fbpx

Вкусна, достапна и здрава – искористете го периодот на ТРУПКАТА!

tonus

Преку изминатите неколку рецепти, се обидуваме да ви предложиме што повеќе идеи кои ќе вклучат свежи зеленчуци за подготовка на салати, супи или друг тип на јадења. Денес, издвојуваме две свежи салати кои може да ги подготвите со еден извонредно здрав зеленчук кој претстојниот период ќе биде присутен на пазарите – трупката.

Пријатен вкус и богата со течности- трупката е идеална за зимските салати

Трупката претставува коренест зеленчук кој се одледува и кај нас и кој го има во изобилство во зимскиот период. Најчестите типови имаат виолетова, црвена или зеленкаста надворешност со мазна и богата бела внатрешност. Коренот, но и листовите на трупката се јадливи, па истите се користат во повеќе кујни низ светот.

Трупката има извонреден нутритивен профил. Како и повеќето зеленчуци, тие се исклучително ниско-калорични, а се значителен извор на разни витамини и минерали.

"“Online”/

Во околу 100g свежа трупка се содржат:

  • Само 30 калории
  • Околу 6g јаглехидрати
  • Околу 1,5g растителни влакна
  • Помалку од 1g протеини

Покрај тоа, трупката е одличен извор на витамините Ц и Б6, но и на минералите бакар, калиум, натриум, железо, манган и др.

Инаку, трупката е составена од дури 92% вода, со што се објаснува нејзината сочност, текстура но и малиот број на калории. Таа има слична структура на цвеклото, но најчесто е побогата со течности. Исто така, трупката е позната по својот сладок, сосема умерен горк вкус, кој може да потсеќа на ротквиците.

Свежа салата од трупка, цвекло и зелка

За подготовка на оваа салата ќе ви бидат потребни 10-15 минути, а истата е доволна за 4 лица

Потребни намирници:

  • 1-2 трупки со средна големина, измиени и излупени
  • 1-2 цвекла, измиени и излупени
  • Половина зелка
  • Маслиново или сончогледово масло
  • Балсамико оцет
  • Сол и мелен црн бибер

Подготовка:

  1. Изрендајте ги групките и цвеклото и ставете ги во длабок сад за салата. Зелкате ситно исецкајте ја и додајте ја кон нив. Прелијте ги зеленчуците со малку масло и балсамико оцет. Зачинете со сол и мелен црн бибер.
  2. Послужете како прилог на главното јадење.

Свежа салата со марула, трупка и киноа

За подготовка на овој рецепт ќе ви бидат потребни околу 25 минути. Истиот е доволен за 2-3 лица.

Потребни намирници:

  • 2 поголеми трупки, исчистени и излупени
  • 1-2 чешниња лук, ситно исецкани
  • Маслиново масло
  • Малку сусам
  • 1 мала лажичка мед
  • 1 лажица соја сос
  • Една помала марула, исчистена и исецкана
  • 1 шолја зготвена киноа
  • 1-2 млади кромидчиња, исецкани
  • Малку балсамико оцет

Подготовка:

  1. Подгответе ја киноата така што ќе ја измешате со 2 чаши вода. Ваквата смеса доведете ја до вриење, а потоа оставете ја со капак да врие околу 15-20 минути, односно додека киноата не омекне и не ја впие целата вода. Тргнете ја од оган и оставете ја покриена со капакот уште 3-5 минути.
  2. Трупките изрендајте ги и ставете ги во длабок сад за салата заедно со лукот, марулата, младиот кромид.
  3. Состојките за преливот (мед, маслиново масло, оцет, сусам и соја сосот) измешајте ги во мал сад. Прелијте ги врз зеленчуците и фино промешајте ја салатата.
  4. Зготвената киноа ставете ја врз зеленчуците, благо промешајте и послужете.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор