fbpx

3 НАЧИНИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА СТОМАКОТ

tonus

Медицински го нарекуваме абдомeнално илии висцерално масно ткиво. Народски кажано – голем стомак. Станува збор за масното ткиво кое се насобира  не само во пределот на половината поткожно, туку и подлабоко, помеѓу самите органи во внатрешноста на абдоменот. Најмалиот проблем е што лошо изгледа. Сериозниот проблем е што тоа масно ткиво ги нарушува метаболиските процеси во нашите тела и води кон болести. Има едноставни работи кои можеме да ги правиме и  истите на среден рок, за време неколку недели до месеци, ќе доведат до намалување на стомакот.  

  1. Исфрлете ги засладените пијалоци

Засладените пијалоци се главен извор на шеќерите кај оние кои ги пијат редовно. Овој проблем е особено нагласен кај децата. Секој додаден шеќер, не само тој во газираните пијалоци, води кон обременување на метаболизмот и создавање на  абдоменално масно ткиво. Предупредувањето се однесува кон рафинираните шеќери, не и кон здравите шеќери кои потекнуваат од овошјето. Да не се јаде овошје со цел да не се внесуваат шеќери е исто како да престанеме да дишеме за да не внесуваме CO2. Ако не дишеме ќе останеме без CO2, но и без кислород.  

  1. Внесувајте здрави протеини

Од страв за евентуален недоволен внес на протеини – многумина се одлучуваат за почеста употреба на месо. Тоа е грешка, особено ако станува збор за честа употреба на црвено месо. Според препораките на Харвард за здрави оброци, препораките за здрави протеини гласат: „одберете риба, пилешко, мешунки и јаткасти плодови; ограничете ја употребата на црвено месо и сирења; избегнувајте преработени меса.” За среќа, постојат многу здрави растителни извори на протеини кои не ги зголемуваат ризиците за ниту една болест и нема препораки за ограничување. Гравот, леќата, грашокот, семињата и јатките, киноата – сите се одлични извори на здрави протеини.  

"“Online”/
  1. Бидете физички активни секојдневно

Вежби за стомачни мускули не го намалуваат стомачното масно ткиво, иако се разбира дека ги зајакнуваат мускулите. Но, ако сакаме да го намалиме масното ткиво во абдоменот – потребни се вежби од типот на пешачење, трчање, пливање. Тоа се вежби кои подолготрајно го активираат организмот и придонесуваат за забрзано трошење на калории. Покрај придобивката за намалување на стомакот, вежбањето ќе му помогне на вашето тело на многу повеќе начини, дури и на менталното здравје!   Значи, да заклучиме: ако сте решиле да го намалете малку стомакот , тогаш: 1) помалку додадени шеќери во денот, 2) повеќе здрави протеини и 3) секојдневна физичка активност. На третата недела очекувајте ги резултатите.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор