fbpx

10те најздрави грицки!

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Сите знаеме дека грицките и сета препроцесирана храна не треба да ја има на нашето мени или да биде застапена во ретки исклучоци, особено ако имаме намера да слабееме.

Но, ужините во текот на денот, грицкањето додека ја гледаме омилената серија или фудбалски натпревар, не мора да биде навика која ќе не дебелее и нездрава храна, односно грицките не секогаш мора да бидат високо-калориска храна и храна пребогата со шеќери, сол и маснотии.

Ова значи дека постојат и т.н. ,,здрави грицки”. Овие грицки не само што нема да ве здебелат, туку ќе ви помогнат во контролирањето на апетитот и на тој начин, индиректно можат да бидат од помош при процесот на слабеење. Во нивниот состав можат да се кријат и други компоненти кои се добри за слабеењето, но и за одржувањето на различни аспекти од здравјето.

Најчесто, здравите грицки се прехранбени продукти од полнозрнасто житарки, продукти богати со здрави маснотии, растителни влакни и комбинации со свежа храна.

"“Online”/

Во продолжение, 10 примери на здрави грицки, покрај добро познатите кикирики, семки од тиква и сончогледово семе.

1) Различни комбинации на јаткасти плодови


Идеални вкусни и хранливи грицки. Содржат здрави маснотии, добар извор се на протеини, но и антиоксиданти, растителни влакна, витамини итн. Се поврзуваат, пред сé, со здравјето на срцето, но и превенирањето на некои други болести.

Дополнително, лесно поттикнуваат заситување, па на долг рок, повеќе студии укажуваат дека не само што маснотиите од нив нема да ве здебелат, туку напротив, ќе ви помогнат да ослабете.

Fibro Gel

Важни совети околу нив се: внимавајте на количините и немојте да ги пресолувате.


2) Сладок јогурт и бобести овошки

Овошките можат да бидат малини, капини, јагоди, рибизни итн. Ваквиот оброк е ниско-калоричен, но и добар извор на протенини(јогуртот), антиоксиданти(бобестите овошки се сметаат за најдобриот извор на антиоксиданти), витамини и други нутриенти, како калиумот и калциумот, на пример.

Добриот вкус е загарантиран.

3) Јаболка на ,,кришки” и путер од кикирики


Ќе се изненадите од вкусовите карактеристики на оваа едноставна комбинација. Јаболките се богат извор на растителни влакна и полифенолни антиоксиданти, што е одлично за дигестивното, но и за општото здравје.

Путерот од кикирики пак, е извор на здрави маснотии кои делуваат на подобрувањето на липидниот профил на крвта. Иако е богат со калории, со него тешко може да се претера, бидејќи делува и заситувачки. Една голема лажица путер од кикирики, во комбинација со едно јаболко со средна големина, ни обезбедува околу 200 калории од здраво потекло.

4) Темна чоколада и бадеми

Темната чоколада и бадемите се можеби највкусната здрава опција за ужина. Секако, ако се внимава на количините.

Темната чоколада е еден од најдобрите антиоксидативни извори, додека бадемите се добар извор на здрави маснотии (мононезаситени), пред сé. Ова овозможува бенефит за контролирањето на шеќерот во крвта, но е добро и за срцевото здравје.

Дополнително, и темната чоколада и бадемите содржат солидни количества магнезиум, макроминерал кој, повторно, игра многу важна улога во контролирањето на глукозата во крвта и е значаен за здравјето на срцето!

Гледајте темната чоколада да има најмалку 75% какао.

5) Моркови/краставица и хумус

Вкусот на оваа комбинација ќе ве изнанади, а дополнително ќе ве изненадат здравствените бенефити кои има да ги понуди. Краставиците содржат кукурбитацин Е, компонента која може да има антиканцероген ефект и практично се над 96% вода, значи имаа незначителен број калории.

Хумусот е направен од наут, маслиново масло и лук, секој од нив со свој придонес(свои уникатни компоненти) во делувањето на хумусот за намалување на воспалителните процеси во организмот, што пак делува на заштитата од низа на хронични заболувања.

Морковот е содржи витамини значајни за видот, но поседува и повеќе други корисни дејства.

100 грама хумус во комбинација со 200 грами моркови и/или краставица има само 200 калории.


6) Парче било какво овошје или различни овошни комбинации

Секоја овошка има свој уникатни позитивни влијанија на организмот, но сите имаат неколку заеднички корисни работи кои ги обединуваат: вкусна и освежителна храна, богата со антиоксиданти, витамини и минерали.

Најдобро и највкусно е да го изберете сезонското овошје, во зависност од годишното време, а некои особено погодни овошки за ужина, се постојано пристуни на пазарите,  како јаболките, бананите и цитрусните овошки.

Важно е да се каже дека подобро е да се консумираат целите овошки, пред било какви смути напитоци. Прво, заради тоа што соковите се концентрирана енергија, полесно внимаваме колкави количества јадеме ако ја јадеме целата овошка, а смути напитоците не го нудат и уживањето во јадењето на поединечна овошка.

7) Чиа пудинг

Чиа семето е дефинитивно ,,супер-храна”. Полно е со растителни влакна, протеини но и антиоксиданти кои нудат различни позитивни ефекти. Иако нема некој посебен вкус, чиа семето по подготвувањето нуди одлична, привлечна структура која можете да ја збогатите и со други здрави додатоци – какао, стевиа, путер од кикирики итн.

8) Маслинки


Еден од најнутритивните продукти кои често се користат во Медитеранската исхрана.

Содржат висок процент на здрави маснотии(мононезаситени) и се извор на моќни антиоксиданти, како олеуропеинот, на пример.

Ваквите состојки ги прават маслинките антивоспалителна храна, храна која ја намалува инсулинската резистентност, потенцијано антиканцерогена храна итн.

Во зависност од големината, 25 зелени или црни маслинки содржат од 100-175 калории.

9) Пуканки

Пуканките се полнозрнаста храна од житарката пченица. Можеби најпопуларните здрави грицки, но само ако се подготвени во сосем малку масло за готвење и без путер.

Вака подготвени, дефенитивно се здрава храна. Особено се богат извор на растителни влакна, антиоксиданти, можат да помогнат при дијабет, погодни се при слабеење, за видот итн. Децата ги обожаваат!

10) Печен и зачинет наут

Наутот можете да го сварите и потоа убаво да го испечете со зачини по ваш вкус. Покрај антиоксидантите кои се содржат во повеќето здрави зачини, наутот е една од поздравите мешунки. Богат е со протеини, витамини, минерали и растителни влакна.

Според тоа, погоден е за слабеење, одличен за дигестијата, помага за регулуирањето на глукозата во крвта и ја помага превенцијата од повеќе хронични заболувања.

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X