fbpx

Сокот од ЦВЕКЛО – корисен за спортистите и одличен за здравјето на срцето!

tonus

Честопати ги повторуваме трите основни навики за здраво живеење – здрава и разновидна исхрана, редовна физичка активност и квалитетен сон. Тие се сите заедно поврзани и меѓусебно зависни. Доколку се избалансирани, нашиот квалитет на живот ќе биде на највисоко ниво. Токму ваквата поврзаност е тема на голем број проучувања. Физичката активност знаеме дека е директно зависна од исхраната (како извор на енергија и материја на телото). Па така, често слушаме за намирници кои се исклучително добри и пожелни за луѓето кои се физички активни. Една од тие намирници е и цвеклото. Неговиот ефект врз способноста за вежбање е тема на повеќе истражувања и токму тоа е темата на нашата денешна статија.

 

Зошто е здраво да се јаде цвеклото?

 

Пред да ги согледаме ефектите кои ги има цвеклото врз физичкиот перформанс, најпрвин кратко да споменеме што всушност го прави цвеклото толку здраво.

Имено, цвеклото е двегодишно растениe со темноцрвен вретенест корен и темнозелени листови, а спаѓа во најкорисните и најлековити градинарски култури. Се користи целото растение и може да се употребува во текот на целата година. Ова растение изобилува со есенцијални хранливи материи како витамини, минерали, но и некои фитохемикалии кои можат да имаат дури и лековити својства. Тоа е ниско калорично, а е добар извор и на растителни влакна. Цвеклото може да помогне во намалување на високиот крвен притисок за неколку единици, за многу кратко време. Знаеме дека хипертензијата е еден од најголемите ризик фактори за повеќето кардиоваскуларни заболувања.

"“Online”/

 

Корисното својство на цвеклото во однос на кардиоваскуларното здравје, главно се должи на неговиот состав, односно содржината на нитрати, кои се ,,претвораат” во азотен оксид во телото. Овој оксид делува на релаксација на крвните садови, на тој начин подобрувајќи го протокот на крвта низ нив, што пак води кон намалување на крвниот притисок. Токму ова соединение е заслужно за популарноста на сокот од цвекло, особено кај спортистите.

 

Придобивки од консумирањето на сок од цвекло

 

Како што споменавме, цвеклото, а со тоа и сокот од цвекло, претставува одличен извор на неоргански нитрати кои во телото подлежат на метаболиски промени и се конвертираат до азотен оксид.

Имено, едно постаро истражување покажува дека суплементацијата со вакви нитрати ја намалува потребата од кислород во организмот кај велосипедистите. Ваквото откритие било доста интересно за научниците и било мотив за дополнителни, нови истражувања.

Токму една таква студија вклучила две групи на мажи кои добивале околу 500ml сок од цвекло или сок од рибизла (кој има сосем мали количини на нитрати), во рок од 6 дена. По истекот на 6-те дена, била направена пауза од 10 дена, а потоа биле заменети пијалоците со групите. Во последните 3 дена (од вкупно 6), концентрацијата на нитрати во крвта на испитаниците кои пиеле сок од цвекло била речиси дуплирана (во споредба со првичната) и нивниот систолички крвен притисок (горната вредност) опаднал во просек за 6 единици. При вежбањето на стационарен велосипед, нивната потрошувачка за кислород била намалена за дури 19%. Исто така, тие можеле да продолжат и да вежбаат подолго и покрај заморот што го чувствувале.

Ваквите резултати се смета дека се должат токму на азотниот оксид, кој како што рековме, доведува до релаксација на крвните садови, помага при контракцијата на мускулите како и при преносот на нервните сигнали.

 

Други истражувања покажуваат дека цвеклото може да ја зголеми кондицијата при вежбањето за 16%, токму заради поттикунувањето на создавањето азотен оксид. Пикот на овој оксид во крвта се случува 2-3 часа по пиењето на сокот од цвекло, па затоа за најдобар перформанс, оптимално е сокот да се испие неколку часа пред тренингот или натпреварот.

 

Студија спроведена во 2015 година, вклучила пет жени кои биле професионални спортисти (кајакарки). Тие добиле околу 140ml сок од цвекло, кој содржел околу 600mg нитрати, два часа пред тренингот. Споредено со плацебо, спортистките по пиење на сокот од цвекло имале подобар перфрорманс за 1,7%.

Постојат многу типови на студии кои покажуваат слични резултати. Сокот од цвекло (консумиран непосредно пред физичка активност) го подобрува перформансот, благодарение на нитратите кои ги содржи. Но, сè уште не е познато дали долгорочното консумирање на цвекло ќе значи и долгорочен подобрен перформанс и дали ќе дојде до зголемување на ефектот кој го имаат нитратите.

Покрај спортистите и луѓето кои практикуваат редовна физичка активност, ваквиот позитивен ефект на цвеклото може да е корисен и посакуван и за луѓето со срцеви проблеми, покачен крвен притисок и сл. Позитивниот ефект на цвеклото може да го олесни извршувањето на секојдневните активности, да ја подобри нивната кондиција, способноста за физичка активност и сл.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор