fbpx

ЖАЛФИЈА – билката што нуди многу: од подобра меморија до полесно справување со инфекции!

tonus

Како што пристигнуваат ладните зимски денови, така сè почесто имаме потреба од шолја топол чај. Иако можеби не се доволно популарни и користени кај нас, чаевите и билките се користат уште од почетокот на човештвото и тие имаат навистина разновидна примена и се особено корисни за нашето здравје. Токму затоа, денес ќе зборуваме малку подетално за една билка која ја има на нашите простори, а која има голем број на интересни својства – станува збор за жалфијата.

Жалфијата – билка која е особено добра за нашето здравје

Жалфијата (Salvia officinalis) е билка која припаѓа на фамилијата на усноцветни растенија. Таа припаѓа на родот Salvia кој притоа вклучува помеѓу 700-900 видови на различни грмушки, тревести повеќегодишни растенија и едногодишни растенија. Жалфијата главно се користи како зачинска и медицинска билка, а од неа се добиваат и етерични масла. Ваквите масла имаат антимикробни и антивоспалителни карактеристики. Таа има честа употреба за лекување на воспаленија и инфекции во усната празнина (непцата, грлото и сл.), но исто е корисна и за луѓето кои имаат проблеми со искашлувањето.

Во исхраната се користи како зачин или како сушена билка од која се подготвува чај. Чајот има благо диуретично дејство и истиот се смета дека помага при заболувања на уринарните патишта. Исто така, чајот од жалфија може да помогне при топлотните бранови за време на менопаузата и да го намали и контролира потењето.

"“Online”/

Здравствени придобивки од употребата на жалфијата

Жалфијата како што споменавме, во исхраната се користи како зачин или за подготовка на чај. Таа има прилично силна арома и мирис, па затоа се користи во мали количини. Покрај антимикробните својства кои ги споменавме, жалфијата претставува добар извор на разни микронутриенти, меѓу кои е и витаминот К. Покрај тоа, таа содржи и низа на други соединенија и поради тоа нуди и различни здравствени придобивки, за кои ќе зборуваме нешто повеќе во продолжение.

1 . Богат извор на антиоксиданти

Како и останатите билки кои се употребуваат како зачини, жалфијата се смета за одличен извор на разни антиоксиданти. Во оваа билка се содржат дури 160 различни соединенија кои припаѓаат на групата на полифеноли – соединенија кои се среќаваат кај растенијата и имаат антиоксидативен ефект. Хлорогената и кофеинската киселина, како и рутинот се само дел од соединенијата кои се исто така присутни во жалфијата, а кои науката ги поврзува со голем број здравствени придобивки – подобрена меморија и когнитивни функции и сл. Некои студии покажуваат дека само една шолја чај од жалфија на ден, може да делува позитивно и на нивото на холестерол во крвта.

2 . Жалфијата е корисна за оралното здравје

Поради антимикробните својства на жалфијата, истата може да помогне при одржување на оралното здравје. Едно истражување покажало дека промивката со жалфија, докажано ги уништува бактериите кои се најчести во усната празнина и кои може да предизвикаат појава на кариес. Исто така, одредени студии покажуваат дека жалфијата и чајот од жалфија може да бидат корисни и против инфекции на грлото, воспаленија на непцата како и останати типови на инфекции кои може да се јават во усната празнина

3 . Може да помогне при симптомите на менопауза

Менопаузата е природен процес кога телото искусува опаѓање или намалување на нивото на хормонот естроген. Ваквата промена може да предизвика голем број на непријатни симптоми. Жалфијата како билка често била користена за ублажување на симптомите на менопауза. Се смета дека содржи соединенија кои имаат слични својства како естрогенот кога ќе се внесат во организмот и на тој начин тие се врзуваат на одрредени места – рецептори во мозокот. На овој начин, жалфијата може да помогне со подобрена меморија, намалување на потењето и на топлотните бранови за време на менопаузата.

4 . Ја подобрува меморијата и когнитивните функции

Присутните антиоксиданти во жалфијата може да ја подобрат заштитата на мозокот кон штетните слободни радикали. Исто така, одредени студии покажуваат дека соединенијата присутни во жалфијата, го забавуваат губењето и деградацијата на соединението ACH – ацетилхолин. Ова соединение се смета дека има улога во функцијата на мозокот и меморијата. Имено, намалените нивоа на ова соединение се среќаваат кај лицата со Алцхајмерова болест. Некои студии дури покажале дека внесот на екстракт од жалфија ја подобрил меморијата кај лицата со блага до средна форма на Алцхајмерова болест.

Правени се и одредени испитувања кај здрави лица и истите покажале дека во мали дози, жалфијата ја подобрува меморијата. Во повисоки дози, жалфијата го подобрила и расположението, а допринела и кон смиреност, подобрена концентрација и сл.

Покрај овие придобивки, жалфијата може да биде корисна и за:

  • Регулирање и намалување на нивото на шеќер во крвта
  • Намалено ниво на „лошиот“ LDL холестерол
  • Корисна при дијареа
  • Одржување на здравјето на кожата и коските

За да ги искористиме ваквите придобивки, потребно е да ја внесеме жалфијата во нашите секојдневни рецепти. Добрата вест е што таа е навистина интересна билка со убав мирис и поради тоа лесно може да се вклопи во голем број јадења и салати, а секако од жалфијата секогаш може да се подготви и шолја вкусен чај.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор