fbpx

Зошто настанува анемијата и зошто е толку честа?

tonus

Се смета дека дефицитот на железо во крвта е еден од најчестите недостатоци на нутриенти во светот. Ваквиот загрижувачки податок важи и за државите со повисоки приходи и за оние со пониски. Проценките се дека околу 20-25% од светската популација се соочува со овој проблем. Состојбата на недостаток од железо во крвта е наречена анемија.

Таа е застапена особено кај жените, а постојат повеќе причини за ова. Во денешната статија ќе објасниме што претставува анемијата поврзана со дефицит на железо, зошто е почеста кај жените и како да се спречи нејзината појава.

 

Што претставува анемијата?

 

Анемијата е состојба при која телото нема доволно здрави црвени крвна зрнца (еритроцити) или нема доволно хемоглобин. Постојат повеќе видови на анемија, секоја со различен причинител за појава. Денес ќе се задржиме на анемијата поврзана со дефицит на железото. Ова е изненадувачки честа појава во светот.

"“Online”/

 

Без доволно железо, телото не може да ги создаде потребните нивоа на хемоглобин – составен дел на еритроцитите. Хемоглобинот е соединението кое ја дава карактеристичната црвена боја на крвта.

 

Првите симптоми за анемија се умор, блед тен, изнемоштеност и губење на здивот. Останатите симптоми се: болки во градите, забрзано срцебиење, главоболки, вртоглавици, ладни дланки и стапала, кршливи нокти, намален апетит (особено кај новороденчиња и деца)

 

Зошто доаѓа до појавата на анемија?

 

Споменавме дека до овој тип на анемија доаѓа поради недостиг од железо. Но, зошто постои ваквиот недостиг кога железото е присутно во разни намирници?

 

Една од причините е секако лошата исхрана. Практикувањето еднолика, нездрава исхрана може да доведе до појава на анемија. Како храна богата со железо се сметаат: темно зелениот, лиснат зеленчук, јајцата, рибата, јаткастите плодови, месото и др.

Но, покрај неправилната исхрана причинители за анемија може да се и некои други фактори.

  • Лоша апсорпција на железото

Железото се апсорбира во тенкото црево, но поради некои заболувања, кај некои луѓе ваквата способност за апсорпција е намалена. Ова значи дека и покрај внесот на железо преку исхраната, телото едноставно не го апсорбира.

  • Бременост

Без внес на храна богата со желото, па и суплементи, појавата на анемија е честа кај бремените жени. Ова е поради зголеменото количество потребна крв, а со тоа и  самата потреба од железо за мајката и нејзиниот плод е значително зголемена.

  • Крварење

Логично е дека преку крварењето губиме и дел од железото. Бавно и хронично губење на крв, особено внатрешно крварење (полипи на дебелото црево, чиреви и сл.) може да доведе до дефицит од железо. Исто така, жените со крварењето преку ментструалниот циклус, имаат зголемен ризик од појава на анемија. Во продолжение ќе видиме зошто е токму анемијата позастапена кај жените.

 

Жените и анемијата

 

Жените и девојките се особено подложни на дефицит од железо. Како што веќе споменавме менструалниот циклус доведува до крварење, а тоа е еден од факторите што можат да допринесат за појава на анемија. Со циклусите што  имаат пообилно и подолго крварење, ризикот е додатно зголемен. Телото за време на циклусот има зголемена потреба од железо, бидејќи се создаваат постојано нови количини на крв. Со недоволен внес на железо преку исхраната или преку суплементи, се ризикува појава на хронична анемија.

 

Друга причина поради која жените имаат поголем ризик за анемија е бременоста. За време на бременоста жените имаат зголемена потреба од железо поради создавањето на дополнителни количества крв. Се смета дека кај бремените жени ваквото дополнително количество е од 20-30%. Блага анемичност е нормална појава за време на бременоста, но посериозна анемија може да ги стави во ризик мајката и нејзиниот плод. Покрај ова, доколку анемијата е сериозна во првите 6 месеци, ризикот за предвремено породување е зголемен. Исто така, зголемен е и ризикот за раѓање на бебе со мала телесна тежина, како и на комппликации кои можат да го загрозат здравјето на мајката.

 

Ризик фактори за појава на изразена анемија кај бремени жени се:

 

  • Повеќе бремености или 2 бремености близу една до друга
  • Често повраќање поради утринските мачнини
  • Бременост во тинејџерските години
  • Недоволен внес на железо со исхраната
  • Анемија пред бременоста

 

 

Како да се спречи појавата на анемија?

 

Без разлика дали се работи за анемија кај жените или кај мажите, таа претставува сериозна состојба и најдобро е воопшто да не дојде до појава на истата. Ова најлесно може да се постигне со избалансирана, разновидна исхрана. Како што веќе напоменавме храна богата со железо е:

 

  • Риба
  • Темно зелените зеленчуци – спанаќ, брокула, кељ
  • Житарките, а особено оние кои содржат додадено железо
  • Мешунките
  • Јаткастите плодови и семиња
  • Јајцата

 

[Поврзано: Кои се најдобрите извори на железо во исхраната?]

 

Дополнително, преку внес на храна богата со витаминот Ц, ја помагаме апспропцијата на железото во телото. Препорачливо е внес на ваквата храна (портокал, цитрусни овошја, домати, киви) по оброк кој содржел железо.

 

Доколку со исхрана не може да се задоволат зголемените потреби од железо, постојат разни суплементи што можат да помогнат. Нивната употреба треба секако да биде дискутирана и одобрена од вашиот лекар.

 

Во држави каде дефицитот од железо е сериозно застапен, ваквите суплементи се даваат на сите бремени жени. Сепак, постои разлика при дозирањето и потребата од железо кај трудниците и жените кои имаат менструален циклус. Ова е важно бидејќи нивните потреби за железо се различни, а со самото тоа и внесот на железо и неговата доза ќе имаат различни ефекти.

Преку редовни контроли на крвта и нивото на железо во неа и преку добра исхрана која доколку е потребно ќе вклучува и суплементи, може да се контролира и спречи ваквата состојба.

 

Важна напомена: никогаш немојте да земате суплементи на своја рака!

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор