Во една од претходните статии, зборувавме токму за здравствените бенефити од сусамот и таанот, па таму можете да прочитате подетално околку тоа, тука само накратко ќе ги наведеме можните корисни влијанија на сусамот на здравјето:
• дигестивно здравје
• намалување на холестеролот и триглицеридите во крвта
• намалување на крвниот притисок
• здравје на коските
• здравје на тироидната жлезда
• подобрен имуниот систем
• антивоспалително дејство
• го намалува шеќерот во крвта
• здравје на мозокот и нервниот систем
Домашен таан
Таанот лесно се подготвува и во домашни услови, а потоа може да се користи при подготовката на различни други рецепти. Подготвувањето дома е поздраво, поефтино, а може да биде и повкусно!
Рецептот за таа е сосем едноставен и се состои од 2 чекори:
1. Внимателно потпекување на белото сусамово семе:
2. Ставање на семето во блендер и додавање на неколку лажици маслиново масло.
Најчестите рецепти во кои се употребува се: хумус, тахини сос, тахини прелив со лимон, чоколадни колачи со таан и алва.
Во продолжение, три од овие рецепти.
1) Тахини сос
Тахини сосот се прави со таан, вода, лимонов сок, лук, сол и куркума. Сите состојки убаво се комбинираат, односно мешаат, по што се добива сос кој е погоден за повеќе типови на јадења.
За подготовката, потребни ви се:
• ½ чаша таан
• 1/4 чаша вода, или нешто повеќе, доколку преферирате поретка содржина
• 1/4 чаша лимонов сок, изцеден од свеж лимон
• 2 супени лажички лук
• 1/4 лажичка куркума
1. Сите намирници ставете ги во сад за мешање. (може да е и блендер)
2. Мешајте енергично додека масата целосно не се соедини. Можеби на почетокот содржината ќе ви изгледа малку одвоена, но продолжете со мешањето, до целосно хомогенизирање на смесата.
3. Пробајте, и според вкус, додадете сол или други зачини по желба.
4. Употребете го сосот веднаш, или убаво затворете ја смесата во сад и ставете ја во фрижидер. Рокот на употреба е околу две недели.
Нутритивна вредност:
Калории: 92kcal, Јаглехидрати: 4g, Протеини: 3g, Масти: 8g, Заситени масти: 1g, Натриум: 151mg, Калиум: 77mg, Растителни влакна: 1g, Шеќери: 1g, Витамин А: 10iu, Витамин Ц: 3.8mg, Калциум: 23mg, Железо: 0.7mg
Предлози за зачинување на сосот:
• Зелен тахини сос: се прави со додавање на зелени билки или зачини по ваш избор, магдонос, коријандер, босилок, оригано итн. По додавањето, убаво се промешува.
• Лут тахини сос: со додавање на чили зачин, мелена лута пиперка или друг лут зачин по ваш избор.
• ,,Екстра лук” тахини сос: доколку сте љубители на вкусот на лук, секако можете да додадете некоја главичка плус од лукот.
• Тахини прелив: ова е всушност тахини сос, со дополнително количество на вода. Најчесто се употребува во салатите.
2) Тахини прелив со лимон
Тахини сосот со лимон е лесен за подготовка и е особено вкусен за користење во комбинација со свежи салати.
За подготовка, потребни ќе ви бидат:
• 1/4 чаша таан
• 1/3 чаша вода
• 1 исцеден лимон
• 1 лажичка лук во прав
• сол и бибер по вкус
1. Сите намирници ставете ги во сад за мешање. (може и блендер)
2. Добиената густа течност, веднаш употребете ја, или чувајте ја до 7 дена, добро затворена и во фрижидер.
Нутритивна вредност:
Калории: 78kcal, Јаглехидрати: 5g, Протеини: 2g, Масти: 6g, Заситени масти: 1g, Натриум: 6mg, Калиум: 85mg, Растителни влакна: 1g, Шеќери: 1g, Витамин Ц: 12.1mg, Калциум: 23mg, Железо: 0.7mg
Конзистенцијата на овој прелив е особено добра и за замена на млечните преливи, онаму каде што тие се користат. Ова е значајно за оние кои не јадат животински продукти, но и во периодот на постите.
3) Чоколадни колачиња со таан
Овие колачиња се подготвуаат без брашно. Тие се безглутенски и без дополнителни маснотии. Имаа, мека водушеста текстура и одличен вкус и на првиот залак ќе ве освојат.
За подготовка потребни ќе ви бидат:
• 1 чаша таан
• 3/4 чаша кафен шеќер
• 2 јајца
• 1/2 лажичка ванилин екстракт
• 1 лажичка сода бикарбона
• 1/2 чаша темно чоколадо
1. Загрејте ја рерната на 180°С.
2. Ставете ги сите намирници, освен темното чоколадо во сад за мешање и мешајте со миксер.
3. Убаво иситнете ја темната чоколада и додадете ги парченца во смесата.
4. Обликувајте ја смесата во колачиња.
5. Печете 13-15 минути, се додека не се добие златеникава боја на рабовите.
Нутритивна вредност:
1колаче; Калории: 200kcal, Јаглехидрати: 18g, Протеини: 4g, Масти: 13g, Заситени масти: 2g, Холестерол: 28mg, Натриум: 147mg, Калиум: 101mg, Растителни влакна: 1g, Шеќер: 11g, Витамин А: 70iu, Витамин Ц: 0.8mg, Калциум: 41mg, Железо: 1.1mg