fbpx

КАФЕТО може да делува и обратно – може да го ЗГОЛЕМИ ЗАМОРОТ!

tonus

Заморот и недостатокот од сон се честа појава на денешницата. Поради разни обврски, најчесто работни, луѓето го жртвуваат сонот и одморот, а тоа се рефлектира врз нивното здравје, енергичност и расположение. Еден популарен начин за справување со ваквиот замор е секако кафето, кое е всушност најконсумираниот пијалак ширум светот, веднаш по чајот. Постои јасен и проучен механизам преку кој кафето делува врз нивото на енергија, но некои истражувања покажуваат и дека истото го маскира заморот и недостатокот од сон. Денес, ќе зборуваме токму за ова – во кој случај кафето може да го намали нивото на енергија и всушност да ве направи поуморни.

 

Кафето е здраво, но во умерени количини

Кафето како што споменавме е еден од најпопуларните пијалаци во светот. Тоа се подготвува од печените зрна на растенијата од родот Coffea. Истото нуди низа на здравствени придобивки, дел од кои се:

  • Намалување на ризикот од дијабет тип 2
  • Намалување на ризикот од појава на Алцхајмерова болест, Паркинсова болест и деменција
  • Намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања
  • Не содржи воопшто калории (поради отсуството на макро нутриентите), а сепак содржи одредени витамини како витамините B2,B3,B5 како и минералите манган и магнезиум
  • Го забрзува метаболизмот
  • Може да има превентивна улога во поглед на одредени типови канцер

Сепак, важно е кафето да се консумира умерено, па се препорачува од 2 до 5 шолји кафе на ден (секако во зависност од нивната големина).

"“Online”/

Бидејќи различни типови кафе содржат и различно количество кофеин, важно е да се внимава на внесот на кофеин во текот на денот. Инаку, кофеинот претставува природен стимулант кој најчесто се среќава во зрната кафе, во чајот и во какаото. Неговото главно дејство е на делови од мозокот и централниот нервен систем каде го спречува врзувањето на аденозинот. Аденозинот инаку, претставува невротрансмитер кој е заслужен за чувството на замор. Со текот на денот, нивото на аденозин се зголемува, со што чувствуваме и поголем умор и потреба од сон. Кофеинот е молекула која се врзува со рецепторите кои инаку би требало да се поврзат со аденозинот. Притоа, кофеинот не ги активира ваквите рецептори, па на тој начин аденозинот моментално не може да се поврзе за нив и ние добиваме чувство на зголемена енергичност.

Сепак, прекумерниот внес на кофеин може да предизвика надразливост, анксиозност, нервоза, несоница, забрзан пулс, проблеми со дигестијата, покачен крвен притисок, замор и сл.

 

Може ли кафето да делува обратно – да го зголеми заморот?

Првиот и главен проблем е што луѓето го користат кафето како начин за компензирање за недостатокот од сон. Но, во реалноста, кафето само ги „маскира“ ефектите од недоволен сон, а по некое време тие повторно ќе ги почувствуваме, можеби и посилни од претходно. Пиењето на повеќе кафиња исто така може да го наруши наредното спиење, со што додатно се влошува циклусот, а ние се чувствуваме уште поуморни. Поради тоа, се препорачува дури и кога сме екстремно уморни, да консумираме умерена, вообичаена количина на кафе.

Друг интересен момент е што повеќето од луѓето кои редовно консумираат кафе, со текот на времето развиваат своевидна „толеранција“ или „резистентност“ кон ефектите кои кафето би требало да ги има. Тоа би значело дека на почетокот една шолја кафе ве раздвижувала, расонувала и ви давала енергија, а со годините таа шолја кафе речиси нема никаков ефект врз вашето ниво на енергија. Поради тоа, често луѓето пијат премногу кафе, а тоа може негативно да делува на повеќе аспекти од здравјето – влошена работа на срцето, намален квалитет на спиење, зголемен ризик од анксиозност и надразливост итн.

Веќе го споменавме аденозинот и „блокирачкиот“ ефект на кафето кон оваа молекула. Но, некои истражувања покажуваат дека организмот може да „компензира“ за ваквиот ефект на кафето, со што ја зголемува сензитивноста кон аденозин. Откако ефектот на кафето ќе избледее, чувствата на поспаност и безенергичност се уште посилни.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор