fbpx

МИНЕРАЛНА вода – кои се придобивките за здравјето?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Со приближувањето на летото, сите бараме најразлични начини да се разладиме. Еден од најчестите начини за разладување, освежување и гасење на жедот е минералната вода.

Минералната вода доаѓа од подземните водени резервоари, но за разлика од онаа од чешма, не подложи на хемиски процеси за прочистување од нејзината минерална содржина и процеси на хлорирање. За ваквиот тип на вода, постои посебна регулатива и стандарди за одобрување.

Значи, оваа вода, како што кажува самото име, содржи различни количини на растворени минерали во зависност од тоа од кој извор потекнува. Калциум, магнезиум, натриум итн.

"“Online”/

Тогаш, дали можеме да ја сметаме за подобра од обичната вода? Дали освен освежителното и разладувачко дејство, минералната вода нуди и дополнителни корисни дејства за телото? Дали постојат ризици?


Обична vs минерална вода

Секој жив организам има потреба од вода за одвивање на физиолошките функции. Но, водата со себе носи и одредени нутриенти кои се есенцијални за организмот, како минералите на пример.

Врз основа на кои параметри можеме да ги споредуваме обичната и минералната вода?
Според досегашните податоци, разликите и не се така значајни.

Fibro Gel

И минералната и водата од чешма имаат одредена минерална содржина. И двете подолжат на некакви процеси за прочистување. Главната разлика е во количината на минерали. Минералната вода по дефиниција има поголем минерален процент, но и минералните води се разликуваат помеѓу себе по квалитетот, односно начинот и интензитетот на обработка.

,,Обична вода”

Обичната вода се хлорира, бидејќи хлорот делува уништувачки на бактериите и другите патогени загадувачи кои се потенцијално присутни во водата.

Во границите во кои се додава на водата, тој се смета за безбеден, но доколку се надминат овие граници, хлорот може да биде опасен, особено за оние со бубрежни и срцеви заболувања. Обичната вода од чешма заради одредената минерална содржина се смета за тврда, додека онаа флашираната за мека.

Постојат информации според кои минералната содржина од водата од чешма, може да биде штетна. Сепак за тоа не постојат доволно аргументи, освен за лицата кои имаат одредени заболувања, како на пример бубрежни. Така, различните филтри за вода кои ветуваат ,,сосема здрава вода”, може да се каже дека и не се толку корисни за општата популација.


Минерална вода

Минералната вода, за да биде  пуштена во употреба на пазарот, треба да исполни одредени безбедносни критериуми, а притоа да има и минимална граница на концентрации од различните минерали. Најчесто, минералните води содржат повисоки концентрации растворени минерали, како:

калциум
магнезиум
калиум
натриум
бикарбонати
железо
цинк

Многумина ја преферираат газираната вода заради помалото процесирање. Сепак, треба да се каже дека и минералната вода подлежи на различни процеси. На пример, додавање или одземање на СО2, гас кој е одговорен за газираноста, елеминирање на токсични елементи, како арсенот на пример итн.

Во продолжение, позитивните ефекти од пиењето минерална вода:

1) Добар извор на магнезиум

Магнезиумот е значаен макроминерал, клучен за работата на преку 300 ензими кои се вкучени во најразлични биохемиски реакции на организмот, значаен е за здравјето на коските, срцето, нервниот систем и мускулите итн.

Количината на магнезиум може да варира во зависност од минералната вода и се движи од 1mg/L, па и до над 120mg/L.

Дневните препорачани количества на магнезиум се околу 300mg за жените и 400mg, за мажите. Според статистиката, голем дел од населението не внесува доволно магнезиум, па  симптомите можат да се движат од губење апетит и замор, па се до пецкање во екстремитетите, мускулни грчеви и зголемување на ризикот од некои заболувања во крајна линија.


2) Минералната вода може да делува на намалување на крвниот притисок

Ниските нивоа на магнезиум можат да водат до повишен крвен притисок и неправилен ритам на срцето.

Така, минералната вода која е богата со магнезиум, може да делува на намалување на ризикот од кардиоваскуларните заболувања.

Дополнително, сличен ефект има и калиумот, минерал кој е уште подефицитарен помеѓу населението, а го има во повеќето минерални води.

Една помала студија на 70 волонтери со гранично повишен притисок, покажала дека пиење 1 литар минерална вода дневно, може да го намали притисокот.

3) Подобра циркулација

Високата содржина на калциум, магнезиум и калиум на минералната вода, придонесува за подобрена циркулација. Калциумот, заедно со магнезиумот е клучен во оддржувањето на правилниот срцев ритам.


4) Посилни коски

Калциумот покрај улогата за срцевото здравје е клучен минерал во метаболизмот на коските.

По 20тата година, загубите на коскеното ткиво почнуваат да се интензивираат и со текот на времето стануваат побрзи отколку обновувањето, што може да води кон послаби коски. Ова особено важи за повозрасните луѓе.

Затоа, јадењето храна богата со калциум, влијае да имаме поздрави коски, а и пиењето минерална допринесува за оваа цел.

Една студија од 2017 ги споредувала апсорпциите на калциум во телото од храната, суплементацијата и минералната вода. Заклучокот бил дека минералната вода со висока содржина на калциум, може да допринесе за обезбедување калциум кој е употреблив за телото.

Дополнително, за здравјето на коските е важен и магнезиумот, со кој веќе споменавме дека е богата минералната вода. Една студија укажува дека жените кои внесуваат поголеми количини магнезиум (над 420mg дневно), имаат поголема густина на коските во споредба со оние кои помалку внесуваат.


5) Подобрено дигестивно здравје и помош при констипација

Оптималните нивоа на магнезиум во организмот обезбедуваат и превенција од запек подобрено општо дигестивно здравје.

Овој минерал делува на подоброто врзување вода во цревата, што ја прави подобра фецесната конзистенција и овозможува негов соодветен пат низ дигестивниот тракт.

Дополнително, студиите велат дека пиењето минерална вода која содржи магнезиум суфлат и натриум сулфат, води кон зголемена фреквенција на мускулно контрахирање на цревата, што е од големо значење особено за луѓето кои често страдаат од запекот.

6) Сите позитивни ефекти кои ги има и обичната, негазирана вода!

Само некои од нив:

Неопходно хидрирање на организмот
◦ Освежување и ладење
◦ Здравје на кожата
◦ Подмачкување на зглобовите
◦ Важна улога за здравјето на мозокот
◦ Формирање на мукоза и плунка
◦ Простор за одвивање на повеќето физиолошки процеси
◦ Дигестивно здравје
◦ Растворлив агенс за микронутриентите
◦ Здравје на бубрезите
◦ Губење на телесната тежина
◦ Подобар спортски перформанс
◦ Помага ако сте мамурни

Дали постојат потенцијални опасности од минералната вода?

Генерално, не би требало никој здрав поединец да има проблеми, но потенцијално, некаков тип на проблеми се можни кај секого, доколку не се внимава со количините.

• Не постојат целосно релевантни податоци за посериозни опасности од претерувањето со минералната вода, но можни се гадење и подригнување поради содржината на јаглероден диоксид.

Луѓето што имаат проблеми заради кои се ставени на исхрана со низок внес на натриум или калциум, треба да ја избегнуваат минералната вода.

• Минералната вода може да го ,,нагриза” забниот енамел или глеѓта на забите и на тој начин да ги оштети.

• Микропластичните честици можат да бидат проблем на долг рок, но сé уште студиите немаат конечни заклучоци за нивниот точен ефект.

• Поголемиот дел од минералната вода се продава во пластични шишиња, што е ризично пак за средината. Затоа, купувајте минерална вода во стакло.

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X