fbpx

Два рецепти за вкусна и здрава КРЕМ-ЧОРБА од ЛЕЌА!

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Мешунките се сметаат за едни од најздравите намирници во медитеранската исхрана. Тие се одличен извор на голем број корисни нутриенти, па токму затоа во продолжение ќе издвоиме два рецепти за пасирана чорба/супа кои ќе ја вклучат една од најпопуларните и користени мешунки – леќата.

Леќа – извонредно здрава, вкусна и достапна мешунка!

Леќата припаѓа во семејството на мешункасти плодови заедно со гравот, грашокот, наутот итн. Присутна е во различни варијанти, односно облици и бои: црвена, кафена, црна и зелена. Но, сите имаат слична нутритивна вредност.

Оваа мешунка е особено богата со протеини (една од најбогатите растителни храни со протеини), растителни влакна, железо и други компоненти со низа корисни дејства за нашето тело. Дополнително, лесна е за приготвување, а има и доста ниска цена. Ова ја прави леќата можеби најдостапниот извор на протеини од храната.

"“Online”/

Многу често оваа мешунка е потценета, иако за многу ниска цена, добивате продукт богат со низа на есенцијални хранливи компоненти. Во суштина, оваа храна може да се смета за супер-храна. На пример, леќата е продукт кој покрај високиот процент на протеини, содржи витамини од Б групата, магнезиум, цинк, железо и калиум во значителни количества.

Во својот состав содржи дури 25% протеини и има солидна количина на железо. Ова ја прави леќата добра замена за месните производи. Ова е многу важно за вегетаријанците.

Во 200g зготвена леќа се содржат:

  • 232kcal
  • 40g јаглехидрати (од кои дури 16g се растителни влакна)
  • 18g протеини
  • 1g масти

Чорба од леќа

За подготовка на овој рецепт ќе ви бидат потребни околу 50 минути, а истиот е доволен за 4 лица. За овој рецепт ќе ви биде потребен и блендер.

Потребни намирници:

  • Маслиново масло
  • 1 главица кромид
  • 2 моркови, исецкани на кругови
  • 4 чешниња лук, ситно исецкани
  • Малку кари, куркума, сол и мелен црн бибер
  • 1-2 свежи домати, исецкани покрупно
  • 1 шолја леќа, исплакната со вода
  • 4 чаши растителен бујон
  • 2 чаши вода
  • Малку црвен пипер
  • Малку свеж кељ, исецкан
  • Сок од лимон

Подготовка:

  1. Во тенџере загрејте го маслиновото масло, а потоа додајте ги кромидот и морковот да се пропржат. Константно мешајќи, оставете ги околу 5 минути да се готват. Потоа додајте го лукот, куркумата и карито. Гответе уште 1-2 минути, а потоа додајте ги и доматите. Мешајте и динстајте уште неколку минути.
  2. Кон тенџерето додајте ја и леќата, водата и бујонот. Додајте малку бибер, сол и мелен црвен пипер. Доведете ја смесата до вриење а потоа покријте ја со капак, но оставете малку отворен простор за да испарува течноста. Оставете ја леќата да се готви околу 25-30 минути. Леќата треба да е сварена, но да не е премногу мека.
  3. Додајте го и кељот и оставете да се вари уште 5 минути. Потоа, одвојте 2 шолји од чорбата и префрлете ги во блендер каде ќе ги измиксирате. Тие потоа вратете ги во тенџерето и измешајте ги со преостанатата чорба. Додајте малку сок од лимон и зачинете по желба.
  4. Послужете.

Пикантна пасирана чорба од леќа

За подготовка на овој рецепт потребни ви се околу 50-60 минути и потребен ви е некаков тип на блендер. Овој рецепт е доволен за 4 лица.

Потребни намирници:

Fibro Gel
  • Маслиново масло
  • 1-2 моркови, исецкани
  • 250g компир, излупен и исецкан
  • 2 парчиња целер, исецкани
  • Малку лут црвен пипер
  • 1-2 чешниња лук, исецкани ситно
  • 3 свежи домати, покрупно исецкани
  • 250g леќа, исплакната
  • 500ml растителен бујон (околу 2 чаши)
  • 4 лажици нискомаслен грчки јогурт (за послужување)
  • Една китка свеж магдонос

Подготовка:

  1. Загрејте маслиново масло во тавче, а потоа додајте ги морковите, целерот и компирите. Константно мешајќи, гответе ги зеленчуците околу 15-ина минути, потоа додајте го лукот и гответе уште 1-2 минути.
  2. Додајте ги и доматите и леќата. Додајте го бујонот и уште 500ml топла вода. Доведете ја смесата до вриење а потоа делумно поклопете ја со капак и гответе 25-30 минути. Оваа чорба може да ја изблендирате како и чорбата од претходниот рецепт. Можете да изблендирате дел од чорбата, а можете и целата чорба да ја изблендирате со рачен блендер. На крајот, зачинете по желба, додајте малку свеж магдонос и сок од лимон.
  3. Послужете со лажица грчки јогурт.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор