fbpx

Запек – нередовна и тврда столица – како да си помогнете?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

За правилна работа на дигестивниот ситем, цревата треба да се празнат редовно, секој ден.

Најдобро е тоа да биде повеќе од 2 пати, но многу често се случува луѓето да одат во тоалет само неколку пати во текот на целата недела.

Ваквата состојба не смееме да ја сметаме за нормална. Најверојатно се работи за констипација, или народно познато како запек.

"“Online”/

Терминот запек, а се среќава и како опстипација или констипација, се користи за опишување на ситуацијата кога дебелото црево не може да се испразни, иако се чувствува потреба за празнење.

Обично, запекот е лесно решлив проблем, но доколку не му се придава внимание, може да премине  во хронична состојба, која на долг рок може да има потешки последици.

Во продолжение, што ја предизвикува ваквата состојба, врската помеѓу исхраната и запекот и како најлесно да го решиме.

Fibro Gel


Најчести причини за запек

Причините можат да бидат најразлични. Колку храната поспоро се движи низ дигестивниот тракт, толку повеќе вода се апсорбира од неа, со што фецесот ќе стане премногу цврст.

Најчестата причина која води до оваа состојба е недоволното хидрирање (пиење вода) и недостатокот од расителни влакна (фибер) во исхраната.

Но, констипација може да предизвикаат и низа на состојби и здравствени нарушувања, како:

◦ дијабет
◦ физичка неактивност
◦ старост
◦ стрес
◦ некои проблеми со тироидната жлезда
◦ оперативни зафати на делови од дигестивниот тракт
◦ бременост
◦ одредени терапии(прекумерна употреба на лаксативи, диуретиците, различните суплементи, медикаментите за Паркинсонова болест итн.)
◦ одложување на потребата за тоалет
◦ некои болести на цревата
◦ некои невролошки нарушувања

 

Кои се симптомите?


• тврда столица
• столица која тешко се движи низ дебелото црево
• сува и цврста столица
• послаби, но и остри болки во стомакот
• нарушен апетит
• гадење


Можни компликации

Како што споменавме, обично оваа состојба е лесно надминлива и безопасна, но доколку не се третира соодветно или не се промени животниот стил, запекот може да води кон позагрижувачки состојби, како крварење, посериозни механички заглавувања на столицата низ цревниот тракт, анални фисури, хемороиди, па во крајна линија и колоректален канцер.

Промена во животниот стил, најдобар лек за хронична констипација!

Оние кои често имаат проблем со ваквата состојба, најдобро е да погледнат во суштината на проблемот. Зошто постојано проблемот се повторува?

Најверојатно нешто не е во ред со исхраната и животните навики. Кога станува збор за констипацијата, најзначаните животни навики кои треба да се усвојат за да се превенира се здравата исхрана, редовната физичка активност, редовното пиење вода, но и контролирањето на стресот.

Најзначајниот дел од здравата исхрана кој директно може да помогне се растителните влакна, пробиотската храна и свежата храна богата со вода.

Внесот на растителни влакна треба да биде најмалку 25-31g, секојдневно. Значи, свежа, полнозрнаста храна, мешунки, јатки итн.

Која храна треба да ја избегнувате при констипација, но и вообичаено

• млечни производи – освен пробиотскиот јогурт
• брза храна и било кој вид на процесирана храна
• пржена храна
• црвено месо и месни производи
• слатки од различен вид
• бел леб
• кофеински пијалаци
• алкохол

Дополнителни практики со кои можете да си помогнете при констипација

• не го одложувајте одењето во тоалет

• обидете се да направите навики, според кои во точно одредени делови од денот ќе одите во тоалет

• читајте ги количините на растителни влакна на сите продукти и максимализирајте го внесот на свежа храна

• при вршењето нужда, обидете се да ги кренете нозете на некое ниско столче додека седите на школата

• практикувајте мали ужини во текот на денот(на пример јатки богати со растителни влакна) и јадете повеќе пати по помали оброци

• најдете начини за справување со стресот

• јадете супи и пијте повеќе чаеви

Кога да побарате помош

Обично ваквата состојба минува брзо и самата, односно без препишување на никакви медикаменти. Промените во животниот стил, како што се здравата исхрана, пиењето вода, физичката активност обично се доволни, но доколку тоа не е доволно треба да се јавите кај вашиот лекар. Веднаш треба да се обратите на матичниот лекар и доколку имате констипација се појави нагло без никаква видлива причини или кога е во комбинација со:

треска
◦ повраќање
◦ нагло губење на телесната тежина
◦ константна нагла болка во стомакот
◦ симптоми кои само се влошуваат

Доколку се одлучите за суплементи како опција за решавање на овој проблем – безбедно и природно решение е да употребувате Фиброгел.

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X