fbpx

КРАЛОТ на доручеците – ОВЕСОТ!

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Oвесот се вбројува во најздравите житарки што воопшто можете да ги најдете на пазарот. Тој е навистина богат извор на микро и макронутриенти. Тој е исто така богат извор на растителни влакна и е погоден за консумација кај луѓето кои имаат глутенска интолеранција или целијакија.

Доста е значајно што ваквата житарка се користи како полнозрнеста. Тоа значи дека сите можни нејзини хранливи компоненти можат да бидат внесени. Дали ќе се користи како цело зрно (но на тој начин потребно е подолго готвење), скршено зрно или овесни снегулки, внесувањето на сите хранливи компоненти е можно.

Во продолжение неколку од најважните, научно потврдени корисни дејства на овесот врз нашиот организам:

"“Online”/

1) Овесот е ,,супер-храна”

Хранливот состав на овесот е добро балансиран. Тоа значи дека тој е добар извор на сложени јаглехидрати, но во исто време и на растителни влакна, вклучително можеби најмоќниот фибер, бета-глуканот.

Овесот е исто така подобар извор на протеини и масти од повеќето житарки. Исклучително богатиот микронутритивен состав, во само една чаша (oколу 80g) или еден овесен оброк е следен:

– Манган – 191% од Дневно Препорачаниот Внес
– Фосфор – 41% од ДПВ
– Магнезиум – 34% од ДПВ
– Бакар – 24% од ДПВ
– Железо – 20% од ДПВ
– Цинк – 20% од ДПВ
– Витамин В9 – 11% од ДПВ
– Витамин В1 – 39% од ДПВ
– Витамин В5 – 10 од ДПВ
– помали концентрации на калциум, калиум, витамин В6 и витамин В3.

Fibro Gel

Сето ова доаѓа заедно со квалитетниот макронутритивен состав од 50g jaглехидрати, 13g протеини и 8g растителни влакна. При тоа, калориската или енергетска вредност е само 300Kcal.

Oва го прави овесот нутритивно најгусто пакувана храна што воопшто може да се најде на трпезата.

2) Овесот содржи висока концентрација на растителни влакна помеѓу кои и оние со најмоќно дејство – бета-глукан растителни влакна!

Овесот содржи високи концентрации на бета-глукан, тип на растворливи растителни влакна. Бета-глуканот делумно се раствора во вода и формира дебел слој во вид на гел во дигестивниот тракт. Помеѓу моќните дејства на бета-глуканот се:

– Намалувањето на LDL, како и нивото на целокупниот холестерол во крвта
– Намалување на нивото на глукоза во крвта
– Зголемување на чувството на ситост
– Зголемување на нивото на корисна цревна микрофлора

3) Растителните влакна можат да го намалат вкупното ниво на холестерол во крвта и да го заштитат LDL холестеролот од оштетувања

Кардиоваскуларните заболувања се меѓу водечките фактори за смртност на глобално ниво. Еден од ризик факторите за развој на ваквите заболувања е повишениот холестерол во крвта.

Како што веќе споменавме, овесот е исклучително добар извор на растителните влакна, особено на бета-глукан кој докажано има ефект на намалување на LDL и целокупниот холестерол во крвта.

Оштетувањата на холестеролната молекула најчесто се одвива преку нејзина оксидација со слободните радикали. Знаеме дека ,,борбата” со слободните радикали ја превземаат антиоксидантите.
Конткретно за оксидацијата на LDL холестерол молекула, како ефективен се покажал антиоксидативниот витамин С, но во комбинација со антиоксидантите кои се наоѓаат токму во овесот.

4) Овесот може да помогне во оптимизирањето на нивото на глукоза во крвта

Според повеќе студии кој се занимавале со оваа тематика, овесот може да помогне во намалувањето на нивото на шеќер во крвта. Ова особено е случај кај луѓето со прекумерна телесна тежина и оние со дијагностициран дијабетес тип 2.

Тој исто така може да помогне во подобрувањето на инсулинската сензитивност. Ова е од особено значење за болните од дијабет тип 2.

Ваквото дејство повтороно се поврзува со компонентата бета-глукан.

5) Овесот помага за намалување на телесната тежина!

Сите претходно наведени точки силно наведуваат на ваков заклучок. Високата концентрација на растителни влакна, присуството на бета-глуканот и неговото дејство врз глукозата во крвта, па и дејството врз намалувањето на холестеролот во крвта. Потоа, многу важно е да се спомене и богатиот целокупен нутритивен состав од една страна, а не толку високата калориска вредност, од друга страна.

Дополнително, бета-глуканот може да поттикне дополнително ослободување на т.н. пептид YY(PYY), кој е хормон продуциран во желудникот како резултат на внесената храна. Овој хормон, уште наречен и хормон на ситоста, во студиите се покажал како најзначаен во намалувањето на потребата од внесување на непотребни калории. Секако, ова претставува прв ризик фактор за развивање на обезност или дебелина.

Во процесот на слабеење помеѓу најважните компоненти се јавуваат растителните влакна.

Значењето на растителните влакна за здравјето на цревната микрофлора, а со тоа и на целокупно здравје на човекот е големо. Помеѓу најбитните позитивни влијанија на растителните влакна се: одржувањето на здравјето и перлистатиката на цревата (помагаат при констипација), хранењето на корисната микрофлора, обезбедувањето на постепено испуштање на глукозата во крвта и намалувањето на ,,лошиот” холестерол во крвта.

Сето ова е од особено значење во процесот на слабеење.

Покрај овие повеќе ,,научни фактори”, за слабеењето е значајно е и храната да биде вкусна и полесно да заситува. Овесот ги исполнува и тие услови, особено доколку се јаде со комбинација со вкусно зрело овошје.

6) Овесот е богат со антиоксиданти и може да помогне при намалување на ризикот од астма кај децата

Овесот е богат со антиоксиданти: полифенолни соединенија, ферулична киселина во значителни количини, како и уникатна група на антиоксиданти наречена авенантрамиди. Авенантрамидите речиси и да не се присутни во некоја друга храна.

Овие уникатни антиоксиданти можат да помогнат во намалувањето на крвниот притисок преку поттикнување на продукцијата на азотен моноксид. Азотниот моноскид ја помага дилатацијата или ширењето на крвните садови, што води кон подобар проток на крвта.

Секако, дополнително авенантрамидите имаат антивоспалителен, па и анти дерматитски ефект.

Астмата е најчестото хронично заболување кај децата. Таа претставува воспалително нарушување на дишните патишта. Како ризик фактор од ова заболување и некои други алергиски заболувања се смета прераното воведување на цврста храна кај бебињата.
Но, случајот е токму спротивен кај овесот. Имено, една студија укажува дека хранењето на бебињата под 6 месечна возраст е поврзано со намален ризик од детска астма.

7) Овесот може да помогне и за здравјето на кожата

Можеби за некого е изненадувачки, но овесот многу често се наоѓа како составна компонента на повеќе продукти за нега на кожата. Во листата на составни компоненти овесната компонента е означена како колоидален овес.

FDA или Американската агенција за храна и лекови во 2003 година го потврдила заштитното дејство на колоидалниот овес во однос на кожата.

Продуктите за нега на кожа кои се на база на овес, според некои студии можат да помогнат при намалувањето на симптомите на дерматитис.

8) Може да помогне при превенцијата од рак на дојка

Според студијата објавена во International Journal of Epidemiology, јадењето овес за појадок, помага да се превенира рак на дојка. Поточно, жените кои се во период на предменопауза, а консумираат исхрана богата со хранливи влакна добиени од полни зрна, како овесот, го намалуваат ризикот за развој на канцер на дојка за дури 41%.

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X