (потенцијално животозагрозувачки):

 

  • Пневмонијa
  • Успорено или дишење што на моменти запирa
  • Дехидратација и губење на телесната тежина, поради проблеми со исхраната во текот на болестa
  • Оштетувања на мозокот

Како да се заштитиме себеси и најмилите?

Ако имате било каков сомнеж дека вашето дете го има ова заболување, најдобро е да се јавите кај вашиот матичен, особено ако детето нема примено соодветна вакцина (или не е комплетно вакцинирано). Истото важи и за возрасните што се сомневаат дека имаат голема кашлица, посебно тие што се во контакт со помладите.

Кога станува збор за ширењето на болеста, се шири на сличен начин како и останатите респираторни заболувања – преку микрокапки во воздухот и капки што се паднати по површините. Затоа, многу е важно тие што се заболени да бидат изолирани во посебни простории, да носат маски и да избегнуваат контакт, особено со децата. Особено заразни се заболените до третата недела од болеста, откако ќе започне кашлањето.

Најдобриот начин за заштита, односно превенција од болеста е вакцинирањето. Вакцината се состои од неколку серии и се дава во комбинација со оние за дифтерија и за тетанус.

Имунитетот за заболувањето опаѓа после 11-тата година, затоа докторите препорачуваат ревакцинација на оваа возраст. Возрасните можат да се ревакцинираат на секои поминати 10 години, а бремените жени според експертите треба да ја примат вакцината помеѓу 27-мата и 36-тата недела од бременоста.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор