fbpx

ЗЕЛЕНЧУКОВИ ЛАЗАЊИ – помалку калорични и поздрави од традиционалниот рецепт!

tonus

Лазањите се добро познат, карактеристично италијански рецепт кој е омилен на многумина. Тие се сметаат за деликатес, но нажалост често се асоцираат со нездрава, калорична храна која треба да се консумира ретко. Тоа е делумно вистина, но за традиционалните лазањи со месо и бешамел сос. Постојат огромен број на рецепти за вегетаријански лазањи каде месото се заменува со сезонски зеленчуци, па на тој начин добиваме понутритивен, поздрав и помалку калоричен рецепт. Во продолжение издвојуваме две интересни варијанти на вегетаријански лазањи кои можете да ги подготвите со моментално достапните зеленчуци.

Спанаќ – еден од најздравите лиснати зеленчуци

Првиот рецепт за вегетаријански лазањи ќе го содржи спанаќот како главна состојка, па затоа накратко ќе ги погледнеме неговите нутритивни карактеристики. Спанаќот се смета за еден од најздравите зеленчуци. Во нашата традиционална кујна спанаќот е застапен во различни рецепти и салати. Тој е одличен извор на микронутриенти, витамини, минерали, па и растителни влакна. Од друга страна има доста ниска калориска вредност.

Во 100g спанаќ се содржат:

  • 23 калорииl
  • 3,6g јаглехидрати
  • 2,9g протеини
  • 0,4g масти
  • 2,2g растителни влакна
  • 145mcg витамин К или 181% од Дневно Препорачаниот Внес
  • 2813IU витамин А или 56% од ДПВ
  • 58,2mg витамин В9
  • 8,4mg витамин С
  • 0,8mg железо

Дополнително, спанаќот содржи помали количества и на калциум, цинк, селен, бакар, фосфор,витамин В6 и витамин Е. Термички подготвениот спанаќ содржи неколку компоненти во поголема концентрација отколку свежиот.

"“Online”/

Сепак, присуството на оксална киселина делува инхибирачки на апсорпцијата на калциум и на железото, па спанаќот има помала биодостапност во однос на нив. Инаку, оксалната киселина преку врзувањето на дел од присутните железо и калциум ја намалува и отежнува нивната апсорпција во организмот.

Вегетаријанска лазања со спанаќ

За подготовка на овој рецепт ќе ви биде потребен околу еден час, а истиот е доволен за 6-8 лица.

Потребни намирници:

  • Половина килограм спанаќ (може и замрзнат)
  • Околу 400g кори за лазањи
  • 1-2 главици кромид, ситно исецкани
  • 2-3 чешниња лук, ситно исецкани
  • Маслиново масло
  • По желба, свежи печурки (околу 200g)
  • 2-3 јајца
  • 150ml доматен сос
  • 200-300g кисела павлака (по можност нискомаслена)
  • Околу 200-300g урда
  • Сол и мелен црн бибер

Подготовка:

  • Во тавче на малку маслиново масло се пропржува кромидот и лукот. По 4-5 минути, се додава спанаќот и се динста уште дополнителни 7-8 минути. Кон смесата се додава и околу 200ml вода.
  • Во посебен сад, се матат јајцата заедно со павлаката и урдата.
  • Во длабок сад за печење (обложен со тенок слој маслиново масло), се започнува со редење на првиот ред кори. Врз нив се става дел од смесата со спанаќ, а потоа се додаваат печурките (доколку ги употребувате) и дел смесата од јајца, павлака и урда. Се пропрскува со малку доматен сос и повторно се додава нов ред на кори.
  • Постапката се повторува се додека не се потрошат намирниците (корите и филот). Обидете се лазањата на врвот да завршува со филот.
  • На крајот додаваме уште мало количества вода по краевите и ваквата лазања се пече во рерна на 200 ℃, околу 45 минути.
  • Послужете со свежа салата.

 

Вегетаријанска лазања со праз

За подготовка на овој рецепт ќе ви бидат потребни околу 50 минути и се добиваат околу 4 порции.

Потребни состојки:

  • 300g кељ, исчистен и исецкан
  • Маслиново масло
  • Околу 400g праз, исецкан
  • 1-2 чешниња лук, исецкани
  • 300g урда
  • 100ml доматен сос
  • 100ml вода
  • 4 лажички песто сос
  • Околу 8 лазања кори (околу 200-250g)

Начин на подготовка:

  1. Кељот ставете го во зовриена, посолена вода, намалете ја температурата и оставете го да се свари околу 5 минути. Процедете.
  2. Загрејте маслиново масло во тавче и додадете го празот. Динстајте го околу 8-10 минути, додадете сол и црн бибер. Додадете го лукот и гответе дополнителни 2-3 минути. Околу 200g од урдата додајте кон празот, а веднаш додајте го и кељот. Промешајте и додадете ја водата и доматниот сос. Смесата треба да не е многу течна, доколку има потреба динстајте додека не испари дел од водата.
  3. Во тавчето во кое ќе се пече лазањата, пропрскајте маслиново масло и ставете четвртина од сосот. Врз тоа ставете 1 лажиче песто сос а потоа лазања кори. Повторете го овој редослед додека не ги потрошите состојките, притоа завршувајќи со лазања кори на врвот.
  4. Прелијте ја лазањата со мала количина вода, доматен сос и по желба пармезан.
  5. Печете околу 40 минути, односно додека корите не омекнат и заруменат.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор