fbpx

7 ХОРМОНИ КОИ ГО ОТЕЖНУВААТ СЛАБЕЕЊЕТО

tonus

Многу често слабеењето не е проста математика на внес на калории, туку има и подлабоки причини зошто телесната тежина се зголемува, или пак не се намалува. Во тие случаи хормоните може да се покажат како клучни за темпото на слабеење и може да имаат многу силно влијание. Следниве хормони се особено значајни: 1. Инсулин Ова е хормонот кој се лачи во панкреасот и е клучен за одржување на нивото на шеќер во крвта. Но, доколку консумирате премногу обработена храна и имате нездрави оброци, тогаш во телото ќе порасне отпорот кон инсулин и тоа ќе доведе до повисоки нивоа на инсулин. Високото ниво на инсулин ќе ја зголеми потребата од храна и ќе предизвика нагласен глад за благо. Така започнува еден магичен круг кој води кон се’ поголемо консумирање храна и зголемена телесна тежина. Затоа, кај овие случаи мора прво да се влијае на самиот процес на отпорност кон инсулин. 2. Лептин Лептин е хормонот кој му укажува на тоа дека веќе сте најадени. Отпорноста кон инсулин ги зголемува и вредностите на лептинот, но наместо намалено чувство на ситост – доаѓа до отпорност и кон лептинот. Како резултат мозокот ја губи способноста да одреди кога сте најадени, и иако сте најадени може да продолжи да ве стимулира да земате уште повеќе храна! 3. Грелин Уште познат како хормон на гладот и го стимулира таложењето на мастите. Вредностите на грелин силно растат кај луѓе кои се на диети, водат кон прекин на строгите режими и потоа забрзано депонирање на масти. 4. Тироидни хормони Една од најчестите причини за брзо покачување на телесна тежина се нарушувањата на тироидните хормони. Дополнително, цела лепеза на непријатни симптоми ја зголемуваат летаргичноста и ниското ниво на енергија кај пациентот, па преку неактивноста водат кон уште поголемо покачување на телесната тежина. 5. Тестостерон Во основа машки хормон, но го има и во женското тело. Игра значајна улога во согорувањето на мастите и градбата на мускулите и коските. Редовната физичка активност е одличен начин за умерено покачување на нивото на тестостерон, се разбира, не во патолошки граници. 6. Кортизол Еве го хормонот кој го поврзува стресот со нагласената потреба од храна! При хроничен стрес неговите нивоа значително се креваат и предизвикува потреба од внес на благи нешта. Уште една значајна замка е ако сте на некоја диета која ви причинува значителен стрес – кортизолот уште повеќе ќе ви ја зголеми потребата во храна и ќе се вртите во круг! 7. Естроген Сигурно сте чуле некој да ви се пожали – Штом почна менопаузата – килограмите се зголемија! Тоа е естрогенот, или поточно намалените нивоа на естроген. Ниското ниво на естроген особено придонесува за ставање масни наслаги околу стомакот. Покачената телесна тежина некогаш е многу покомплексна медицинска состојба одошто навидум може да изгледа, и не е се’ до количината на храна која се внесува, или калориите.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор