fbpx

Кој тип на ХРАНА треба да се избегнува при ПОКАЧЕН ХОЛЕСТЕРОЛ?

tonus

Покачениот холестерол е доста чест проблем кој нажалост многумина го занемаруваат. Тоа делумно се должи на фактот дека истиот не покажува никакви симптоми, односно не го нарушува секојдневното функционирање. Но, тој има сериозни ефекти врз кардиоваскуларното здравје и впрочем е често наречен и како „тивок убиец“ поради опасноста која ја носи без да појавува никакви симптоми и знаци. Во оваа денешна статија ќе се задржиме на исхраната, поконкретно на намирниците или групите на храна кои треба да се избегнуваат од лицата кои имаат покачен холестерол.

 

Зошто доаѓа до покачување на нивото на холестерол во крвта?

За покачување на холестеролот над границите на нормалата, може да постојат повеќе причини и ризик фактори. Прво, покачениот холестерол може да се јави како резултат на генетиката, односно на фамилијарната историја – блиски членови од семејството кои исто така страдале од покачен холестерол.

Но, најчесто покачениот холестерол се јавува како резултат на нездрав и несоодветен начин на живот. Јадење на процесирана, масна храна, не практикување на било каква физичка активност, прекумерна телесна тежина, пушење и често консумирање алкохол, се дел од навиките кои значително го зголемуваат ризикот за појава на покачен холестерол.

"“Online”/

За најчести ризик фактори се сметаат:

  • Лоша исхрана – внесот на премногу заситени и транс масти го зголемува нивото на холестерол.
  • Прекумерна телесна тежина
  • Недоволна физичка активност
  • Пушење
  • Консумирање на прекумерни количества алкохол
  • Возраста – најчесто, покачениот холестерол се јавува по 40-тата година. Со стареењето, црниот дроб има се помала способност да се ослободува од вишокот на „лош“ холестерол.

 

Храна која е особено проблематична при покачен холестерол

1 . Црвено месо – нажалост, често застапено на нашите трпези, црвеното месо може да биде особено проблематично за луѓето со покачен холестерол. Тоа е богато со заситени масти, кои се поврзуваат со негативно влијание на целокупното кардиоваскуларно здравје, а го покачуваат нивото и на „лошиот“ LDL холестерол. Црвеното месо не мора во целост да се исклучи од исхраната, но неговата употреба треба да е поретка. Наместо црвено месо, фокусот треба да е повеќе на рибата.

2 . Пржена храна – ова претставува опција која не е препорачлива за никого, но е особено проблематична кај луѓето со покачен холестерол. Пржената храна е богата со транс и заситени масти и претставува исклучително нездрава опција за оброк. Таа е исто така исклучително калорична и е извор на дополнителни, непотребни и нездрави масти во исхраната. Наместо тоа, истите намирници се препорачува да се варат или печат, а резултатот е далеку поздрав, нутритивен оброк.

3 . Процесирани месни производи – тие често ги содржат најмасните делови од месото и претставуваат концентриран извор на холестерол и заситени масти. Тие се исто така богати со сол и со нитрати и нитрити – конзерванси кои се докажано канцерогени. Воглавно, процесираните месни производи се едни од најлошите намирници за сечие здравје, а особено треба да се избегнуваат од лицата со нарушено кардиоваскуларно здравје. 

4 . Пекарски производи – пецива, бурек, лиснати теста – уште една група на храна која нажалост е особено присутна во нашето секојдневие, а е крајно непрепорачлива за лицата со покачен холестерол. Тие се често извор на палмина маст и на разни други форми на нездрави масти, со што допринесуваат кон значителен внес на транс и заситени масти во исхраната. Тие може да се заменат со полнозрнести пецива и леб.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор