fbpx

Зошто и како ТРАНС МАСТИТЕ влијаат негативно врз НИВОТО НА ХОЛЕСТЕРОЛ?

tonus

Иако мастите ги бие лош глас како нутриент кој треба да се избегнува и консумира што помалку, реалноста е дека навистина постојат здрави, неопходни масти без кои нашето тело не може да функционира. Тука ги вбројуваме исклучително здравите омега – 3 и омега – 6 масните киселини кои главно се наоѓаат во незаситените и полинезаситените масти. Овие масти ги среќаваме во рибата, јаткастите плодови, семките, маслиновото масло итн. Но, навистина постојат масти кои треба да се избегнуваат и да се внесуваат што е можно помалку, а денес ќе се задржиме конкретно на еден тип вакви масти – транс мастите. Ќе зборуваме зошто се тие толку нездрави и конкретно, како може да влијаат негативно на нивото на холестерол.

 

Дали постои храна која содржи исклучиво еден тип на масти?

Во реалноста не постои храна која што е составена само од еден тип на масти, туку таа е најчесто комбинација од повеќе типови на заситени и незаситени масти. Целта е да се насочиме кон намирници кои доминантно имаат незаситени масти, но тие секако во својот состав ќе содржат и заситени масти. Во групата на незаситени масти спаѓаат мононезаситените (омега-9) и полинезаситените (омега-6 и омега-3 масни киселини) и тие се наоѓаат во различни намирници.

"“Online”/

За добар извор на мононезаситени масти се сметаат: маслиновото масло, маслинките, семките од тиква, јатките, јајцата, сончогледот и сл. За добар извор на омега-3 се сметаат: масните типови на риба (лосос, сардини, пастрмка, харинга), чиа семе, орев, ленено семе и др.Добри извори на омега-6 масните киселини се: сончогледовото масло, маслото и семето од сусам, семето од афион, лененото семе, бадемите, индиските ореви и др.

Проблемот настанува кога се консумираат намирници и храна која доминатно не ги содржи овие два типа, туку содржи транс масти.

 

Што претставуваат транс мастите и зошто се толку штетни?

Трансмастите можат да се наречат и вештачки масти (постојат и природни, но тие се застапени во мал процент кај некоја животинската храна). 

Транс масните киселини, попознати како транс масти, се синтетизирани со загревање на незаситените, течни масла, во присуство на водороден гас и катализатор. Овој процес е наречен хидрогенизација. Процесот се изведува заради достигнување на поголема стабилност, односно подолг рок на траење, поради добивање на цврстина, со што се добива функционална маст (маргарин или разни шортенинзи).

Ваквата постапка во прехранбената индустрија се прави заради тоа што вештачки добиената заситена маст има погодни функционални својства. Функционални, кога се работи за текстурата на храната, рокот на траење и некои други својства, кои се важни за прехранбената индустрија. Поради овие причини, транс мастите се широко застапени во поголемиот дел од процесираните производи.

Исто така, делумно хидрогенизираните маснотии можат да се загреваат и на повисоки температури (за разлика од некои незаситени масла), без да претрпат ,,оштетувања”, што ги прави добар медиум за пржење.

Ваквите функционални својства, од кои често има потреба прехранбената индустрија, прави трансмастите да бидат широко присутни во процесираната храна. Овој тип на маснотии е најлошиот за срцето, крвните садови и генерално целиот организам. Зошто е тоа случај?

  • Го подигнуваат нивото на LDL и го намалува нивото на HDL холестеролот
  • Поттикнуваат воспалителни процеси, процеси кои се поврзани со функционалноста на имуниот систем, што понатаму се одразува преку срцеви заболувања, срцев удар, дијабетес и други хронични заболувања.
  • Влијаат на создавањето на инсулинска резистенција
  • Можат да имаат негативно влијание и доколку се консумираат во многу мали количини. Една студија утврдува дека со секое зголемување од 2% на учеството на трансмастите во дневниот калориски внес, за 23% го зголемува ризикот од срцеви заболувања.

Транс мастите најмногу се застапени во: маргарини, пржена храна (особено во помфрит, мекици и крофни), чипс, пуканки од микробранова, замрзнати теста и некои видови крекери.

 

Како влијаат транс мастите врз нивото на холестерол?

Транс мастите го попречуваат нормалниот липиден метаболизам и делуваат проинфламаторно, односно ја зголемуваат инфламацијата, особено во артериските ѕидови, забрзувајќи и влошувајќи го таложењето на наслаги и стеснувањето на крвните садови. Како резултат на тоа, консумирањето транс масти придонесува за неповолен липиден профил, што е клучен фактор на ризик за срцеви заболувања.

Транс мастите не само што го зголемуваат нивото на „лошиот“ LDL холестерол, туку тие исто така го намалуваат „добриот“ HDL холестерол, а може да го зголемат и вкупниот холестерол. Оваа дисрегулација на липидните профили значително придонесува за развој на артериосклероза и коронарна срцева болест. Дополнително, се покажало дека транс мастите го зголемуваат нивото на триглицериди, друг вид на маснотии во крвта поврзани со кардиоваскуларниот ризик. Механички, транс мастите го нарушуваат нормалниот липиден метаболизам со „мешање“ во ензимските процеси вклучени во регулацијата на холестеролот и зголемување на воспалението во артериските ѕидови.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор