fbpx

Зошто е толку важна разновидноста во вежбањето?

tonus

Започнувањето на нова програма за вежбање, или адаптирањето на старата може често да изгледа збунувачки, па понекогаш дури и застрашувачки. Можеби сме се навикнале на одредени вежби, задоволни сме од резултатите што ги нудат, сме се навикнале на интензитетот итн.

Но, внесувањето на нови вежби во планот за вежбање и промени во веќе постоечките е од исклучителна важност. Може да направиме една едноставна споредба на вежбањето со исхраната. Сите имаме одреден рецепт или тип на храна што ни е омилен, но тоа не значи дека ќе ја јадеме константно истата. Здравата исхрана е базирана на разновидност. Истото важи и кај вежбањето. Телото има потреба од активирање на нови мускулни групи и од нови движења. Во денешната статија ќе согледаме зошто е важно да се експериментира и да се има разновидност во физичката активност.

 

Што се случува со нашите мускули кога ги повторуваме истите вежби?

 

"“Online”/

Постојат бројни причини зошто луѓето префереираат и се враќаат кон одреден тип на вежби. Доколку уживаме и некоја вежба ни претставува задоволство, во никој случај не треба да ја исклучиме од нашата рутина. Пронаоѓањето на вежби што ни одговараат и се врмежени во нашите навики е одличен и клучен чекор кон редовна физичка активност. Но, постои начин како и таквите вежби да се променат или да се експериментира со нив.

Доколку ги практикуваме истите вежби одново и одново, ние ги активираме истите мускулни групи. Ова е одлично, но проблемот се јавува кога навистина долго време го правиме истото и не внесуваме нови работи.

Нашето тело има фантастична способност за адаптација. Правејќи ги истите вежби, мускулите се адаптираат, односно навикнуваат и доаѓаме до одреден лимит во вежбањето. Без да внесеме нови вежби или да ги адаптираме старите, тој лимит во вежбањето е тешко да се надмине. Покрај ова, повторувањето на истите вежби може брзо да стане здодевно и неинтересно и да го направи вежбањето потешко.

 

 

Кои се придобивките од внесување на разновидност во вежбите?

 

1 . Не дозволувајте телото да се навикне на истите движења и вежби

Колку е поразновидно вежбањето, толку е полесно константно да активираме и ангажираме различни мускулни групи. Новите вежби имаат различен ефект, и подложуваат разни мускули на стрес и оптеретување. Ова значи дека нови регии од телото се активираат, можеби и првпат по подолг период. Покрај ова, доколку имаме константно иста рутина, може да не дојде до значајно мускулно подобрување, туку до невролошко. Тоа значи дека едноставно сме се навикнале и сме ги усовршиле одредените движења без притоа значајно да ги оптеретуваме мускулите. На овој начин не правиме напредок и не добиваме подобри резултати.

 

2 . Може да ни олесни одредени вежби

Мешањето на повеќе типови вежби може да доведе до подобрување во одредени области каде мислиме дека сме го постигнале максимумот. Доколку забележиме потешкотија со некоја вежба, одредена промена во истата или практикување на слична, може да го реши проблемот.

 

Како пример, некои луѓе имаат потешкотии вежбајќи го стомакот, други пак рацете. Можеби воопшто не е проблемот во нас, туку во вежбите. Секогаш испробувајте повеќе типови вежби кои имаат иста мускулна група како таргет. Може да најдете нова вежба која ви е лесна и пријатна за практикување, а ја вежбате мускулната група која сте ја сметале како проблематична.

 

3 . Разновидноста дава нов стимул и мотив за вежбање

 

Кога нешто ни се гледа тешко или напорно, може да сме во искушение да го избегнеме. Но, на секоја вежба постојат многу варијации и опции. Повторувањето на истите вежби не само што ги навикнува нашите мускули, туку и може да прерасне во здодевна и повторувачка навика. Задавање на нови предизвици и нивно исполнување, го прави целиот процес уште повеќе наградувачки и исполнителен.

 

4 . Разновидноста значи активирање на целото тело

 

Доколку комбинираме умерени и поинтензивни кардио вежби со вежби со тежина, ние го вежбаме целото тело. Кардио вежбите се одлични за ,,топењето маснотии и за подобрување на нашата кондиција. Вежбите со тежина пак, се одлични за зајакнување на мускулното ткиво, како и за зајакнување на нашите зглобови, лигаменти и коски. Вежбите со тежина исто така допринесуваат за трошење на калориите, но на поразличен начин. Миксот од повеќе различни типови на тренинзи ќе ни ги даде различните придобивки.

 

[Поврзано: 7 придобивки од вежбите со тежина – здрава навика која може да ја практикувате од дома!]

 

Не плашете се да експериментирате

Повремено, обидете се да дадете шанса на некоја нова вежба или можеби сосема нов тип на тренинг. Редовното трчање заменете го со играње на тенис или одбојка, а возењето велосипед со искачување на планина. Наместо да пешачите, поработете во вашата градина или двор.

 

Кај вежбите со сопствена тежина или со тегови постојат безброј варијации и опции. Можеби ќе најдете нова вежба што ќе ви биде омилена. Не плашете се да испробате нешто ново и поинакво, бидеќи тоа е клучно за вежбањето да биде навика која ни е интересна и која нé радува. Разновидноста во вежбањето значи поздраво тело и поздрав ум.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор