fbpx

Како ОПТИМАКСОТ го подобрува нашето РАСПОЛОЖЕНИЕ?

tonus

Кантарионот е растение кое е добро познато на нашите простори. Тој се користи веќе стотици години за неговите лековити својства, а од него се подготвуваат и разни чаеви, тинктури и масла. Во делот на менталното здравје, тој одамна има примена како природен антидепресив, односно во Европа речиси 50 години се користи неговиот екстракт за оваа намена. Денес, ќе зборуваме накратко за механизмот, односно начинот на кој кантарионот делува за подобрување на нашето расположение.

 

Кантарион – препознатлив по карактеристичниот жолт цвет

Кантарионот (Hypericum perforatum) претставува повеќегодишна тревна билка. Тој има релативно исправено стебло, без лисја и може да порасне од 20 па до 100cm. Има карактеристични и воочливи жолти цветови, кои се во својот пик во периодот од мај до септември.

На кантарионот му се потребни умерено плодни почви, како и умерена температура и изложеност на светлина. Најуспешно расте во предели каде климата е суптропска. На нашите простори успева одлично и често се среќава по планинините и ливадите.

"“Online”/

Кантарионот има повеќе различни примени, а можеби најпознатите се подготовката на чај и масло. Маслото од кантарион е често применувано и се подготвува со потопување на свежи цветови од билката во некаков вид на растително масло (најчесто во маслиново). Цветовите се оставаат во растителното масло повеќе недели, најчесто на сонце.

Ваквото масло потоа може да се користи за негување на кожата и третирање на изгореници, воспаленија или за разни оштетувања и повреди. Покрај масло, од цветовите на кантарионот може да се подготви и чај, кој се смета дека има смирувачко и релаксирачко дејство.

 

Како делува кантарионот, односно ОПТИМАКС?

Кантарионот, главната состојка на нашиот суплемент ОПТИМАКС, има механизам на дејство кој се должи на неколку соединенија, особено хиперицин и хиперфорин, за кои се верува дека влијаат на нивото на невротрансмитерите во мозокот. Хиперфоринот и хиперицинот се смета дека ја инхибираат „реупотребата“ на серотонин, допамин и норепинефрин, а со тоа ја зголемуваат нивната достапност во мозокот. Овие невротрансмитери играат клучна улога во регулирањето на расположението, емоциите и мотивацијата, а нивниот дисбаланс се смета како главен виновник за појава на депресија.

Еден преглед од 2016 година, кој опфатил 35 засебни студии, покажал дека екстрактот од кантарион ги намалува и ублажува симптомите на слаба до умерена депресија, многу повеќе од плацебо и дури имал сличен ефект на комерцијален антидепресив.

Слична анализа од 2017 година, која земала во предвид 27 различни студии, покажала дека кантарионот има сличен ефект како и комерцијален антидепресив при третирање на блага до умерена депресија.

Уште едно истражување од 2015 година, каде биле анализирани 66 претходно објавени студии, со вкупно 15,161 учесник, покажало дека екстрактот од кантарион има слично дејство на комерцијален антидепресив, при третирањето на слаба до умерена депресија. Покрај тоа, користењето на ваквиот екстракт имало помалку непосакувани ефекти, наспроти антидепресивите.

Со зголемување на нивото на невротрансмитери, кантарионот всушност може да помогне во ублажувањето на симптомите на депресија. Дополнително, кантарионот поседува антивоспалителни и антиоксидантни својства, што дополнително може да придонесе за неговите ефекти за стабилизирање на расположението. Додека се потребни повеќе истражувања за целосно да се разјаснат неговите механизми, кантарионот продолжува да се истражува како ветувачка природна интервенција за депресија и нарушувања на расположението. Сепак, од суштинско значење е да се консултирате со вашиот лекар пред употреба на овој суплемент.

За многу повеќе информации, како и за нарачка на ОПТИМАКС – КЛИКНЕТЕ ТУКА!

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор