fbpx

Засладени пијалаци – и до 12 лажици шеќер!

tonus

Засладени пијалаци се сите оние кај кои е додаден шеќер или било кој друг засладувач. Тука спаѓаат не само газираните сокови, туку и сите останати сокови и тоници кои го исполнуваат критериумот на додадени засладувачи. Уште ги нарекуваат и „течни калории” и се најголем поединечен извор на калории во храната на многу луѓе. Колку шеќер има во нив? Во 350 мл од одреден пијалак може да има и до 12 лажици шеќер! На пример, толку може да  има во сок од боровинки. Во сок од портокал и до 10 лажици шеќер. Во газираните пијалаци – исто 10 лажици шеќер. Многу шеќер содржат и енергетските пијалаци. Згора на тоа, тие содржат и многу кафеин, како и адитиви чии долгорочни ефекти не се познати. Затоа енергетските пијалаци се лош избор. Калориите од засладените пијалаци не предизвикуваат еднакво чувство на ситост како и калориите од храна, и затоа доаѓаат како екстра на калориите кои се внесуваат со храната. Дури, правени се пресметки според кои една чаша на ден од овие пијалаци може за неколку килограми да ја зголеми телесната тежина на годишно ниво. Покрај покачувањето на телесната тежина, засладените пијалаци го зголемуваат ризикот од дијабет, срцеви болести, како и останатите хронични болести. Впрочем, високата употреба на засладени пијалаци е поврзана со ризик од предвремена смрт. Постојат јасни докази во науката дека доколку се намали консумацијата на засладени пијалаци – ќе се намали и проблемот со прекурена телесна тежина. Најздравиот  пијалак Ако си го поставуваме прашањето кој е најздравиот пијалак, одговорот е едноставен – водата!  

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор