fbpx

Утринските прошетки го намалуваат притисокот слично како и некои лекови

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Сите сме свесни дека редовната физичка активност е особено важна за одржувањето на здравјето, од повеќе аспекти. Во низа претходни статии зборувавме на оваа тема, главно околу важноста на пешачењето во однос на намалувањето на телесната тежина.

Но, дали сте знаеле дека навиката за редовно пешачење може и тоа како да влијае позитивно на крвниот притисок?

[Поврзано: 5 изненадувачки придобивки од ПЕШАЧЕЊЕТО!]

"“Online”/

 

Само 30 минути пешачење дневно е еднакво добро за намалување на притисокот, како некои лекови!

Група истражувачи од Австралија спровеле експеримент на 67 волонтери, со возраст помеѓу 55 и 80 години. Целта била да се согледаат ефектите на 30-минутното пешачење во однос на крвниот притисок, кај лицата кои инаку континуирано би седеле 8 часови во текот на денот.

[Поврзано: Како претераното седење го УНИШТУВА здравјето?]

Истражувачите директно не ги споредувале ефектите на вежбањето со ефектите на медикаментите за снижување на крвниот притисок. Тоа го правеле индиректно, односно преку собирање на податоци за тоа колку лекарствата го намалуваат притисокот.

На тој начин, заклучено било дека намалувањето на притисокот заради редовната активност било сосема ,,споредливо” со ефектот од земањето на лек за истата намена.


Заклучокот се однесува само на краткорочните ефекти на пешачењето во однос на притисокот, па затоа не може со сигурност да се каже дека оваа активност е толку корисна за намалување на потенцијалните ризици кои со себе ги носи хронично високиот притисок.

Како и да е, бројните претходни истражувања со слична тематика, даваат силни докази дека физичката активност видно го намалува ризикот од кардивоаскуларни заболувања (помеѓуостанатото) и преку намалување на покачениот крвен притисок.

[Поврзано: Физичка активност и срцеви заболувања!]

Секако, овие факти не значат дека треба веднаш да ги оставите лековите за притисок и наместо тоа само да пешачите. За секое отстранување или менување на тереапијата, консултирањето со лекарот кој ве следи и е детално запознаен со конкретната ситуација кај вас е задолжително.

Комбинирањето на редовна активност и соодветните лекарства е идеална во повеќето примери.

Нешто повеќе околу студијата од Австралија

Споменатото истражување е спроведено од научниците на Универзитетот Мелбурн, Универзитетот Западна Австралија и Универзитетот на Хонг Конг, а финансирано од здравствениот систем на Австралија. Објавено е во списанието Hypertension.

Испитувањето опфаќало 67 волонтери, 35 жени и 33 мажи на возраст од 55 до 80 години и траело 3 дена, кои волонтерите ги поминале во универзитетскиот центар.

Секој ден, по случаен избор бил спроведуван по еден од следните 3 тестови:

  • Седење 8 часа, со станувања само за тоалет.
  • Седење 1 час, па пешачење 30 минути на трака и потоа седење уште 6,5 часа
  • Седење 1 час, пешачење 30 минути на трака, потоа седење 6,5 часа, но со паузи за пешачење од 3 минути на секој половина час.

 

Секој од тестовите бил поминат од сите учесници.
Мерен бил нивниот притисок и нивоата на адреналин на почетокот и во текот на денот, а што се однесува до исхраната, давани на сите испитаници давани им биле стандардизирани оброци.

Очекуваните резултати биле групата која пешачи да има понизок притисок од групата која постојано седи, а дополнително намерата била да се види дали повремените паузи за пешачење ќе имаат некаков дополнителен корисен ефект. Исто така, истражувачите трагале по разлики помеѓу ефектите кои ги има пешачењето врз намалувањето на притисокот во зависност од полот.

Кои биле основните заклучоци?

Просечната возраст на волонтерите била 67 години и генерално се работело за лица со покачена телесна тежина или гојазност. Кај една третина од нив била дијагоностицирана хипертензија (покачен крвен притисок).

Согласно очекувањата, се покажало дека пешачењето на почетокот од денот го намалува просекот на крвниот притисок во денот и тоа за 3,4mmHg во просек. Покрај ова, утврдено било дека паузите за пешачење делувале дополнително, односно го снижувале притисокот за уште 1,7mmHg во просек.

Интересно, дополнителното снижување од паузите за пешачење важело повеќе кај женските испитаници, односно 3,2mmHg во просек. Кај мажите, овие вредности не биле статистички важни, значи можно е да се сосема случајни и тешко можат да се земаат предвид.

 

Како краток заклучок

 

Споменатото истражување укажува на само еден од низата потенцијални здравствени корисни ефекти на редовната физичка активност и избегнувањето на седењето. Доказите од ваквите истражување укажуваат на тоа колку е всушност значајно лицата со хипертензија да бидат редовно активни.

 

Со сите свои објективни недостатоци, истражувањето кое го разгледавме денес ни покажува дека и најкратките прошетки се важни и можат да направат разлика. Според добиените резултати, жените можат да си помогнат за контролирање на притисокот и со чести кратки раздвижувања во текот на целиот ден.

Како што претходно наведовме, споменатите заклучоци не значат дека треба веднаш да ги оставите лековите и да се потпрете само на пешачењето. За било кое отстранување или менување на терапијата, задолжително треба да се консултирате со лекарот кој ве следи.

 

 

Извор:

,,Effect of Morning Exercise With or Without Breaks in Prolonged Sitting on Blood Pressure in Older Overweight/Obese Adults”

Michael J. Wheeler, David W. Dunstan, Kathryn A. Ellis, Ester Cerin, Sarah Phillips, Gavin Lambert, Louise H. Naylor, Paddy C. Dempsey, Bronwyn A. Kingwell, Daniel J. Green

Fibro Gel

Originally published: 20 Feb 2019

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X