fbpx

И автоимуните заболувања се поврзани со стресот?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Едно ново истражување утврдува зголемена инциденца (зачестеност) на автоимуни заболувања, како на пример лупус и ревматоиден артртис, кај лицата со зголемен, неконтролиран стрест.

 

Ова укажува на потенцијална директна поврзаност помеѓу стресот и развивањето автоимуни заболувања.

Што се автоимуните заболувања?


Овој вид на заболувања сè уште ги измачува научниците, бидејќи телото, преку сопствениот имун систем, на мистериозен начин се напаѓа самото себе. Постојат повеќе видови автоимуни заболувања, ќе наведеме само неколку од најчестите:

"“Online”/
  • лупус
  • ревматоиден артритис
  • псоријаза
  • мултиплекс склероза
  • дијабет тип 1

 

За одредени вакви заболувања постојат цврсти докази, а за други само консензус помеѓу експертите дека се работи за автоимуни болести.

Ако имаме хронична инфламација, во комбинација со активен имун одговор на тој дел од телото, тоа не мора подифолт да значи дека се работи за автоимуна болест.
Заради овие причини, постои солидна веројатност некои состојби кои денес ги сметаме за автоимуни, во иднина да бидат докажани како хронични инфекции од организми кои сè уште науката не ги детектирала.

 

Што претставува стресот?

 

Најчестата дефиниција за стресот е: состојба или искуство кое предизвикува тензија, вознемиреност, без разлика дали таа е физичка, психичка или емотивна. Вознемиреноста е предизвикана или активирана од еволутивниот одговор на организмот, наречен ,,бори се или бегај”, при што надбубрежните жлезди излачуваат зголемени количества од т.н. стресен хормон – кортизол, но и од адреналин. Ова води кон зголемен крвен притисок, забрзан пулс, дишење и некои други импликации што би требале да го подготват организмот, односно му ја дадат потребната енергија за справување со дадената тешка ситуација.

[Поврзано: Како да препознаете високи нивоа на КОРТИЗОЛ?]

Како што можеме да заклучиме, стресот би требало да биде од особена корист за справување со тешки ситуации, впрочем затоа и еволуцијата ,,го создала”. Но, каде настанува проблемот?

Проблемот настанува кога стресот станува хроничен. Модерниот начин на живот поттикнува токму ваков стрес, кој докажано е поврзан со низа негативни импликации по човековото здравје. Се работи за чувство на тензија и нелагодност во помал обем, но чувство кое нè измачува постојано и постојано.

[Поврзано: Како СТРЕСОТ ја зголемува телесната тежина и што можете да направите за да го спречите тоа?]

 

Потенцијална врска помеѓу стресот и автоимуните заболувања

 

Во истражувањето, кое го споменавме на почетокот, истражувачите анализирале податоци за над 100 илјади луѓе со дијагностицирани заболувања, директно повразни со хроничниот стрес. Целта била да се утврди тенденцијата на овие волонтери за развивање на автоимуни заболувања, во споредба со луѓето кои немаат никакви потврдени заболувања поврзани со стресот.

 

Резултатите покажуваат дека индивидуите со дијагностицирани болести кои се во директна релација со стресот:

  • Имаат зголемена веројатност од развивање некакво автоимуно заболување.
  • Имаат поголема опасност од развивање на повеќе од една автоимуна болест и
  • Имаат поголема опасност за развивање автоимуна болест ако се помлади.

Особено важни биле заклучоците дека пациентите со ПТСД (пост-трауматско стресно растројство), имале помала опасност за развој на автоимуните заболувања, доколку соодветно користеле антидепресиви. Токму ваквите заклучоци би можеле да укажат на некаква директна врска помеѓу стресот и развивањето автоимуни болести.

Недостатоци на истражувањето

Како и да е, треба да се знае дека оваа студија е т.н. обсервациска или ,,набљудувачка”. Тоа би значело дека таа ни дава податоци за постоење на некаква математичка релација помеѓу зголемениот стрес и опасноста од автоимуни зболувања. Обсервацисите студии не можат да ни дадат информации зошто и на кој начин стресот може да води кон вакви заболувања.

Тешко може да се утврди кога ,,започнале” хроничниот стрес и автоимуните заболувања, па затоа е сосема можно волонтерите во студијата и претходно да имале некаква автоимуна болест за која не биле свесни.

Дополнително, не треба да заборавиме дека луѓето кои страдаат од хроничен стрес се и поподложни на некои лоши навики, како пушење, алкохол, лоша исхрана итн., навики кои можат да бидат директно поврзани со опасноста од одредени автоимуни болести, како ревматоиден артритис или мултиплекс склероза, на пример.

Заради сето ова, потребни се повеќе истражувања на темата, со цел утврдување дали постојат релевантни биолошки причини за ваквата математичка релација помеѓу стресот и автоимуните заболувања.

[Поврзано: Ревматоиден артрит и исхрана
Болки во ЗГЛОБОВИ – може ли преку исхрана и суплементи да се помогнеме?]

Извор:

,,Association of Stress-Related Disorders With Subsequent Autoimmune Disease” by

Huan Song, MD, PhD1,2; Fang Fang, MD, PhD2; Gunnar Tomasson, MD, PhD3,4,5;

Fibro Gel

June 19, 2018, JAMA Network

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X