fbpx

Зошто СОНЦЕТО нè прави ПОСРЕЌНИ?

tonus

Речиси половина од зимата веќе помина, па така полека се наближуваат потопли и подолги денови. Секако, тоа е нешто што влијае на сечие расположение, па често е пролетта нестрпливо очекувана и посакувана. Но, додека да дојде пролетта, треба да ги искористиме овие потопли и сончеви денови, бидејќи тие може да го подобрат нашето расположение и ментално здравје. 

 

Позитивни ефекти од изложувањето на сонце во зима

Откако ги споменавме можните несакани ефекти, сепак треба да нагласиме дека умерена изложеност на сонце е особено корисна и препорачлива, особено во зимскиот период. Облачното и сиво време може навистина негативно да влијае како на здравјето така и на расположението. Сонцето има интересен ефект во зимскиот период и истото ги мотивира луѓето да направат мала прошетка, да се видат со своите пријатели, да го посетат најблискиот парк и сл. Покрај ваквото позитивно влијание на менталното здравје, сонцето може да даде и други бенефити, како што се:

  • Подобрување и зајакнување на имуниот систем – едно истражување покажало дека изложеноста на сончеви зраци ја зголемува мобилноста и бројот на имуните клетки во организмот. На овој начин се подобрува и зајакнува имуниот одговор на телото кон разни инфекции. Покрај тоа, добро познато е дека сончевите зраци се неопходни за создавање на витаминот Д, кој дополнително го зајакнува и подобрува имунитетот.
  • Подобар квалитет на спиење – циркадниот ритам кој го контролира ритамот на спиење е силно зависен од изложеноста на светлина. Во тој поглед, сончевите зраци може да помогнат да бидеме фокусирани и енергични во текот на денот, а да имаме поголема желба и потреба од сон во ноќните часови. Всушност, преку поголема изложеност на светлина во текот на денот, телото ќе продуцира повеќе мелатонин – хормонот заслужен за чувството на поспаност, во текот на ноќта.
  • Го подобрува расположението – умерена и блага депресија е честа појава во зимскиот период. Но, сонцето докажано делува позитивно на менталното здравје и на расположението, нешто за што ќе зборуваме во продолжение.

 

Влијанието на сонцето врз расположението

Изложеноста на сончева светлина може да има значителна улога во подобрување на расположението и менталното здравје преку различни физиолошки механизми. Имено, сончевата светлина го стимулира производството на серотонин, невротрансмитер поврзан со чувството на благосостојба и среќа. Зголеменото ниво на серотонин промовира и позитивно расположение и емоционална стабилност. Дополнително, изложувањето на сончева светлина влијае на производството на мелатонин, хормон кој ги регулира циклусите на спиење и будење. Соодветната сончева светлина во текот на денот помага да се синхронизира внатрешниот часовник на телото, промовирајќи подобар квалитет на спиење и севкупна ментална благосостојба. Ова е еден од основните принципи на функционирање на циркадниот ритам, а повеќе на таа тема може да прочитате тука.

"“Online”/

Исто така, изложувањето на сончева светлина предизвикува создавање и на витамин Д во кожата, што е од суштинско значење за одржување на оптималната функција на мозокот и регулација на расположението. 

Дефицит на витаминот Д се поврзува со зголемен ризик од депресија и други нарушувања на расположението. Спротивно на тоа, намалената изложеност на сончева светлина, особено во текот на зимските месеци, може да доведе до состојба позната како сезонско афективно нарушувањe, кое се карактеризира со симптоми на депресија, замор и меланхоличност. 

Можеме да воочиме дека изложеноста на сонце во зимските денови може навистина значително да допринесе кон подобрено расположение, но и кон целосно подобрена благосостојба. Нажалост, голем број од зимските денови во нашата држава имаат и високо аерозагадување. Но, прошетките во природа се секогаш добра идеја, а тие може да бидат и одличен начин за некаква физичка активност. 

 

[Поврзано: Како 20 МИНУТИ во природа прават чудо за ЗДРАВЈЕТО?]

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор