fbpx

Наједноставната промена која БУКВАЛНО може да ви го СПАСИ животот

tonus

Солта, хемиски позната како натриум хлорид, составена е од 40% натриум и 60% хлор. Таа служи како зачин, врзувач и стабилизатор на храната. Исто така може да биде конзерванс, бидејќи бактериите не можат да преживеат во средина со висока концентрација на сол.

Организмот на човекот има потреба од мали количини на натирум кој е значаен за пренесување на нервните импулси, за контракциите и релаксирањето на мускулите и за одржување на правилен баланс на вода и минерални материи.

Се проценува дека секој човек има потреба од 500mg натриум на дневна база за одржување на овие витални функции. Но, натриум во поголеми количини внесен со исхраната може да создаде проблеми како што се покачен висок притисок, заболувања на срцето и срцев удар. Исто така, може да предизвика губење на калциумот, кој најчесто се губи од коските со што доаѓа до заболувања на коските.

"“Online”/

Истражувањата во САД покажуваат дека просечниот Американец внесува најмалку 1,5 лажичка сол, на дневно ниво, што преведено во милиграми внесен натриум е 3400mg, што е близу 7 пати повеќе од потребното. Слични се состојбите и кај нас.

 

Препорачан внес

Дневниот внес кој е неоходен за одржување на виталните функции, како што спомнавме е 500mg, што е премалку за да се оствари со денешниот начин на исхрана. Внесување 500mg натриум, односно нешто повеќе од 1g сол на ден и притоа задоволување и на другите потреби на организмот, како што се енергетските и потребите од други неопходни хранливи материи е практично невозможно, особено имајќи во предвид дека солта не ја внесуваме само како додаток, зачин, туку и како дел од останатата храна.

Оттука, според Светската здравствена организација, оптималниот внес на натриум е 2g, односно околу 4g сол во текот на денот. Американските здравствени институции препорачуваат уште понизок внес – 1,5g натриум. За овие податоци и нема некој консензус бидејќи нема цврсти докази кои би утврдиле токсично дејство на натриум, но кај хроничните заболувања имаме поинаков случај.

Кај овие заболувања, како што се висок крвен притисок, малигни заболувања, остеопороза, бубрежни заболувања итн., дневниот препорачан внес е утврдено дека не смее да биде поголем од 2,3g натриум или овие лица максимално можат да внесуваат околу 5g сол дневно. Поголеми количини од ова можат да создадат проблеми.

 

Натриумот и здравјето

 

Кај повеќето луѓе, бубрезите имаат проблем да се справат со вишокот на натриум во крвта. Како што натриумот се акумулира или се таложи, така телото задржува повеќе вода за да го раствори. Ова предизвикува состојба во која имаме покачување на течноста која ги опкружува клетките и зголемување на волуменот на крвта која струи во крвните садови. Зголемувањето на волуменот на крвта значи повеќе работа за срцето, односно потреба од поголем потисок за движење на крвта, а со тоа и зголемен крвен притисок.

Со текот на времето, ваквиот зголемен обем на работа на срцето може да ги ослабе крвните садови и срцето, да доведе до хронична хипертензија или покачен притисок и во крајна линија да води до срцев удар и мозочен удар.

Постојат докази дека претераното внесување на сол може да го оштети срцето, аортата и бубрезите и без зголемениот крвен притисок. Исто така дека делува негативно на коските.

 

Кардиоваскуларни заболувања


Потврдено е дека покачениот крвен притисок е водечки причинител за кардиоваскуларните заболувања. Претходно ја видовме врската помеѓу зголемениот внес на сол и високиот крвен притисок. Хипертензијата е причина за две третини од сите срцеви заболувања и мозочни удари. На пример, во Кина високиот крвен притисок е причина за предвремена смрт на 1 милион луѓе годишно. Кај нас, исто така една од водечките причини за прерана смртност се кардиоваскуларните заболувања.

Покажано е дека различни индивидуи, различно реагираат на внесените количини на сол, односно натриум. Се претпоставува дека за ова е одговорна генетиката. Оние кои што се „сензитивни” на солта, имаат најголеми резултати во намалувањето на крвниот притисок по смалувањето на солта во исхраната. Оние пак кои се ,,резистентни” на солта и со исхрана која што е богата со сол, не искусуваат значителни покачувања на крвниот притисок.

Но, иако нема консензус околу оптималниот дневен внес на сол поради објаснетите причини, сепак сумираните податоци добиени од повеќе истражувања укажуваат на тоа постои бенефит од лимитирањето на внесот на сол за сите поединци, генерално.
Неколку важни клинички истражувања кои ја покажуваат врската помеѓу зголемениот внес на сол и кардиоваскуларните заболувања:

Intersalt – студија за врската помеѓу внесот на сол и крвниот притисок. Истражувачите го мереле излачувањето на натриум во текот на 24 часа кај на 10 илјади возрасни луѓе, од 32 различни земји. Просечната екскреција била околу 4g натриум, дневно. Сепак oпсегот е широк, од 0,2g кај Бразилците до 10,3g кај Јапонците.

Популациите кои консумирале поголема количина на сол, имале поголем просечен крвен притисок и зголемено покачување на крвниот притисок во повозрасното доба, а во земјите пак, во кои солта се консумирала во количини околу 1,5g на ден имале помал просечен крвен притисок и незначително зголемување на притисокот во повозрасното доба.

Така, истражувачите со оваа студија покажале директна поврзаност помеѓу зголемениот крвен притисок и зголемениот внес на сол.

TOHP – Серија од истражувања околу превенцијата од хипертензија кои биле спроведени од 1987 до 1995.
Тие го испитувале влијанието на промените во животниот стил врз крвниот притисок, а под промени подразбирале губење на телесна тежина, менаџирање на стресот, употреба на соодветни суплементи како додаток во исхраната и консумирање на помалку сол.

Секое истражување покажувало мало намалување на крвниот притисок, кое следело после намалувањето на внесот на сол, во текот на 18-36 месеци. Години по истражувањето, истражувачите повторно ги анализирале истите испитаници и утврдиле дека:
– Оние кои во претходното истражување имале исхрана со намален внес на сол, во одреден релативно долг период додека траело истражувањето, по новите анализи, имале 25% до 30% намален ризик за срцев или мозочен удар за разлика од оние кои продолжиле со ,,нормалната” исхрана, односно внесување на сол како и претходно.

DASH Истражувања околу улогата на исхраната во запирањето на хипертензијата кои почнале во 1994-та година.

459 испитаници биле подведени на специјален режим на исхрана кој подразбирал ограничен внес на процесирани шеќери, црвено месо, млечни производи и останата храна богата со заситени масти и поголеми количини на свежа храна (овошје и зеленчук), полнозрнаста храна богата со целулозни влакна, минерали и витамини, легуминози итн. Ист број на други испитаници имале стандардна исхрана, богата со процесирани шеќери и заситени масти, а посиромашна со свежа и полнозрнаста храна. По 8 недели било утвредно дека првата група имала намалена вредност на крвниот притисок и на систоличниот и на диастоличниот (горниот и долниот крвен притисок).
Второто истражување утврдило дека намалувањето на внесот на сол, и при првиот начин на исхрана и при стандардниот, има значителен импак во намалувањето на крвниот притисок.

 

Остеопороза

Количеството на калциум кое што организмот го губи преку уринирањето се зголемува со зголемувањето на внесот на солта преку исхраната. Ако калциумот е во помали количества во крвта, тогаш тој се превзема од коските.

Така, исхраната со повеќе сол може да има дополнителен несакан ефект – слабеење на коските, заболување познато како остеопороза. Студија која за испитанички имала жени во пост-менопауза, покажала дека загубите на коскена маса од колковите во текот на 2 години имала директна релација со екскрецијата на натриум во текот на 24 часа на почетокот на истражувањето. Исто така, ова имало директна релација со внесот и нивото на калциум во крвта.

Друга студија пак, утврдила дека намалениот внес на сол води кон позитивно балансирање на калциумот во крвта, што ја намалува загубата на калциумот од коските што неминовно се случува во процесот на стареење.

 

Малигни заболувања

Некои истражувања го поврзуваат зголемениот внес на сол со ракот на желудникот. Светскиот истражувачки фонд за канцер и Американскиот институт за истражуваа на малигните заболувања, исто така укажуваат дека зголемениот внес на сол, го зголемува ризикот од рак на желудникот.

 

Хронични бубрежни заболувања


Зголемениот крвен притисок е исто така ризик фактор за овие заболувања. Иако има силни докази кои го поврзуваат зголемениот внес на сол, со зголемениот крвен притисок, нема соодветни докази дека намалениот внес на сол пак, повеќе ќе не заштити од хроничните бубрежни заболувања од умерениот внес. Едно истражување кое за испитаници имало пациенти со дијагностицирани хронични бубрежни заболувања утврдило дека внесот на повеќе од 4,6g на сол кај овие лица помага во прогресирање на болеста.

