fbpx

Силна поврзаност меѓу СТЕРИЛИТЕТОТ и НЕЗДРАВИТЕ НАВИКИ!

tonus

Според достапните статистики, како што одминува времето се’ поголем е бројот на парови што имаат проблем да добијат потомство. Причините кои стојат зад ваквите податоци се многубројни и голем дел од нив се’ уште не ни се ниту познати. Во продолжение, што знаеме во однос на причинителите и врз база на тоа, како би можеле да си помогнеме.

Причинители кај жените

Број еден причинител за стерилитет кај жените е непроодноста на каналите (јајцеводите). Но, оваа состојба често се јавува како последица на одредени инфекции или после вадење на слепото црево (или други хируршки зафати проследени со инфекции). На ова тешко можеме да влијаеме преку животниот стил. 

За разлика од првиот фактор, кај вториот најзначаен работата е помалку или повеќе ,,во наши раце”. Зборуваме за хормонскиот дисбаланс, односно главно присуство на состојба поврзана со полицистичните јајници. Во вакви ситуации имаме зголемена телесна тежина, нередовен циклус и создавање фоликули кои во себе не нужно содржат јајце клетки што се ,,зрели” за оплодување. Најголеми главоболки на лекарите им претставува т.н. Анти-Милеров хормон, бидејќи тој се троши и тоа со темпо во зависност од индивидуата. Без да се измери динамиката на овој хормон, за жал не може да се гарантира можност за оплодување дури и кај помладите жени. Всушност тој претставува ниво кое ни покажува каде е биолошкиот часовник на жената.

"“Online”/

[Поврзано: ЕДНОСТАВЕН тест за хормонски дисбаланс кој можете самите да си направите!]

Многу е важно да се знае дека со нашиот начин на живеење, можеме многу да направиме за хормоните да се вратат во својот природен баланс. Пред се’ тоа ќе го постигнеме ако практикуваме здрав начин на исхрана, ако ја намалиме телесната тежина, избегнуваме алкохол, цигари и кофеин, имаме добро ниво на витамин Д и ако има состојба полицистични јајници, соодветно да ја третираме со соодветни промени во животниот стил.

[Поврзано: Што препорачува Д-р Митов за проблемот со полицистичните јајници]

[Поврзано: Хиперинсулинемија – Силно предупредување за нужност од промени во навиките!]

Причинители кај мажите

Кај мажите најголемите проблеми се нездравата исхрана и седечкиот начин на живеење. Други важни негативни фактори се прекумерно консумирање на алкохол и пушењето. Првото прашање што лекарите го поставуваат при анализа на спермокултурата кога ќе забележат неправилна градба на сперматозоидите е дали пациентот е пушач. Статистиката покажува дека пушачите имаат значително нарушена градба и функционалност кај сперматозоидите. Причината за тоа е влијанието на штетните материи од цигарите врз хормонскиот баланс кај мажите, нешто што директно се одразува на процесот на создавање на сперматозодите – сперматогенезата. Искуствата покажуваат дека само после неколку месеци од оставањето на цигарите, промените се силно евидентни во оваа смисла. Нездравите животни навики во нивната целина, особено негативно се одразуваат на машкиот хормон тестостерон. Неговите намалени нивоа ја намалуваат веројатноста за оплодување.

[Поврзано: Зошто СЕДЕЧКИОТ начин на живот прераснува во сериозен ПРОБЛЕМ и ризик по ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ?]

Важноста на физичката активност за фертилитетот

Физичката активност е особено важна и кај мажите и кај жените. Прво заради тоа што редовната активност превенира гојазност, силен фактор за фертилитетот. И кај мажите и кај жените, обезноста ја намалува успешноста и на ин-витро оплодувањата. Вишокот масно ткиво е хормонски активно и создава одредени хормони што влијаат особено негативно на споменатиот процес на сперматогенеза.

Второ, седењето е особено негативно за сперматозоидите. Затоа искуствата покажуваат дека луѓето со одредени професии што се поврзуваат со долго седење, имаат многу полоши резултати на спермиограмите. При долготрајното седење, доаѓа до значитечно зголемување на температурата на тестисите, а со тоа и на сперматозоидите. Ваквите услови многу негативно се одразуваат на создавањето квалитетни сперматозоиди.

Важноста на здравата исхрана за фертилитетот

Според сето претходно кажано, лесно можеме да увидиме колку е важна исхраната кога се обидуваме да добиеме потомство (секако и за време на бременоста). Прво, здравата исхрана условува и здрава телесна тежина, хормонски баланс и на крајот обезбедува и се’ што е потребно за плодот. Таа ги обезбедува неопходните витамини, ензими и коензими што се поврзани во различните процеси поврзани со репродукцијата и кај мажот и кај жената.

Повеќе на оваа тема, дознајте од следното видео: Зголемена телесна тежина и фертилност

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор