fbpx

Основни, а пресудни информации за крвниот притисок

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Повеќе митови се доста раширени во однос на темата висок крвен притисок. Еден од најчестите е дека ваквата состојба не е толку опасна по здравјето и дека е дел од нормалниот, физиолошки процес на стареење. Фактите се поинакви.

Имено, високиот крвен притисок, на долг, па и на пократок рок (ако е превисок), може да биде убиец.

Исто така, повишениот крвен притисок не е нормална појава во било кој период од животот, на било која возраст. Тој е сигнал дека нешто не е во ред.

"“Online”/

Поврзан е со повеќе патолошки состојби на директен или индиректен начин. Дијабетот, бубрежните заболувања и срцеви заболувања, артеросклероза се само мал дел од причините за појавата на висок крвен притисок. Исто така, повишениот крвен притисок може да биде причинител на несакани состојби.

Многу значајно е дека ова е една од болестите која може успешно да се превенира, па исто толку успешно да се третира со промената, односно водењето на она што значи здрав начин на живот.

Што ни означуваат броевите?

Што точно значи тоа здрав, нормален крвен притисок? Кога го мериме крвниот притисок, добиваме две вредности (плус онаа за пулсот). ,,Горниот” или систоличкиот и ,,долниот” или диастоличкиот. На пример, 120/80.

Fibro Gel

Горниот број го претставува количеството притисок во артериите во текот на една контракција на срцевиот мускул.

Долниот број го претставува крвниот притисок за време на паузата помеѓу контракциите на срцето.

И двата броја се значајни во определувањето на состојбата, односно здравјето на срцето. Броевите поголеми од 120 за горниот и 80 за долниот означуваат дека срцето работи со поголем напор од нормалниот во целта да ја испумпа крвта низ целото тело.

Кога зборуваме за вредностите или броевите поврзани со крвниот притисок, се наметнуваат 4 термини:

– нормален крвен притисок
– покачен крвен притисок
– висок крвен притисок (хипертензија)
– критично висок крвен притисок

Кога притисокот се смета за нормален?

Нормална вредност на крвниот притисок е 120/80. Без разлика на возраста, ова се смета за идеална вредност на крвниот притисок кај возрасните. Кај некои пациенти, лекарите може да дозволат да биде прифатлива и повисока вредност, но тогаш станува збор за индивидуална процена, според конкретниот пациент и за т.н. терапевтски посакувана вредност на крвниот притисок. Сепак оваа вредност не е нормална вредност, нормалната е 120/80.

Што значи тоа ,,покачен крвен притисок”?

Сè што е во интервалот од 120 до 139 за горниот и повеќе од 80 за долниот крвен притисок, се смета за покачен крвен притисок. Иако овие броеви технички не се сметаат за хипертензија, ова покачување се смета за надвор од нормалата. Ваквата состојба може да се смета и за аларм за превземање на драстични промени во животниот стил, додека е сè уште ,,рано”. Медикаменти тука ретко се употребваат.

Покачениот крвен притисок го зголемува ризикот од развивање на вистинска хипертензија, што пак го зголемува ризикот од срцеви заболувања и срцев и мозочен удар.

Кога станува збор за хипертензија (висок крвен притисок)?

Иако постои дебата во научниот, медицински свет за тоа која вредност на крвниот притисок може да се дефинира како хипертензија, сепак таа вредност варира во многу мали интервали. Во Европа, сè што е над вредноста 140 за горниот крвен притисок, се смета за состојба на хипертензија. Во Америка пак, таа вредност е дури пониска, 130!

Она што е значајно да се сфати е следно: За научниците 10 единици крвен притисок е значителна разлика, дури и таква да може да менува дефиниции и да значи различни терапевтски модалитети!
Тоа е уште една причина за да го сфатиме крвниот притисок како сериозна состојба.

,,Опасна зона”

Вредностите за крвниот притисок над 180/120 посочуваат на сериозен здравствен проблем. Ваквата состојба побарува итен медицински третман и во случај да нема симптоми. Симптомите пак, кои би можеле да се јават и при помали покачувања од ова, се:

– болка во градите
– недостаток од здив
– замаглен вид
– симптоми типични за срцев удар (парализирање и губење на контролата врз некои мускули на лицето и екстремитетите)
– крвава урина
– главоболка и збунетост

Важно да се разбере!

Прво, за да се заклучи било која од овие состојби, освен последната, потребни се повеќе мерења и потоа вадење на просек. Единечни ситуации на покачен притисок не можат да се сметаат за хипертензија. Сепак, ваквите случаи се добар сигнал дека треба да го следиме нашиот притисок на долг рок.

Второ што е значајно. И при не толку покачен крвен притисок можат да се јават 6-те претходно набројани симптоми, но во најголемиот процент од случаите и воопшто нема никакви знаци дека го имате. Всушност поради ова и често се нарекува ,,тивок убиец”.

Затоа како многу битна превентива може да биде честото мерење на крвниот притисок. Ова е силна препорака.

Како да го превенираме и лечиме високиот крвен притисок?

На оваа тема има доста да се зборува, но тука ќе ги наведеме само најзначајните животни навики кои значително помагаат во превенцијата, а некои и во самиот третман од високиот крвен притисок:

1) Сведете го внесот на сол на минимум и внимавајте на т.н. скриена сол која може да се најде во многу производи.

2) Консумирајте помалку заситени масти, а повеќе здрави масти и целозрнаста храна богата со растителни влакна.

3) Имајте редовна физичка активност.

4) Намалете го внесот на кофеин! (пијте слабо засладени пијалаци, наместо кафе, кока кола и енергетски пијалаци)

5) Најдете начин со кој ќе се справувате со стресот.

6) Намалете ја телесната тежина или не дозволувајте да се здебелите.

Fibro Gel

7) Доколку консумирате алкохол, сведете го тоа на минимум.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X