fbpx

Типови на НАМИРНИЦИ кои се „ЧУВАРИ“ на здравјето на ЦРНИОТ ДРОБ!

tonus

Замастениот црн дроб е состојба која често нема воочливи симптоми, а сепак може да предизвика низа на проблеми по здравјето. Доколку не се третира, тоа може да прерасне во значителен проблем, но и во прогресивно влошување на функцијата на овој орган. Денес, ќе зборуваме за неколку групи на намирници кои се сметаат за „чувари“ на црниот дроб, односно ќе погледнеме како храната може да делува позитивно за здравјето на еден од најкомплексните и најважни органи.

 

Што претставува замастувањето на црниот дроб?

Црниот дроб претставува вториот најголем орган во телото и е заслужен за огромен број функции. Неговото здравје и оптимално функционирање ќе се рефлектира и на нашето целокупно здравје. Неговото замастување значи дека ваквата оптимална функција е нарушена, а тоа може сериозно да се рефлектира врз повеќе аспекти од општото здравје. Но, што всушност претставува ваквото замастување?

Како што ни кажува и самото име, замастениот црн дроб има вишок на складирани и акумулирани масти. Кај некои луѓе ваквата акумулација може да не предизвика симптоми или проблеми, но кај многумина може да се јави и оштетување на самиот орган. Прекумерните масни наслаги може да предизвикаат воспаление кај црниот дроб, што пак може дополнително да го оштети ткивото.

"“Online”/

Постојат два типа на замастување – алкохолно и неалкохолно замастување. Според некои статистики, околу 25-30% од случаите се вбројуваат во неалкохолното замастување. Во продолжение ќе зборуваме токму за овој тип на состојба и ќе видиме зошто најчесто се јавува кај лицата со прекумерна тежина. 

 

Кој тип или група на храна може да делува позитивно за здравјето на црниот дроб?

Знаеме дека разновидната и балансирана исхрана делува позитивно на секој можен аспект од здравјето. Доколку таа е богата со одредени и специфични нутриенти, истата може да игра и клучна улога во негување и заштита на црниот дроб, особено кај лицата каде има замастување или оштетувања на органот. Типоови на намирници како што се лиснатите зеленчуци – спанаќот, кељот, руколата, зелката – нудат големи количини на антиоксиданти, особено глутатион, кој помага во процесите на детоксикација во црниот дроб. 

Круциферозните зеленчуци како брокулата и прокељот се познати по нивните сулфурни соединенија кои помагаат во производството на ензими на црниот дроб и во процесите на детоксикација. Дополнително, овошјето, особено црвеното, бобесто овошје како што се капините и боровинките, нудат обилни количини на витамини и антиоксиданти Ц, кои ја зајакнуваат антиоксидативната одбрана на црниот дроб и го заштитуваат од можен оксидативен стрес. Секако, секој тип на овошје и зеленчук ќе делува во поголема или помала мера позитивно на здравјето на црниот дроб.

Исто така, намирници кои се извор на здрави масти, како што се маслиновото масло, јаткастите плодови и рибата, може да помогнат да се намали акумулацијата на вишок масти во црниот дроб и да се намали хроничното воспаление. Користењето на лукот и куркумата во секојдневните рецепти, исто така обезбедува силни антиинфламаторни и хепатопротективни својства, штитејќи го црниот дроб од оштетување предизвикано од токсините и слободните радикали. Генерално гледано, урамнотежена исхрана богата првенствено со растителни намирници, вклучувајќи зеленчук, овошје, јаткасти плодови, но и вклучување на посното месо (пилешко и мисиркино) и рибата како извор на здрави масти, служи како „чувар“ на здравјето на црниот дроб, но и спречува прогресирање и влошување на веќе присутни нарушувања.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор