fbpx

Како се одразува НЕДОВОЛНОТО СПИЕЊЕ на нивото на ШЕЌЕР?

tonus

Луѓето кои се борат со дијабетот добро знаат дека тој претставува комплексна состојба која влијае на повеќе аспекти од животот. Доброто е што тој, исто така, може да се „нападне“ од повеќе страни – редовна физичка активност, правилна и балансирана исхрана, менаџирање на стресот, користење на суплементи и сл. Покрај овие секојдневни навики и потреби, квалитетот на спиење е исто така важен аспект и доколку истиот е влошен, тоа може негативно да се одрази на покачениот шеќер. Во продолжение ќе зборуваме токму на оваа тема – како недостатокот од сон може негативно да влијае на нивото на шеќер кај дијабетичарите.

 

Зошто е важна т.н „хигиена на спиење“?

Спиењето претставува незаменлива и неопходна потреба на организмот со која истиот се обновува, одмара и репарира. Сонот е клучен за секое ткиво и клетка, за одржување на нормалната функција на метаболизмот, имуниот систем, растот, развојот итн. Без доволно сон, првенствено страда нашиот мозок, со што се намалуваат неговите нормални способности и функционирање. Општите препораки за возрасната популација велат 7-9 часа сон секоја ноќ. Ваквите потреби се различни за помладата популација, каде некогаш се потребни и над 10 часа сон.

Секако, ваквата потреба за сон не секогаш соодвестува со секојдневниот распоред и обврски, па често луѓето спијат помалку од препорачаното. Тоа доведува до нарушени когнитивни функции, како и промени во нивото на енергија, расположение, нарушен имунитет и сл. Дополнително загрижувачки е што луѓето градат еден вид на толеранција кон хроничниот недостаток од сон, па така тие често се залажани дека на тој начин можат да живеат без никаков проблем и последици. Недостатокот од сон науката го поврзува со зголемен ризик за повеќе различни здравствени состојби: покачена телесна тежина, тип 2 дијабет, хипертензија, срцеви заболувања, нарушено ментално здравје, зголемени нивоа на стрес хормони и сл.

"“Online”/

 

Како лошата хигиена на спиење влијае на нивото на шеќер?

Сложената интеракција помеѓу спиењето и дијабетесот вклучува низа на физиолошки процеси, а новите научни докази го нагласуваат длабокото, штетно влијание кое недостатокот од сон може да го има врз метаболичкото здравје, особено во однос на дијабетесот. Имено, недостатокот од сон се смета дека ја нарушува деликатната рамнотежа на хормони кои ја регулираат глукозата,   а тука особено може да ги издвоиме инсулинот и кортизолот. Недоволното и неквалитетно спиење може да допринесе кон влошена инсулинска резистентност, нарушувајќи ја способноста на телото ефикасно да ја користи глукозата, на тој начин директно покачувајќи го нивото на шеќер во крвта. Покрај тоа, ограничувањето на спиењето ја засилува секрецијата на кортизол – стрес хормон поврзан со зголемена глуконеогенеза, што дополнително ја влошува хипергликемијата. 

Несоодветниот сон исто така се поврзува со нарушувања на циркадниот ритам, поврзан со циклусот на будење и спиење, но и на многу други физиолошки процеси. Ова дополнително може да ја влоши рамнотежата на хормони и да го зголеми нивото на шеќер. Ваквото нарушување на циркадниот ритам исто така се асоцира и со дисбаланс во хормоните кои го регулираат апетитот, што доведува до зголемена желба за висококалорична храна, богата со јаглехидрати, масти и сол.

[Поврзано: Дали спиењето може да го направи СЛАБЕЕЊЕТО полесно?

Дополнително,  хроничниот недостаток од сон придонесува и за системско ,, хронично воспаление и оксидативен стрес, поттикнувајќи „про-дијабетична“ средина. Воспалението е добро познат ризик фактор за дијабет, а истото влијае на функцијата и нивото на разни хормони. Со други зборови, може да заклучиме дека спиењето влијае преку повеќе разни начини на успешното менаџирање на нивото на шеќер. Неговите ефекти се бројни, а тоа секако ја нагласува важноста од одржување на здрави навики на спиење.

[Поврзано: Како да го подобрите сонот?]

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор