fbpx

Каде најчесто е скриена солта во исхраната?

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Проблемите со кардиоваскуларното здравје се едни од најчестите и најзагрижувачките во светски рамки. Статистички, во САД на секои 36 секунди едно лице умира поради проблеми со кардиоваскуларното здравје. Речиси 25% од сите смртни случаи се препишуваат на овој здравствен проблем, а тоа се околу 655,000 животи секоја година, само во САД. Ваквата статистика важи и за нашата земја.

Според одредена статистика, во 2016 година, околу 11.000 смртни случаи се директно поврзани со проблеми со кардиоваскуларното здравје. Ваквата бројка учествува со 53,5% од вкупниот број на смртни случаи таа година и е всушност на првото место. Постојат голем број причини за ваквата статистика, но секако мора да ја споменеме една од најочигледните, а тоа е начинот на живеење или поконкретно исхраната на луѓето.

Денешните времиња налагаат исхрана која е поретко домашно приготвена и неретко содржи прекумерни количества на масти, рафинирани јаглехидрати и сол. Иако до често се зборува за штетноста од прекумерниот внес на сол, луѓето ретко внимаваат на нејзиниот внес, особено доколку сè уште не се јавил некаков здравствен проблем. Токму затоа, во продолжение од оваа статија ќе зборуваме за внесот на солта и за новите препораки кои се објавуваат во светот.

"“Online”/

 

Ефектот на солта врз кардиоваскуларниот систем

 

Готварската сол претставува соединение со хемискиот назив натриум хлорид. Токму натриумот присутен во солта е оној што влијае врз кардиоваскуларниот систем. Имено, тој претставува неопходен минерал кој е потребен за човековото тело.

Има незаменлива улога во нормалната функција на нервниот систем, мускулите и нивните контракции, како и во одржување на оптималното ниво на течности во телото. Но, таквата рамнотежа на течности во телото е доста нежна и подложна на промени.

Преголем внес на натриум (најчесто преку солта) може да доведе до задржување на повеќе течности од што ни се потребни. Ваквото задржување на течности доведува до зголемување на крвниот притисок, а тоа претставува сериозен ризик фактор за бројни срцеви заболувања. Затоа, лицата кои веќе имаат проблеми со крвниот притисок е особено важно да внимаваат на внесот на натриум, односно на употребата на сол.

Здравствените препораки ширум светот велат дека внесот на сол треба да е лимитиран до околу 2,3g или 2300mg на ден. Оваа количина соодвестува со околу 1 израмнета мала лажичка сол, количество кое е често прекорачено несвесно. За луѓето со хипертензија, се препорачува внесот на сол да биде и под 1,5g или 1500mg на ден.

 

Нови препораки за помал внес на сол

 

Во САД, Агенцијата за храна и лекови препорачува и апелира, производителите на храна да употребуваат помалку сол, а луѓето внимателно да ја користат солта и да ги читаат нутритивните табели на пакувањата.

Проблемот е дополнително нагласен бидејќи најголемиот дел од консумираната сол не доаѓа од домашната употреба, туку луѓето несвесно ја внесуваат во прекумерни количини преку комерцијалните намирници.

Се смета дека дури 70% од дневниот внес на сол, доаѓа преку комерцијалната храна. Инаку, солта се смета за неопходен дел од голем број намирници бидејќи допринесува за подобар вкус, но и може да го подобри нивниот рок на траење и стабилност. Затоа, елиминирањето на поголемиот дел од солта во храната е речиси невозможно, а намалување на нејзиното количество е предизвик за произведувачите.

Сепак, голем дел од храната содржи сол во енормно големи количества. Затоа, неопходно е да се направат одредени промени во самото производство, но и самата популација е потребно да е свесна за количините на сол кои ги внесува. Инаку, се смета дека голем дел од популацијата често ги надминува препорачаните 2,3g сол на ден, па затоа лимитирањето на внесот на сол барем до оваа препорака би се сметало за делумен успех.

Fibro Gel

 

Како да го контролираме внесот на солта преку исхраната?

 

Внесот на сол може прилично лесно да се намали доколку внимателно ги одбираме намирниците кои ги купуваме и начинот на кој ги подготвуваме. Дел од најдобрите препораки за намалување на внесот на сол се:

  • Внимателно читајте го пакувањето на храната – преку читање на нутритивната табела можеме значително да го намалиме и ефективно да го контролираме внесот на сол, односно натриум преку исхраната
  • Избегнувајте ги намирниците кои имаат огромни количества сол – колбасите, сувомеснатите производи, чипсот, соленките, сирењата, маслинките и голем број други намирници имаат огромни количества сол. Настојувајте нивниот внес да биде минимален или целосно елиминирајте ги од исхраната. Ваквата храна заменете ја со здрави, свежи алтернативи, зеленчуци, житарки, цели парчиња месо, семки, јатки и сл.
  • Внимавајте на купечката храна – голем број ресторани и локали кои продаваат готова храна, ја употребуваат солта неодговорно. Најдобро е ваквата храна да се избегнува или да се консумира сосем ретко и во помали количини. Доколку постои опција за посвежа и помалку солена храна, секако, одберете ја.
  • Внимавајте со различните типови на сол – многумина сметаат дека термините „морска“ или „хималајска“ сол значи дека таквата сол е безбедна за употреба. Иако натриумот е можно да е застапен во помали количества во ваквата сол, тој сепак може да ги предизвика истите несакани ефекти доколку го внесеме во прекумерни количини.
  • Намалете ја употребата на солта при готвењето – наместо сол, употребете повеќе различни зачини кои ќе допринесат кон побогата арома на храната.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор