fbpx

Имате ли често чувство на ЗАМОР во нозете?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Ако често чувствувате болки во нозете, можеби е време да го проверите вашето кардиоваскуларно здравје.

Заморените нозе всушност можат да бидат симптом на неколку здравствени состојби, но најчесто ова непријатно чувство е предизвикано од:

• намалениот проток или циркулација на крв во нозете или пак
• ослабнати мускули на нозете

"“Online”/

Иако споменатите главни 2 проблеми најчесто доаѓаат со стареењето, треба да се знае дека заморените нозе не се случај само во подоцнежните години.

Заморените нозе и циркулацијата


Крвта патува од срцето до органите и мускулите преку мрежа од артерии. Преку вените пак, крвта се враќа во срцето и белите дробови за да прими кислород и да го започне повторно истиот циклус. Транспортирањето на крвта од долните предели на нозете и стапалата, може да биде отежнато кај одредени поединци.

• Хроничната венозна инсуфициенција

Вените имаат одреден механизам кој го помага движењето на крвта нагоре до срцето. Луѓето кои се слабо физички активни и поминуваат огромен период од времето во стоење или седење, се под сериозно зголемен ризик од проблеми со циркулацијата, особено со најчестиот проблем – хроничната венозна инсуфициенција. Главните ризик-фактори за оваа здравствена состојба се: староста, гојазноста, пушењето, бременоста, проширените вени и тромбозата се главните ризик-фактори.

Хроничната венозна инсуфициенција може да се манифестира со бројни симптоми, вкучително и заморени нозе. Вените кои имаат нарушена функција можат да предизвикаат и отоци на нозете, нови варикозни вени, промени на кожата, чешање и ронење на кожата итн.

Fibro Gel

Ако отоците излезат од контрола, најмалите крвни садови – капиларите – можат да пукнат, предизвикувајќи модринки низ површината на нозете. Ако пак е дијагностицирана длабока венска тромбоза, значително се зголемува ризикот од сериозни провлеми поради блокирањето на крвните садови од малите згрутчувања во крвта.

Доколку мислите дека имате проблем со циркулацијата или евидентно е дека имате проширени вени, консултирајте се со вашиот лекар, кој ќе ви даде соодветен третман. Што порано реагирате, тоа се помали потенцијалните оштетувања.

• Периферна артериска болест

Ако освен лесното заморување, чувствувате и болки во нозете, треба да обрнете внимание кога се случуваат тие болки. Ако наједноставното искачување по скалите ви предизвикува болка, а потоа со одморањето таа исчезнува, можеби имате состојба наречена периферна артериска болест. Оваа болест се развива кога артериите во нозете се стеснуваат поради наталожувањето на масни наслаги на нивните ѕидови.

Кога било кои мускули, во случајов на нозете, нема да добијат доволно оксигенирана крв, или крв богата со кислород, во нив се случуваат болки, сé додека не ја добијат потребната количина оксигенирана крв.

Периферната артериска болест може да биде и знак за некое посериозно кардиоваскуларно заболување. Насобирањето на масните депозити во периферните артерии укажува на опасност од потенцијални слични такви наслаги и на останатите артерии, вклучително и коронарните, односно артериите кои го хранат срцето.

Многумина кои страдаат од болки во нозете, веднаш ги поврзуваат со мускулни или ревматоидни, но според кажаното, некои форми на болки во нозете можат да бидат знак за срцево заболување.

Главните ризик-фактори за срцевите заболувања се: високиот холестерол, масти и крвен притисок, дијабет, бубрежни заболувања, гојазност, пушење, неактивен живот и генетиката.

Значи, како краток заклучок: доколку имате болки и често заморени нозе, одете на превентивен преглед на срцето и крвните садови, особено ако не сте имале ваков преглед во блиското минато и ако имате една или неколку од наброените состојби кои се ризик-фактор за срцеви заболувања.

Заморени нозе и ослабени мускули

Ако циркулацијата не е проблемот кој предизвикува болки во нозете, тогаш најверојатно проблемот се ослабените мускули. Оваа состојба е позната како саркопенија, состојба која доаѓа со процесот на стареење. По 30тата година, природно започнува намалувањето на мускулната маса. Густината на коските, исто така се намалува со стареењето. Дополнително, кај жените, хоромоналните промени поттикнати од менопаузата ги прават коските поподложни на фрактури при физички повреди.

Проблемите со загубата на мускулната маса не се загрижувачки само за бодибилдерите. Состојбата на мускулите е клучна за сите активности на телото и нивното ослабување може да ја ограничи подвижноста во голема мера, што води кон намален квалитет на живот во целина.


Физичката активност е клучот

За среќа, на саркопенијата и намалената густина на коските можеме да им се ,,спротивставиме” со едноставни вежби, како редовно пешачење(посебно по нагорнини или скали) и подигнување на помали тежини.

Иако можеби изгледа чудно и тоа е првиот мотив кој ги одвраќа луѓето од вежбање – непријатното чувство и болките во нозете се значително помали по добра сесија физичка активност, отколку при седење или лежење.
Седечкиот начин на живот предизвикува предвремено губење на мускулната маса.

Заклучокот е следен – вежбањето е добро за мускулите, а и за срцето кое е еден од нив!

Почнете со помал интензитет, и најмалата прошетка се смета за активност. Ако таа премине во навика, само гледајте како се зголемува вашиот ,,апетит“ за физичка активност!

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X