fbpx

Кога во текот на денот треба да го испиеме последното КАФЕ?

tonus

Кафето е особено популарен пијалак кој се пие ширум светот. Но, добро знаеме дека тој поседува кофеин, состојката која навидум нè расонува, буди и ни дава енергија. Секако, кофеинот може да влијае и негативно и да го наруши квалитетот на спиење и да го отежни заспивањето. Поради тоа, во продолжение ќе зборуваме за оптималното време на пиење кафе и колку е потребно за истото да не влијае на заспивањето.

 

Кафето е препорачливо, но во умерени количини

Кафето како што споменавме е еден од најпопуларните пијалаци во светот. Тоа се подготвува од печените зрна на растенијата од родот Coffea. Истото нуди низа на здравствени придобивки, дел од кои се:

  • Намалување на ризикот од дијабет тип 2
  • Намалување на ризикот од појава на Алцхајмерова болест, Паркинсова болест и деменција
  • Намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања
  • Не содржи воопшто калории (поради отсуството на макро нутриентите), а сепак содржи одредени витамини како витамините B2,B3,B5 како и минералите манган и магнезиум
  • Го забрзува метаболизмот
  • Може да има превентивна улога во поглед на одредени типови канцер

Сепак, важно е кафето да се консумира умерено, па се препорачува од 2 до 5 шолји кафе на ден (секако во зависност од нивната големина).

"“Online”/

Бидејќи различни типови кафе содржат и различно количество кофеин, важно е да се внимава на внесот на кофеин во текот на денот. Инаку, кофеинот претставува природен стимулант кој најчесто се среќава во зрната кафе, во чајот и во какаото. Неговото главно дејство е на делови од мозокот и централниот нервен систем каде го спречува врзувањето на аденозинот. Аденозинот инаку, претставува невротрансмитер кој е заслужен за чувството на замор. Со текот на денот, нивото на аденозин се зголемува, со што чувствуваме и поголем умор и потреба од сон. Кофеинот е молекула која се врзува со рецепторите кои инаку би требало да се поврзат со аденозинот. Притоа, кофеинот не ги активира ваквите рецептори, па на тој начин аденозинот моментално не може да се поврзе за нив и ние добиваме чувство на зголемена енергичност.

Сепак, прекумерниот внес на кофеин може да предизвика надразливост, анксиозност, нервоза, несоница, забрзан пулс, проблеми со дигестијата, покачен крвен притисок, замор и сл.

 

Кога треба да ни биде последното кафе?

Пиењето кафе навечер може да го наруши режимот на спиење и негативно да влијае на севкупниот квалитет на сонот поради содржината на кофеин. Како што споменавме, кофеинот може да ги попречи рецепторите на аденозин, со што го намалува природното чувство на заспаност и умор. Кога се консумира пред спиење, кофеинот може да го одложи почетокот на спиењето, да го намали вкупното време на спиење и да го фрагментира сонот со зголемување на бројот на будења во текот на ноќта.

Истражувањата покажуваат дека консумирањето кафе или напиток со кофеин дури и шест часа пред спиење може значително да го наруши квалитетот и квантитетот на сонот. Бидејќи на телото му се потребни околу 5-6 часа за да го преработи кофеинот, тој може да остане во системот дури и долго по конзумирањето, што дополнително ги продолжува неговите ефекти кои го нарушуваат сонот. Хроничните нарушувања на спиењето предизвикани од редовното консумирање кафе пред заспивање може да доведат до дневна поспаност, нарушени когнитивни функции и зголемен ризик од разни здравствени проблеми, вклучувајќи кардиоваскуларни заболувања и метаболички нарушувања. Затоа, препорачливо е да избегнувате консумирање на пијалаци со кофеин, како што е кафето, барем 6-7 часа пред заспивање со цел да сте сигурни дека истото нема да го наруши квалитетот на сонот.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор