fbpx

Доаѓаат екстремни температури, како да се заштитите од топлотен удар?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Температурите во летниот период често знаат да го надминат 40-тиот степен. Токму затоа, во овој дел од годината треба да бидеме внимателни и да ја избегнеме исцрпеноста од топлина, но и топлотниот удар.

Исцрпеноста од топлина е непријатна состојба чии симптоми можат да вклучат екстремно потење и забрзан пулс, како резлутат на зголеменото затоплување на телото. Таа претставува еден од трите синдроми поврзани со топлината. Според интензитетот, топлинските синдроми се делат на најумерени – топлотни грчеви, потоа доаѓа топлинската исцрпеност и на крајот, како најтешка форма на топлински синдром – топлотниот удар.

Причини


Причините за топлинската исцрпеност, но и за другите два синдроми е (продолжената) изложеноста на високи температури, особено во комбинација со изложеност и на висока влажност на воздухот во средината и/или физика активност во вакви услови.

Како дополнителни причинители или поттикнувачи можат да се јават и дехидрираноста (намалена можност за потење), прекумерната употреба на алкохолот (ја намалува ефикасноста на телото да се лади) и носењето на дебела облека (се отежнува допирот на воздухот и кожата и испраувањето на потта). Повеќе околу тоа што се случува во организмот ако не пиеме доволно вода, прочитајте тука.

Кога на топлината на телото (константно околу 37˚С), постојано ќе се ,,додава” и сконцентрираната топлина од сонцето, тоа грчевито се бори да ја одржи својата неопходна оптимална температура. Човековото тело функционира во точно утврден и многу тесен темепратурен интервал. Ако неговата температура, значително и со продолжено траење ги надмине тие граници, потребна е итна реакција и помош.

"“Online”/

Без благовремено препознавање и третирање на топлинската исцрпеност, таа може да води кон топлотен удар – состојба која може да биде и живото-загрозувачка.

За среќа, исцрпеноста од топлина може да биде лесно превентабилна.


Симптоми


Знаците и симптомите на топлинската исцрпеност можат да се развијат многу брзо или со текот на времето, особено со продолжените периоди на физичка активност на топло. Можни симптоми: екстремно потење, слабост, безенергичност и замор, вртоглавица, главоболки, премногу успорен или забрзан пулс, низок притисок, грчеви во мускулите, мачнина и повраќање итн.

Fibro Gel


Телото има специјализирани механизми за ладење, но..


Потењето е природна реакција на телото при повишена температура и влажност во животната средина или резултат на поинтензивна физичка активност. Целта на потењето е едноставна – разладување на организмот или достигнување на температура која е оптимална за телото.

Развивањето на оваа уникатната биолошка способност, односно намалената влакнатост и ,,предавањето” на топлината преку поголема површина на телото, бил еден од клучните моменти во еволуцијата на човекот. Иако човекот за разлика од многуте предатори ја нема експлозивната брзина, потењето му овозможило да може да го ,,надтрча” и најбрзиот тигар во однос на дистанцата. Можноста за поминување на огромни дистанци, освен намалениот ризик од опасните животни, довела и до полесно наоѓање на храна.

Сепак, ваквиот механизам на телото станува немоќен, односно значително понеефикасен при подолга изложеност на екстремно високи температури или при физичка активност на повишени температури.

Како резултат на продолжената изложеност на вакви услови, најпрво е можна појавата на топлотните грчеви во различни мускули, вообичаено пропратени со екстремно потење, замор, жед. Брзото третирање на ваквите грчеви превенира нивно преминување во она што се смета за исцрпеност од топлината. Третирањето подразбира прекинување на самата изложеност во претопли и влажни простори, потоа пиење вода и електролитни пијалаци, ладење на просториите и одмор во простории со пријатна температура.

Ризик фактори

Топлинска исцрпеност може да му се случи секому, но одредени фактори ја зголемуваат сензитивноста, вклучително:

◦ Возраста – во поголем ризик се најмладите, односно дечињата до 4 години и повозрасните, оние над 65-тата година. Во овие периоди од животот темепературната регулација или не е доволно развиена (како кај бебињата) или е нарушена (кај повозрасните, заради различни болести, медикаменти или други фактори).

Редовната употреба на одредени медикаменти – лекови за притисок, алергија, за смирување итн.

Гојазност – вишокот телесна тежина ја намалува способноста на телото ефикасно да се лади (поголема површина за ладење).

 Нагли промени во температурата – температурни шокови.

Кратки совети за превенција од топлинска исцрпеност:

Секогаш пијте доволно водане чекајте да бидете жедни за да пиете вода, секогаш со себе имајте си шише со вода, јадете повеќе свежа храна и внимавајте на количините кафе и алкохол. Обидете се да пиете вода со лимон ако водата не ви е доволно ,,вкусна”.

Бидете физички активни во периодот од денот кога температурите се пониски  – наутро или навечер кога сончевите зраци не се толку силни.

Изложеноста на силното сонце до 10 минути е корисна (заради тоа што витаминот Д се продуцира највеќе кога сонцето е силно), а над 15минути штетна (заради продолженото UV зрачење)

Носете лесна памучна или ленена облека и капи – ако веќе морате да завршите некои обврски во најтоплите делови од денот.

Користете заштитни креми од UV зраците

Носете очила за сонце

Особено бидете внимателни, применувајте ги сите совети и ограничете го вашето движење по топлото време ако сте во некоја од горенаведените ризични групидополнително, повозрасните се ризична група и заради корона вирусот, затоа ако сте во таа група, останете дома колку што е можно повеќе.

Користете клима, но внимателно

Избегнувајте долги периоди во автомобил

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X