Од друга страна намалениот внес под 2,3g нема значителен ефект кога тој ќе се спореди со ефектот на умерениот внес од околу 3-4g дневно. Затоа лекарите препорачуваат умерен внес на натриум преку солта за превенирање на овие болести.

 

Извори на солта во храната

 

Солта вообичаено не е хранлива материја која треба да се плашиме дека не можеме да ја внесеме во доволни количини. Скоро секоја процесирана храна во себе содржи процент на сол, а солта ја додаваме и додека готвиме, па и додека јадеме.

Меѓу храната со најголем процент на сол влегуваат: пиците, сендвичите, конзервираните месни производи, супите, сирењата, омлетите, разните видови на грички (чипсови, смоки, крекери итн.) и многу други. Затоа не треба да се плашиме од недостаток на сол (хипонатермија) која некогаш се појавува кај старите лица во домовите и болниците кои примаат терапии што на различни начини го отстрануваат натриумот од организмот, а исто така често се исхрануваат доста лошо.

Од друга страна труењето со солта  (хипернатермијата) е почест случај. Кога натриумот се акумулира во крвта, водата се пренесува надвор од клетките во крвта за да го раствори натриумот. Ваквото влијание врз на крвта може да направи сериозни проблеми како што се напади, кома и во краен стадиум смрт. Собирањето на дополнителни количини течност во белите дробови може да предизвика тешко дишење, а други симптоми на хипернатермијата се и повраќање, гадење, конфузија, оштетување на бубрезите, губење на апетит итн.

 

Врската помеѓу натриумот и калиумот

 

Натриумот и калиумот се тесно поврзани, но имаат спротивни ефекти на организмот. Двата елементи се есенцијани за одржување на физиолошкиот баланс во организмот и се поврзани со ризиците од хронични заболувања, особено кардиоваскуларни заболувања.

Зголемениот внес на сол предизвикува зголемување на крвниот притисок, што води до срцеви заболувања, додека зголемениот внес на калиумот може да помогне во релаксирањето на крвните садови и излачувањето на натриумот, што води кон намалување на крвниот притисок.

Нашето тело има далеку поголеми потреби на дневно ниво од калиумот, отколку од натриумот. Но, најчесто стандардната исхрана го обезбедува токму спротивното. Просекот на внес на калиум во САД е 2,9g на ден, додека на натриум – 3,4g.

Студија објавена во Archives of Internal Medicine покажала дека луѓето кои имаат исхрана богата со натриум, а сиромашна со калиум имаат 20% поголем ризик за смрт од срцев удар и други кардиоваскуларни заболувања.

 

Како да го намалиме ризикот од преголем внес на натриум и премал внес на калиум?



Јадењето на повеќе свежа храна (овошје, зеленчук) која е природно богата со калиум, а слабо содржи натриум и намалувањето на внес на процесираната храна (леб, сирење, процесирани месни производи итн.) кај која пак е обратен случајот, е добра превенција од опасностите кои доаѓаат од преголемиот внес на натриум.

Дали ,,природните соли се поздрави од обичната, кујнска сол?

Солта се добива како минерал од рудниците на сол или преку испарување на морската вода. Поимот ,,природно” многу често се злоупотребува, па така е и во овој случај. Сите типови на сол се базираат на еден хемиски состав: натриум хлорид. Иако помалку процесираната сол содржи повеќе останати минерали, тоа дополнително количество е толку мало, што навистина не прави никаква разлика. Различните соли, воглавно се избираат заради вкусовата компонента.

Кујнската сол се добива со процесирање н а рудата, со цел прочистување, а на крајот и се често и се додаваат јод и калциум силикат(спречува згрутчување). Јодирањето се прави со целл надминување на хипотироидизмот, односно недостатокот од јод кој е неопходен за работата на тироидната жлезда

. Многу е значајно, заради овој минерал (јодот), солта да не се чува на отворено, да не се купуваат залихи од сол и при готвењето, солта да се додава на крајот, а не на почетокот. Ова се совети за зачувување на јодот во солта и се од особено значаење.

Морската сол содржи поголем процент на останати минерали од кујнската сол, бидејќи помалку се процесира, но може заради тоа да содржи и тешки метали кои се наоѓаат во океанот. Затоа производителите особено внимаваат на овој дел.

Хималајската (розева) сол се добива од рудниците во Пакистан, содржи мали количества на железо оксид, и исто така содржи поголемо количество на останати минерали од кујнската сол, бидејќи помалку се процесира.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор