fbpx

Уште еднаш потврдено – Процесираната храна поврзана со зголемен ризик од КАНЦЕР! За која храна станува збор?

tonus

Неколку нови, пообемни истражувања ни откриваат (или подобро кажано уште еднаш ни потврдуваат) дека одредени чести адитиви на храната – нитрати и нитрити, синтетски засладувачи (особено аспартам и ацесуфам-К (калиум), како и трансмастите во храната се поврзани со зголемен ризик од канцер.

[Поврзано: 5 едноставни промени за намален ризик од канцер!]

Овие информации се резултат на истражувања главно од Франција, спроведени на големи групи испитаници (некои над 100, други над 150 илјади). Едно од нив започнува во 2009, а е заокружено месецов и заедно со останатите податоци презентирано на симпозумот за рак на дојка во Сан Антонио, САД.

Aвторите на истражувањето нагласуваат дека иако сè уште не може со доволна сигурност да се каже дека постојат директни, цврсти докази за поврзаноста помеѓу споменатите адитиви и зголемениот ризик од канцер, сепак нивните добиени податоци претставуваат силен индикатор за такво нешто.

"“Online”/

[Поврзано: 10 најчести адитиви присутни во секојдневните намирници]

Нитрати и нитрити

Овие адитиви се најкористени во месната индустрија со цел продолжување на рокот, односно избегнување на бактериски расипувања и подобар изглед на месото. Д-р Елуа Шезал од одделот за нутриционизам и епидемиологија на познатиот Универзитет Сорбона од Франција, подетално ја истражувал консумацијата на нитрити и нитрати преку 24-часовно следење на исхраната на волонтерите.

Еден од главните заклучоци му била поврзаноста на изложеноста на овие адитиви со зголемениот ризикот од канцер.

[Поврзано: Помага ли исхраната кај канцер?]

Посебен ризик за канцер на дојка и простата

Во текот на следењето, кај испитаниците се појавиле 966 случаи на рак на дојка и 400 случаи на рак на простата. Вкупниот број малигни заболувања бил нешто над 3300.

Ризикот од канцер на дојка бил зголемен помеѓу оние што биле поизложени на нитрати (особено на калиум нитрат). Зголемен ризик од канцер на простата бил утврден исто така и кај лицата што консумирале повеќе храна со нитрати, особено натриум нитрати. 

Важно е да се спомене дека вакава поврзаност не била утврдена кај нитратите од природно потекло. Значи, ова важи само за процесираната храна со овие компоненти.

Д-р Шезал потенцира дека оваа е далеку од единствената студија со вакви податоци. Всушност, според него нивното истражување претставува уште еден аргумент плус на страната на оние што се за забранување на нитратите и нитритите во прехранбената индустрија.

[Поврзано: ПРОСТАТА – што треба да знаете за ПСА тестот?

Вештачки или синтетски засладувачи

Вештачките засладувачи најчесто се употребуваат во т.н. ,,диетални продукти” за да ја зголемат слаткоста, без да се зголеми количината шеќери, а со тоа и калориската вредност. Поради овие причини, користењето на ваквите продукти може да помогне кај лицата со дијабет, а општо може да доведе до намалување на телесната тежина.

Токму заради овие причини ваквите продукти се се’ попопуларни во прехранбената индустрија. Најчесто користени засладувачи се аспартамот, сахаринот и сукралозата.

Но, некои истражувања даваат податоци според кои овие засладувачи можеби прават повеќе штета, отколку што ни даваат корист.

Така, едно друго истражување презентирано на симпозиумот во Сан Антонио, исто така од Франција (на над 100 илјади волонтери), ја испитувало врската помеѓу вештачките засладувачи, односно нивниот внес во организмот преку исхраната и ризикот од рак во целина, како и ризикот од рак на простата, дојки и канцерите поврзани со вишокот телесна тежина. Истражувани и евалуирани биле најчесто употребуваните засладувачи кои ги наведовме погоре.

[Поврзано: Ризик фактори за развој на рак кои ќе ве изненадат!]

Целокупниот ризик од малигни заболувања кај луѓето што консумирале поголеми количества храна со вештачки засладувачи, бил значително зголемен. Утврдено било дека ова особено важи за аспартамот и ацесулфам-К. 

Особено значително биле зголемени ризиците од развој на канцер на простатата и дојката, но и малигните болести поврзани со обезноста.

[Поврзано: Што точно му прават ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ на вашето тело? Од глава до петици]

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор