fbpx

Зошто ХРОМОТ е важен МИНЕРАЛ за лицата со ДИЈАБЕТ?

tonus

Добро знаеме дека витамините и минералите припаѓаат на т.н група на микронутриенти и истите имаат огромен број на незаменливи функции во организмот. Една таква функција е одржување на хормонскиот баланс и функција. Поради тоа, во оваа денешна статија ќе се задржиме на хромот – минерал кој има низа на клучни функции, а дел од нив може да помогнат при подобра регулација на шеќерот во крвта.

 

Влијанието на хромот врз инсулинската сензитивност

Хромот, неопходен минерал во трагови, се смета за потенцијален фактор во подобрување и регулирање на инсулинската сензитивност, но и менаџирање на дијабетот и регулирање на шеќерот во крвта. Инсулинската сензитивност ја опишува способноста на телото ефикасно да реагира на инсулинот, хормонот одговорен за транспортирање на шеќерот во самите клетки. Истражувањата покажуваат дека суплементацијата со хром може да ја подобри сигнализацијата на инсулинските рецептори, што доведува до поусшено навлегување на глукозата во клетките и намалување на т.н инсулинска резистентност. Ова сугерира дека хромот може да игра клучна улога при справувањето со инсулинската резистенција, особено кај лицата со дијабет тип 2. Значајна студија објавена во „Journal of Clinical Endocrinology & Metabolism“ покажала позитивни ефекти од суплементацијата на хром врз инсулинската сензитивност кај лицата со дијабет тип 2.

 

Како делува хромот кај лицата со дијабет?

Успешното менаџирање и живеење со дијабет значи одржување на оптимални нивоа на шеќер во крвта. Како додаток на традиционалните третмани за дијабетес, суплементирањето со хром привлекува внимание поради потенцијалот на овој минерал да придонесе за подобрување на контролата на шеќерот во крвта. Сеопфатна мета-анализа објавена во „Journal of Trace Elements in Medicine and Biology“ оценила повеќе истражувачки студии и покажала дека доаѓа до умерено намалување на нивото на шеќер во крвта кај лицата со дијабетес тип 2 кои земале суплементи со хром. Иако не е самостојно и идеално решение, инкорпорирањето на суплементите на хром во сеопфатните пристапи за управување со дијабетот може да донесе одредени придобивки при регулацијата на шеќерот. 

"“Online”/

 

Придонесот на хромот за регулирање на шеќерот во крвта

Покрај неговото влијание врз инсулинската сензитивност, хромот игра клучна улога во регулирањето на шеќерот во крвта преку неговото учество во метаболизмот на глукозата. Минералот делува како незаменлив кофактор за неколку ензими одговорни за разградување и искористување на глукозата. Со одржување на активноста на овие ензими, хромот го олеснува и овозможува ефикасниот метаболизам на глукозата, со што помага во одржувањето на стабилно ниво на шеќер во крвта. Студија објавена во „American Journal of Clinical Nutrition“ покажала дека суплементацијата на хром доведува до подобро одржување на нивото на глукоза кај лица со т.н интолеранција на глукоза, односно нарушено одржување на нивото на глукоза измерено во конкретни интервали. Ова сугерира дека потенцијалните придобивки на хромот важат и за поединци со ризик од појаваа на дијабет.

Накратко, научните истражувања го нагласуваат и потврдуваат потенцијалот на суплементацијата со хром. Овој минерал може да влијае на инсулинската сензитивност, подобра контрола и менаџирање на дијабетот и регулацијата на шеќерот во крвта. Иако е ова потврдено и минералот има значаен потенцијал, важно е да се спомене дека хромот не е наменет да ги замени конвенционалните лекарства и терапии за дијабет. Консултација со вашиот лекар пред започнување со било какво суплементирање е неопходно. Потребно е континуирано истражување за да се утврдат оптималните дози, времетраењето на третманот и долгорочните ефекти од суплементацијата со хром кај различни популации. Хромот често се комбинира со растителни екстракти кои имаат научно докажано влијание на намалување на шеќерот. Токму ваква комбинација има во ГЛИКОБАЛАНС – природно решение за намалување на шеќерот.

 

За да нарачате ГЛИКОБАЛАНС – кликнете ТУКА!

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор