fbpx

Две интересни ЗИМСКИ САЛАТИ!

tonus

Се наближуваат зимските денови, а со тоа се менуваат и сезонските зеленчуци достапни на пазарите. Но, тоа не значи дека имаме помалку избор. Затоа, во продолжение издвојуваме две вкусни салати кои можете да ги подготвите од достапните – сезонски зеленчуци. Двата рецепти ќе вклучат зеленчуци кои се карактеристични за овој период, но ќе го содржат и спанаќот – лиснат зеленчук со особено висока нутритивност и достапност во поголемиот дел од годината.

Зошто спанаќот се смета за еден од најздравите лиснати зеленчуци?

Спанаќот се смета за еден од најздравите зеленчуци. Во нашата традиционална кујна спанаќот е застапен во различни рецепти и салати. Спанаќот е одличен извор на микронутриенти, витамини, минерали, па и растителни влакна. Од друга страна има доста ниска калориска вредност.

Во 30g спанаќ се содржат:

"“Online”/

– 7kcal

– 1,1g јаглехидрати

– 0,9g протеини

– 0,1g масти

– 0,7g растителни влакна

– 145mcg витамин К или 181% од Дневно Препорачаниот Внес

– 2813IU витамин А или 56% од ДПВ

– 58,2mg витамин В9

– 8,4mg витамин С

– 0,8mg железо

Дополнително, спанаќот содржи помали количества и на калциум, цинк, селен, бакар, фосфор,витамин В6 и витамин Е. Термички подготвениот спанаќ содржи неколку компоненти во поголема концентрација отколку свежиот.

Сепак, присуството на оксална киселина делува инхибирачки на апсорпцијата на калциум и на железото, па спанаќот има помала биодостапност во однос на нив. Инаку, оксалната киселина преку врзувањето на дел од присутните железо и калциум ја намалува и отежнува нивната апсорпција во организмот.

Зимска салата од печени зеленчуци

За подготовка на оваа салата ви се потребни околу 15 минути и 40 минути за печење. Истата е доволна за 4-6 лица.

Потребни намирници:

  • 1 кромид, исецкан на кругови
  • 1-2 моркови, исецкан на кругови
  • Едно парче пашканат, исецкан покрупно
  • Околу 300g тиква, исецкана на коцки
  • Една трупка, исецкана на коцки
  • Малку маслиново масло
  • Едно пакување замрзнат спанаќ
  • 100g фета сирење

За преливот:

  • 1-2 чешниња лук, ситно исецкани
  • Сушено оригано и босилок
  • Малку балсамико оцет
  • Маслиново масло
  • Сол и мелен црн бибер
  • 1 испасиран домат (или 150ml доматно пире)

Подготовка:

  • Тавче за печење обложете го со хартија, пропрскајте малку маслиново масло и наредете ги зеленчуците – кромид, морков, пашканат, тиква, трупка. Печете ги околу 30 минути на 200℃. Потоа извадете ги зеленчуците од тавата и ставете го врз нив спанаќот, а потоа вратете ги во рерната и печете уште дополнителни 10 минути.
  • Печените зеленчуци прекријте ги со преливот, промешајте а потоа раздробете од фета сирењето врз нив. Послужете како прилог на главното јадење или искористете ја како вечера.

Зимска салата со рукола и спанаќ

За подготовка на оваа салата ќе ви бидат потребни околу 10 минути и 40 минути за печење на зеленчуците. Истата е доволна за 3 лица.

Потребни намирници:

  • 1 главица кромид, исецкана
  • Околу 300-400g ткива
  • 2 компири, исецкани
  • 2 моркови, исецкани
  • 2 парчиња пашканат, исецкани
  • Малку маслиново масло
  • Сол и мелен црн бибер
  • Околу 100g рукола
  • Околу 150g свеж спанаќ
  • Малку балсамико оцет
  • Свеж босилок, коријандер или магдонос, ситно исецкани

Подготовка:

  • Зеленчуците (освен руколата и спанаќот) исецкајте ги на покрупни парчиња, а потоа ставете ги во тавче за печење кое е обложено со хартија. Пропрскајте и малку маслиново масло и ставете ги во рерна да се печат на 200℃ околу 35 минути. Ставете го и спанаќот во последните 2-3 минути од печењето, колку да омекне.
  • Свежата рукола искомбинирајте ја со печените зеленчуци, а потоа додајте ги и течностите и зачините. Промешајте ја фино салатата и послужете како прилог или како опција за вечера.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор