fbpx

Како стрес хормонот КОРТИЗОЛ влијае на КАРДИОВАСКУЛАРНОТО ЗДРАВЈЕ?

tonus

Кардиоваскуларното здравје е исклучително важна тема за која често пишуваме на нашиот блог. Имено, истото е зависно од повеќе различни фактори поврзани со начинот на живеење. Секако, тука спаѓа и изложеноста на стрес и нивото на кортизол – фактор кој има силно влијание на речиси сите здравствени аспекти. Затоа, денес ќе позборуваме накратко за влијанието на кортизолот врз кардиоваскуларно здравје и за начините на кои можеме да ги минимизираме неговите штетни ефекти.

 

Причини и ризик фактори за појава на кардиоваскуларни заболувања

Главни и јасни причини за појава на вавките состојби не се познати, но се смета дека се мешавина од повеќе т.н ризик фактори. Колку повеќе од овие ризик фактори имаме, толку се зголемени шансите за појава на заболување.

Во ваквите ризик фактори спаѓаат:

"“Online”/
  • Висок крвен притисок – еден од главните ризик фактори и најчесто застапен кај популацијата. Хипертензијата или високиот крвен притисок може да ги оштети крвните садови, а со тоа да се јават и низа на други Пушење – употребата на цигари значително го зголемува ризикот за појава на кардиоваскуларни заболувања. Штетните соединенија кои ги содржат циарите може да ги оштетат и стеснат крвните садови.
  • Покачен холестерол – исто така една од почестите состојби кај популацијата. Холестеролот претставува липидна молекула која е природно присутна во телото. Доколку неговите нивоа се покачени, тој може да предизвика стеснување на крвните садови и да го зголеми ризикот за појава на згрутчувања во крвта.
  • Дијабет – состојба каде нивото на шеќер во крвта е покачено. Може да предизвика оштетување на крвните садови, а со тоа да доведе и до нивно стеснување. Голем број од дијабетичарите имаат проблеми и со телесната тежина, а тоа претставува уште еден, дополнителен ризик фактор за срцеви Недоволна физичка активност – нередовното вежбање и „седечки“ начин на живот доведува до поголеми шанси за појава на хипертензија, покачен холестерол и покачена тежина.
  • Генетски фактори и фамилијарна историја – доколку имате блиски фамилијарни членови кои имале некакво срцево заболување, вашиот ризик исто така се зголемува.

 

Дополнителни ризик фактори:

  • Нездрава исхрана
  • Возраст – најчесто срцевите заболувања се јавуваат кај луѓето над 50 години, а ризикот дополнително се зголемува со возраста.
  • Употреба на алкохол
  • Полмажите се сметаат за поризични кога станува збор за кардиоваскуларни заболувања. Тие исто така се смета дека може да пројават проблеми со срцевото здравје уште во порана возраст.

 

Како кортизолот, познат и како хормон на стресот, влијае на кардиоваскуларното здравје?

Кортизолот е стероиден хормон произведен од надбубрежните жлезди, кој игра клучна улога во различни физиолошки функции, вклучувајќи го метаболизмот, имунолошкиот одговор и одговорот на телото кон стрес. Тој има повеќе клучни и неопходни функции и е од суштинско значење за нормално функционирање, неговото хронично покачување, често поврзано со хронична изложеност на стрес, може да има негативни ефекти врз кардиоваскуларното здравје. Еве како кортизолот влијае на кардиоваскуларното здравје:

Покачување на крвниот притисок

Кортизолот го промовира ослободувањето на адреналин и норадреналин, што може да ги зголеми отчукувањата на срцето и да ги стесни крвните садови, што пак доведува до покачен крвен притисок. Долготрајниот висок крвен притисок е ризик фактор за кардиоваскуларни заболувања, вклучувајќи срцев и мозочен удар.

Воспаление

Хроничното покачување на нивото на кортизол може да придонесе за системско, хронично воспаление. Воспалението е поврзано со развојот и прогресијата на атеросклероза, состојба каде што доаѓа до акумулација на наслаги во крвните садови, стеснувајќи ги и попречувајќи го нормалниот крвоток. Ова се смета за сериозен ризик фактор и значително го загрозува кардиоваскуларното здравје.

Регулација на шеќер во крвта

Кортизолот игра улога во метаболизмот на глукозата, па така зголеменото ниво на кортизол може да доведе и до зголемено ниво на шеќер во крвта. Со текот на времето, ова може да придонесе и прерасне во инсулинска резистенција и зголемен ризик од дијабетес тип 2 – состојби кои се сметаат за ризик фактор во кардиоваскуларното здравје.

 

Дислипидемија

Кортизолот исто така може да влијае и на метаболизмот на липидите, што доведува до промени во нивото на холестерол и триглицериди во крвта. Дисбалансот во липидните профили се поврзува и со зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања. Покачените нивоа на овој хормон исто така може да доведат до дисбаланс меѓу „добриот“ и „лошиот“ холестерол, со што дополнително го влошуваат липидниот профил.

 

Акумулација на масти околу стомакот

Овој стрес хормон се поврзува и со акумулација на маснотии, особено околу пределот на стомакот. Ова лесно се надоврзува и со веќе споменатата инсулинска резистенција и зголемениот ризик за дијабет. Дополнително, одредени истражувања покажуваат дека луѓето имаат далеку полош избор на храна кога се под стрес и често се ориентираат према т.н брза храна – богата со масти, сол и шеќер. Сето ова во комбинација допринесува за значителен ризик по кардиоваскуларното здравје.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор