fbpx

Медитеранска компир салата – РЕЦЕПТ!

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Медитеранската компир салата е ниско-калорична салата која има потенцијал да ве засити.

Во неа не се додаваат јајца или преливи како мајонезот. Наместо нив, за збогатување на вкусот се користи преливот на база на сенф, но и повеќе зачини, почнувајќи од многу магдонос и копар, црн пипер, сумак итн. Дополнително, се додава и една главичка црвен кромид и околу 100 грама грашок.

На крајот секако, неизбежно е ладно цеденото маслиново масло.

"“Online”/

Оваа вкусна и лесна салата е особено погодна во топлите и долги летни денови. Може слободно да се користи како засебен оброк за ручек или вечера, бидејќи може да засити, а е богата и со доволно хранливи материи – микронутриенти (витамини, минерали, разни фитохемикалии и антиоксидативни компоненти) и макронутриенти (здрави маснотии, но и сложени јаглехидрати, растителни влакна и одреден процент протеини).

Во помали количини може да се користи и како додаток или прилог на некои јадења.

Повеќе околу здравствените бенефити на компирот прочитајте тука.

Fibro Gel

Каков компир да користите?

За оваа салата најдобар е младиот или црвениот компир, бидејќи тие имаат најмали количества скроб, што им помага полесно да го одржат првичниот облик. Дополнително, не морате да ги лупите.

Што ќе ви биде потребно за медитеранската компир салата со прелив од сенф?
(сервирање за петмина)


◦ половина килограм компири
◦ вода
◦ лажичка сол
◦ 1 главичка црвен кромид
◦ половина чашка сечкан магданос (можете по вкус да ставите и повеќе или да го сечкате покрупно)
◦ две лажички сув копар
◦ 100g грашок (по желба)
◦ маслинки (по желба)

за преливот:

◦ 2 големи лажици ладно цедено маслиново масло
◦ 1,5 лажица вински оцет (алкохолен)
◦ 2,5 лажици сенф (може и бел или Dijon)
◦ половина лажичка сумак
◦ половина лажичка црн бибер
◦ малку коријандер

Начин на подготовка

1. Убаво измијте и излупете ги компирите (можете и да не ги лупите) и исечкајте ги на потенки парчиња (не на коцкички, туку како листови).

2. Ставете ги компирите во сад за готвење со вода (но не премногу вода) и додадете сол. Гответе до вриење, потоа намалете ја температурата и гответе уште 10-тина минути или додека компирите не станат доволно меки ( тоа можете да го проверите со вилушка).

3. Подгответе го преливот со мешање до целосно соединување на споменатите намирници.

4. Кога веќе компирите се сварени, исцедете ги добро и веднаш внимателно прелијте ги со преливот.

5. Ставете ги прелиените компири во садот за салата во кој претходно ги имате додадено и измешано сите свежи компоненти. Дополнително додадете ги сите зачини. Внимателно промешајте.

Хранлива вредност на салатата:

• 150kcal
• 7g масти
• 2,5g растителни влакна
• 3g протеини
• 20mg витамин Ц
• 16g jaглехидрати (1g шеќери)
• 16mg калциум
• 390mg калиум
• 1mg железо

Освен ова, салатата содржи и одредени количества на витамини од Б групата, витамин А, К, манган, фосфор, антиоксидативни компоненти итн.

Најдобро е салатата да се служи откако ќе стои 1 час во фрижидер, а потоа, по вадањето да се остави да дојде до собна температура пред консумирање.

Fibro Gel

Остатоците од салатата можат да се користат 2-3 дена, секако со чување во фрижидер.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X