fbpx

ПРЕКУМЕРНА телесна тежина – сериозен ризик фактор за ХИПЕРТЕНЗИЈА!

tonus

Прекумерната тежина е тема за која често зборуваме на нашиот блог, бидејќи сметаме дека истата претставува значителен ризик и проблем во јавното здравје. Таа е сè позастапена, а нажалост е присутна кај сите возрасни групи, дури и кај најмладите. Постојат повеќе различни причини за ваквиот тренд, дел за кои веќе имаме зборувано во некои претходни статии. Денес, ќе зборуваме малку повеќе за прекумерната телесна тежина и нејзиното влијание врз крвниот притисок.

Покачената тежина – една од најчестите здравствени состојби на денешницата

Прекумерната тежина е дефинирана како состојба кога телото има абнормални, односно прекумерни резерви и наслаги од масти. BMI (Body mass index) е еден начин на кој лесно може да се провери нашата моментална состојба во поглед на телесната тежина. Секако, поради својата едноставност, ваквиот метод е доста општ и не секогаш целосно прецизен и објективен.

Во светски рамки, САД е на првото место како држава со најголема гојазност. Но, се проценува дека во периодот од 1975 па до денес, на глобално ниво, прекумерната тежина кај популацијата е за три пати позастапена. Таа исто така претставува најпревентабилна причина за предвремена смртност. Истата е поврзана и со бројни други заболувања, како што се: дијабет, кардиоваскуларни заболувања, мозочен удар и др.

"“Online”/

Во 2016 година, повеќе од 1,9 милијарди возрасни луѓе (над 18 години) ширум светот, имале прекумерна тежина.

Загрижувачки е што ваквиот пораст е забележан и кај децата и тинејџерите. Едно истражување покажало дека гојазноста кај оваа група е зголема за 10 пати од 1975 година до денес. Во 2016 бројот на деца и тинејџери со прекумерна тежина бил 124 милиони, наспроти 11 милиони во 1975.

Зошто доаѓа до прекумерно покачување на телесната тежина?

Главната, фундаментална причина поради која луѓето имаат вишок килограми, е дисбалансот помеѓу внесените и потрошените калории. Со други зборови, јадеме повеќе отколку што имаме потреба. Овој проблем е дополнително влошен кога е зачестена консумацијата на храна богата со масти и шеќери и кога не постои доволна физичка активност.

Ваквиот дисбаланс во нашата исхрана и физичка активност често е предизвикан и е под влијание од обврските, секојдневието, навиките и сл. Недоволното влијание и ангажирање на здравствениот систем во овој поглед, исто така може да се вброи како негативен фактор. Покачувањето на телесната тежина може да се јави и поради други здравствени состојби, генетика, но кај поголем дел од популацијата начинот на живот е воглавно виновен за вишокот килограми.

Дополнително, комерцијалната храна во изминатите децении има претрпено значајни промени, па најчесто најевтините, најдостапни намирници се оние кои се и најпроблематични. Ваквата процесирана храна содржи многу малку нутриенти, а е извор на огромно количество на додадени шеќери, масти, сол и калории.

Покрај храната, се смета дека нивото на физичка активност, во светски рамки, е значително намалено. Помалку време имаме за себе бидејќи повеќе време патуваме до работното место, повеќе време сме во седечка позиција и сл. Исто така, напредокот на технологијата има делумен придонес и до намалена физичка активност кај децата и тинејџерите.

Како дебелината влијае врз покачување на крвниот притисок?

Важно е да напоменеме дека прекумерната тежина не е само „естетски проблем“, туку е сериозен здравствен проблем кој често се игнорира и потценува. Таа го зголемува значително ризикот за појава на дијабет тип 2, кардиоваскуларни заболувања, покачени нивоа на триглицериди и холестерол, неплодност, зголемен ризик за рак и нешто за што ќе зборуваме малку повеќе во продолжение – хипертензија.

Поврзаноста меѓу покачениот крвен притисок и телесната тежина е добро позната на науката, но точниот механизам за ваквото дејство сè уште се проучува. Се смета дека ефектите на покачената тежина врз: нервниот систем, количеството на масни наслаги, дисбаланс во нивото на натриум, како и низа на други ефекти – се заслужни за покачување на притисокот. Дополнително, покачената тежина се смета дека со текот на времето доведува до хипертензија која хронично е присутна, односно притисок со вредност повисока од 140/90 mmHg. Не секогаш лицата со покачена тежина имаат проблеми со притисокот, но едноставно ризикот се зголемува значително. Покачената тежина може да го зголеми и ризикот за артериосклероза – состојба која доведува до стврднување и стеснување на крвните садови, а со тоа и го покачува притисокот.

Голем број студии покажуваат дека здравата телесна тежина е ефективна и важна алатка за превенција на покачениот крвен притисок и дека со намалување на тежината речиси секогаш доаѓа до пад на притисокот. Исто така, колку подолго е присутна покачената тежина, толку повеќе се зголемува ризикот за хипертензија и истиот продолжува да се влошува, особено со складирање на вишок масни наслаги.

Имено, ваквите масни наслаги создаваат хормон наречен лептин – или т.н хормон на ситост. Овој хормон испраќа сигнали до хипоталамусот во мозокот, а понови истражувања покажуваат дека зголемените нивоа на лептин влијаат врз здравјето на крвните садови и може да предизвикаат хипертензија.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор