fbpx

Како да подготвите ЗДРАВ ЛАХМАЏУН во домашни услови?

tonus

Веројатно досега сте слушнале за лахмаџун. Станува збор за едно од најпознатите турски, медитерански специјалитети. Всушност, може да се каже дека ова е турската верзија на пицата.

Aко сте пробале лахмаџун, веројатно повторно би пробале, а ако досега немате пробано, во продолжение ви даваме рецепт за самите да си го подготвите во домашни услови!

Лахмаџун  

Потребни состојки:

"“Online”/

за тестото:

        15g сув квасец

        15g кафен шеќер

        3-4 големи лажици ладно цедено маслиново масло

        ½ чаша млеко

        1 лажичка пециво

        1 чаша топла вода

        Малку сол

        3 ½ чаши брашно (интегрално по избор)

додатоци:

        Малку ладно цедено маслиново масло

        1 средна главица црвен кромид, ситно исечкана

        2 чешниња лук, ситно исецкани

        150g говедско месо

        1 домат со средна големина, на помали коцкички

        2 зелени/црвени пиперки, исечкани на кругчиња

        ½ чашка пињоли или други јаткасти плодови

        Сол и бибер

        2 големи лажици јогурт

        2 лажици тахини сос

        Зачини по вкус (медитерански)

        1 лажичка цимет

        Концентрат од калинки

        малку магдонос

Начин на подготовка

  1. Комбинирајте ги квасецот, шеќерот, маслиновото масло и топлото млеко во еден подлабок сад. Оставете го садот настрана 10-тина минути.
  2. Истурете го брашното во еден поголем, подлабок сад. Додајте ги пецивото, топлата вода и посолете. Промешајте го брашното со мешавината од претходно и направете го тестото. Оставете го тестото да отстои 30 минути.
  3. Ставете ја рерната да се загрева на 180 степени.
  4. На една рамна тава, додајте малку од маслиновото и пропржете ги кромидот, лукот, додавајќи ги доматите и пиперките на крајот.
  5. Додајте ги и јатките, биберот заедно со зачините. Гответе уште околу 15-тина минути на пониска температура. На крајот додајте ги јогуртот, сокот од калинки и тахини сосот. Добро промешајте и намалете ја топлината.
  6. Измесете го тестото во една поголема пица или повеќе помали пици. Додајте го месото и печете 20-тина минути на споменатата температура.

– Овој рецепт прави околу 7 порции.

Нутритивна вредност на 1 порција:

КалорииЈаглехидрати [g]Протеини [g]Масти [g]
470 50g (3g фибер)36g4g

Овој оброк е особено богат со следните микронутриенти: витамини од Б групата, витамините А и Ц,  потоа калциум, железо, калиум, натриум.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор