fbpx

Што ВЛИЈАЕ врз создавањето на ГРЕЛИНОТ – Т.Н ХОРМОН НА ГЛАДТА?

tonus

Потребата за храна е една од најосновните, вкоренети човекови потреби. Иако можеби чувството за глад го асоцираме со празен стомак, тоа е сепак комплексен механизам кој зависи од повеќе фактори кои се одвиваат во нашето тело. Еден дел кој го придвижува овој механизам се хормоните, а поконкретно два хормони имаат главна улога – грелин и лептин. Грелинот е т.н хормон за глад, а лептинот се асоцира со чувството на ситост. Во оваа денешна статија ќе се задржиме на грелинот и накратко ќе погледнеме што влијае на неговото создавање.

 

Што претставува хормонот за глад – грелин?

Грелинот наједноставно објаснето е хормон кој го зголемува апетитот. Се создава во желудникот и во помала мера во други органи – панкреас, мозокот и цревата. Количеството на создаден грелин се менува во текот на денот, во зависност од внесот на храна.

Тој се синтетизира како пептиден хормон од грелинергичните клетки лоцирани во гастроинтестиналниот тракт. По создавањето во стомакот, единиците грелин преку крвотокот стигнуваат до мозокот (хипоталамусот) и носат сигнал кој го предизвикува или засилува специфичното чувство на глад. Грелинот е досега единствениот утврден хормон кој го стимулира гладот и е еден од главните причинители за прејадувањето.

"“Online”/

 

Што влијае врз создавањето на овој хормон?

Правилното создавање и функција на овој хормон е клучно во одржување на телесната тежина. Најчесто, неговите нивоа се зголемуваат пред оброци, кога стомакот е празен. По јадењето, нивото на овој хормон се намалува. Неговото целосно влијание и дејство врз регулирање на апетитот и телесната тежина е прилично комплексно. 

Но, генерално врз неговото создавање влијаат неколку фактори и состојби:

  • Празен стомак, односно глад
  • Прекумерна телесна тежина – една теорија вели дека луѓето со обезност имаат зголемена чувствителност кон хормонот, односно се чувствуваат многу погладно дури и при мали нивоа на излачен грелин
  • Хроничен гастритис
  • Инфекција со Helicobacter pylori
  • Синдром на иритабилни црева
  • Целијакија
  • Анорексија и др.

 

Врз нивото на грелин влијаат и некои останати фактори и наши навики:

  • Квалитет и редовност на спиење – лошиот квалитет на спиење се поврзува со зголемено лачење на хормонот и покачена телесна тежина
  • Мускулна маса – зголемена мускулна маса се асоцира со помало лачење на овој хормон
  • Начин на исхрана, особено внес на протеини и влакна –  протеините се сметаат за макронутриенти кои допринесуваат за подолгорочно чувство на ситост. Од друга страна, простите шеќери се асоцираат со брза достапност до енергија, која е краткорочна, па така се јавува повторно чувство на глад набрзо по самиот оброк.
  • Чести, драстични флуктуации во телесната тежина
  • Прекумерен внес на процесирана храна
  • Недоволен внес на вода
  • Стрес 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор